Британија отвора истраги за 14 сомнителни убиства на Руси

Британската министерка за внатрешни работи нареди повторно отворање на смртните случаи за 14 Руски државјани , кои починале во Британија .
Полицијата и разузнавачката служба ќе ги отворат повторно случаите за смртта на 14 руски државјани , кои починале во Британија под сомнителни околности .
Министерката Амбер Руд се сомнева дека Русија има одговорност за смртта на 14 видни личности , а според медиумите постојат докази за ваквите наводи.
Се посочуваат дека Русија или мафијата се одгворни за неразјаснетите убиства и самоубиства на познати бизнисмени кои живееле во Британија .

Еден од нив е Борис Березовски , кој беше гласен критичар на Кремљ и пријател на Александар Литвиненко . Литвинеко почина од труење со радиоактивни материи , а Березовски се обеси во купатило. Пријател на Литвиненко беше Александар Перепиличниј , кој починал во 2012 за време на џогинг, а неговиот случај ќе биде отворен идниот месец.

И покрај изјавата на Министерката , полицијата објави дека нема да го отвора случајот на Перепиличниј .

Изјавата на Руд доаѓа по негирањето на Москва дека стои зад труењето на екс шпионот Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија .

Министерот Никола Димитров се сретна со Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денес во Њујорк, оствари средба со Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш.

Според соопштението на МНР ,на средбата се разговарало за последните случувања од разговорите за надминување на разликата околу името што се одвиваат под покровителство на ООН.

МИнистетот Димитров изјави : „Со визија и лидерство на двете страни имаме историска шанса да затвориме еден повеќедецениски, историски спор”.

Димитров, во седиштето на ООН во Њујорк имаше средба и со Розмари А. Дикарло, Потсекретар за политички прашања во ОН, на која беше реафирмирана посветеноста на Република Македонија кон европските и евро-атлантските интеграции.  

„Созревањето на Република Македонија и решителноста за градење европска демократија е вистинска шанса за демократски пробив во Европа.”, рече Димитров по средбата. 

Загинати и повредени во силна експлозија во склад за пиротехника (ВИДЕО)

Најмалку едно лице загина и уште 27 се повредени во силна експлозија во склад за пиротехника во Шпанија.

Експлозијата настанала во илегален склад за пиротехника на северзапад на земјата , во близина на градот Туи. Полицијата соопштува дека експлозијата била толку силна што се искршиле прозорците на сите објекти во радиус од три километри.

На терен се бројни спасувачки служби , кои бараат преживеани во урнатините. Градобначалникјот на Туи , Васкез Падин изјави дека складот се наоѓал во куќа , која е целосно разорена.

Судот му забрани на Трамп да блокира на Твитер

Американскиот претседател Доналд Трамп веќе нема да смее да ги блокира корисниците на Твитер.

Федералниот судија во Њујорк , Наоми Рејс Бучвалд донесе одлука Американскиот претседател Доналд Трамп да не смее веќе да ги блокира корисниците на социјалната мрежа Твитер.

Според одлуката на судијката со таквиот потег Трамп го загрозува нивното право на слобода на говор , пропишано во Првиот амандман од Уставот на САД. Одлуката е донесена како резултат на тужбата , која во јули минатата година против Трамп ја поднесе Институтот на Универзитетот Колумбија , кој се занимава со проучување на примената на Првиот амандман на Уставот на САД .

На Институтот во тужбата му се приклулија и неколку корисници на Твитер , кои биле блокирани од претседателот Трамп по коментарите што ги објавиле на неговите објави.

притисни ентер