Почина Стивен Хокинг најпознатиот теоретски физичар и космолог

Најпознатиот теоретски физичар и космолог на 21 век, Стивен Хокинг почина утрово на 76 годишна возраст во неговиот дом во Кембриџ, објави неговата фамилија.

Во неговата научна дејност тој беше пионер во областа на космологијата, општиот релативитет и квантната механика, автор на многубројни научни трудови во соработка со научници и научни институции ширум светот.

Особено познат по теоретското откривање на хокинговото зрачење, процес според кој црните дупки ’испаруваат’. Тој беше прв физичар кој се обиде да ги објасни физичките закони во универзумот поврзувајќи ја космологијата со квантната механика и голем поддржувач на теоријата за мултиверзум.

Покрај неговата плодотворна научно истражувачка дејност тој исто така имаше големо влијание на поп културата, беше чест гостин во медиумите и се појавуваше со почесни улоги во Ѕвездени патеки, Симпсонови, Мутурама, Монти Пајтон и др.

Се отвори огромна дупка среде Рим и „проголта“ два автомобила (ВИДЕО)

Бездна длабока и широка околу 10 метри проголта два автомобила среде ноќ во Рим, поради што интервенираше полицијата.

Инцидентот се случил околу еден часот по полноќ, а две возила Дачија и Рено завршиле во дупката.

Полицијата веднаш реагирала, ја затворила улицата и го обезбедила просторот, јавуваат италијанските медиуми.

Поставен е кордон, а се уште не се знае зошто се урнал асфалтот.

Не се знае дали има повредени во инцидентот.

Најмалку 45 загинати во автобуска несреќа во Јужна Африка

Најмалку 45 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Јужна Африка во која учествувал автобус, соопшти јужноафриканското Министерство за транспорт.

Едно лице е тешко повредено.

Несреќата се случила во близина на Маматлакала, во провинцијата Лимпопо, јавува Ројтерс.

Дејвид Бекам објави снимка како вежба: Не сакам ова да го види жена ми (ВИДЕО)

Дејвид Бекам се пофали на Инстаграм со видео на кое вежба без маица и ги воодушеви своите фанови.

48-годишниот поранешен фудбалер покажа дел од своите напорни тренинзи, а неговите стомачни мускули, како и бројните тетоважи на телото ги привлекоа погледите на фановите.

„Ти си како виното, се подобруваш со годините“, „Секогаш си силен“, „Ова ми го разубави денот“ и „Не сакам жена ми да го види ова“, се само дел од коментарите на обожавателите.

Да потсетиме, неговата сопруга Викторија неодамна покажа подарок што го доби од него, а кој целосно ја воодушеви.

притисни ентер