Судење за предметот на СЈО „Тревник“ одложено за 16 мај

Рочиштето за предметот „Тревник“ на Специјалното јавно обвинителство што се однесува на бесправна градба на куќи во Зелениково, а во кој првообвинет е новинарот Драган Павловиќ – Латас по барање на одбраната денеска е одложено за 16 мај.

Од Специјалното јавно обвинителство изразуваат сомнение за кривично-правни дејствија на три лица за изградба на три викенд-куќи во општина Зелениково без да имаат право на ваква градба, односно градење без одобрение за градење.

Според прибавените докази на СЈО, меѓу кои и сателитски снимки, вештачење, како и останата документација, овие три викенд-куќи биле започнати со градење во 2011 година, а одобрение за нивно градење од општината е добиено во 2013 година кога веќе биле и завршени.

Интервјуто со Заев урна рекорди!

Синоќешното интервју со премиерот Зоран Заев во „Само Вистина“ на Канал 5 ги урна рекордите на гледаност на емисијата во оваа сезона.

 „Само Вистина“ останува убедливо најгледана политичка емисија во македонскиот етер!

Хоџа: Предложените за претседател и членови на РКЕ се избрани на јавен оглас

Предложените лица од Владата за претседател и членови на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) се избрани преку јавен оглас, информира денеска владиниот порптпарол Мухамед Хоџа.

- На огласот што траеше од 8 до 14 јуни вкупно аплицираа 13 лица. Изборот, согласно законски утврдените критериуми, го направи Комисијата за именување во рамки на Владата, рече Хоџа во одговор на прашање на прес-конференција во Владата.

Тој посочи дека претседател на Кадровската владина комисија е вицепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, а членови се вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, вицеремиерот Хазби Лика, министерот за здравство Венко Филипче, министерот за финансии Драган Тевдовски, министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Владината комисија ги предложи Марко Бислимовски за претседател, а Наташа Вељановска, Атанаско Тунески и Куштрим Рамадани за членови на Регулаторната комисија за енергетика.

Денеска пратениците ќе гласаат за ратификација на договорот со Грција

За денеска  е закажана собраниска пленарна седница на која ќе се гласа ратификација на договорот со Грција.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваа на расправата во Собранието и во Комисијата за европски прашања, бидејќи ја бојкотираат расправата за договорот.

Собраниската седница ја следи   Весна Велкова Тодоровска

Договорот за решавање на спорот со името денеска треба да биде ратификуван во рамки на 51. седница на Собранието на Република Македонија. 

Шефот на дипломатијата Ниола Димитров на собраниската седница која започна вчера рече дека Грција согласно договорот, по неговото ратификување во македонскиот Парламент, има обврска да го извести претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск дека дава поддршка за почеток на членството на Македонија во ЕУ и да го извести генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг дека ја поддржува поканата за НАТО. 

- Јунскиот совет е пред нас, министрите за надворешни работи на земјите-членки ќе заседаваат на 25 и 26 јуни, а Самитот е на 28 јуни. Овие датуми се клучни за европската перспектива на нашата земја и зависат од ратификацијата на спогодбата. За да ги испорачаме овие резултати предлагаме Собранието  да одлучи законот да се донесе по скратена постапка. Со ратификацијата се отвора можноста граѓаните да се изјаснат за својата иднина на есенскиот референдум, рече Димитров.  

По донесувањето од страна на Парламентот договорот треба да биде испратен до претседателот Иванов, кој има рок од седум дена да го потпише.

Во видеото погледнете го целиот извештај.

притисни ентер