ЕЛЕМ: Со контролиран испуст се балансираат нивоата на Охридското Езеро и на Црн Дрим

Хидроелектраните Шпилје и Глобочица, работат со речиси максимален капацитет веќе два месеца, со цел зголемен контролиран испуст на вода од Охридското Езеро во Црн Дрим и нејзино прифаќање во електраните, да се одржува нивото на езерото, но во исто време да се одржува нивото и на реката и да се превенира прелевање на речното корито, информира АД ЕЛЕМ.
Оттаму порачуваат дека се преземаат сите мерки за забавување на растот на нивото на езерото и за одржување на нивото на реката и тие се балансираат со контролиран испуст на вода од езерото.

- Стручните лица од АД ЕЛЕМ и од ХЕС Црн Дрим непрекинато ја следат на терен состојбата со нивото на Охридското Езеро и преземаат мерки за одржување на котата под максималната дозволена за периоди на големи води, како што е 2018 година. Сакаме да потсетиме и дека 2010 и 2013 беа исто така години со голем доток на вода и дека во куси периоди котата на Охридското Езеро тогаш ја надмина максималната 694 мнв, без да бидат предизвикани штети за околината, велат од АД ЕЛЕМ.

Според мерењата кои ги врши надлежната служба на ХЕС Црн Дрим, додаваат, котата на Охридското Езеро денеска изнесува 693,82 мнв.

- Со водостопанска дозвола издадена од МЗЖСПП од 24.11.2017 за користење на водата на излез на реката Црн Дрим од Охридското Езеро од страна на АД ЕЛЕМ за производство на електрична енергија, наведено е дека во исклучителни случаи, при појава на големи води, максималната кота може да биде 694 мнв, прецизираат од АД ЕЛЕМ.

Поради врнежите од дожд и топењето на снегот што предизвика голем доток на води, во изминатите неколку недели нивото на Охридското Езеро континуирано и брзо се зголемува и во последните два дена ја надмина максималната кота од 693,75 мнв. 

Сијарто: Комесарот на ОН и објави војна на унгарската влада

Високиот комесар на ОН за човекови права, Зеид Раад ал-Хусеин и објави војна на унгарската влада затоа што сака да ги заштити граѓаните на Унгарија од илегалната миграција.

Тоа го изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.

Ал-Хусеин денеска на отворањето на 38. Седница на Светскиот совет за човекови права ја критикуваше имиграционата политика на Америка, Кина, Мјанмар и Унгарија.

Комесарот на ОН ја критикуваше Унгарија поради законот против активностите на милијардерот Џорџ Сорос со кои се наметнуваат рестрикции на организациите кои им помагаат на бегалците и ги казнуваат групите за заштита на човековите права на границите.

Шефот на унгарската дипломатија изјавил дека илегалната миграција е прашање на национална безбедност и навел дека во последните три години загинале повеќе од 330 луѓе, а повеќе од 1.300 се повредени во Европа “во нападите на терористите со мигрантско потекло“.

Фотографијата со која “Русите“ го шокираа светот не е од Русија (фото)

Фотографијата која го обиколи светот, а на која се наоѓаат десетици мртви кучиња, била направена во Пакистан, а не во Русија, како што тврделе многумина.

Шокантната фотографија направена е во Карачи во 2016 година, а кучињата биле убиени за да се намали бројот на животните на улиците, пишува „Раша тудеј“.

Сепак, пред почетокот на Светското првенство во фудбал многумина беа загрижени за кучињата скитници во Русија, тврдејќи дека Русите ги убиваат.

 

Корисниците на социјалните мрежи ја споделувале фотографијата мислејќи дека е направена во Русија.

Меѓутоа, фотографијата на која има повеќе од 50 мртви кучиња е направена пред две години во Пакистан.

Заменик премиер Витали Мутко навел дека животните биле уловени и сместени во прифатилиште, а некои од корисниците на твитер го споделиле го споделиле текстот на Ројтерс во кој се наведува дека во Карачи во 2016 година се убиени повеќе од 700 кучиња. Фотографијата со кучињата исто така се наоѓа во овој текст.

„Фотографијата која сте ја искористиле според моето мислење е злочин, но не од Русија“ – напишал еден корисник на оваа социјална мрежа.

 

Украина: Време е за “деокупација“ на Крим

Киев, после продолжувањето на санкциите на ЕУ спрема Русија, треба да премине на “деокупација“ на Крим, изјави министерот за внатрешни работи на Украина, Павел Климкин.

„Им благодарам на нашите пријатели во ЕУ за продолжувањето на “кримските“ санкции на уште една година. Важно е во списокот да се внесат и одговорните за масовните кршења на човековите права на окупираниот полуостров и за изградбата на мостот преку Керчкиот проток. Треба да се премине од политика на “непризнавање“ на “деокупација“.

Претходно е соопштено дека рестриктивните мерки на Европската унија за Крим се продолжени на уште една година.

 

притисни ентер