Мајката на Селена стави точка на музичката врска

Мајката на Селена Гомез е причина за прекинот на нејзината врска со Џастин Бибер .
Музичката двојка повторно ја прекина својата турбулентна врска , но овој пат велат засекогаш . Селена се обидува да го поправи односто со совојата мајка , која не ја одобрува врската со Бибер.
Семејството на Џастин ја сака Селена , но нејзиното семејстов не му верува , пишуваат таблоидите. Кога по минатиот прекин на врската , мајката на Селена разбрала дека повторно се смириле , побарала помош од психолог.

Менди Тифи смета дека Бибер многу лошо влијае на Селена и дека стресот од честите прекини на врската се одразуваат на нејзината кариера .

Фото: Во осмата деценија од животот „таа е богиња на плажата“

Актерката Кејт Хадсон на Инстаграм објави фотографии од својата 72- годишна мајка славната Голди Хоун во костим за капење.

Под фотографиите  таа напиша дека нејзината мајка е богиња бо што се сложија многу нејзини фанови.

Легендарната холивудска актерка навистина изгледа одлично и во осмата деценија од животот, а коментарите напишани под фотографиите направени на одморот во Грција се полни со убави зборови и воодушевување.

„Те обожувам“, „Неверојатна“, Таа е жена кралица“, „Голди изгледаш совршено“, се само некој од коментарите, напишани од фановите.

Утре почнува летото

Од утре во Македонија и на северната хемисфера почнува летото. Истовремено на јужната полутопка настапува зимата.

Во Македонија летото почнува во 12 часот и 7 минути. Овој 172 ден во годината е најдолг и ќе трае 15 часа и 14 минути. Сонцето ќе изгрее во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 12 минути. 

На првиот ден од летото, според најавите од синоптичарите, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Веќе од петок се очекува поизразена нестабилност со поројни дождови и посвежо време. 

Летото ќе заврши на 22 септември кога ќе почне есента. 

Почнува летната серија трки на плажа

 Со трка во Скопје започнува серијата трки покрај вода Beach Run што ги организира здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“.

Планирано е да се одржат вкупно пет трки на туристички дестинации покрај вода. Покрај онаа во Скопје, во сабота ќе се одржи трка во Претор, на 7 јули во Дојран, на 22 јули во Маврово и завршната трка ќе биде на 29 јули во Охрид. 

Првите три трки се на пет километри, а во Маврово ќе се трча полумаратон. Трката во Охрид ќе биде на 10 километри. 

Организаторот информира дека може да учествуваат сите оние кои го сакаат трчањето. Остварениот резултат на секоја од трките носи соодветен број бодови според кои се формира табела со резултати, чиј финален исход ќе ги даде победниците на летната лига во трчање.

За победниците на секоја од трките и на целата лига е обезбеден награден фонд од 164 илјади денари. Првите три места во машка и во женска конкуренција ќе добијат 3.000, 2.000 и 1.000 денари, а за првите три места во вкупниот пласман се обезбедени ваучери и тоа за трето место ваучер за спортска опрема од 6.000 денари, за второ ваучер за спортска опрема од 12.000 денари и за прво место спортски часовник Garmin Forerunner 935 во вредност од 34 илјади денари.

Пријавувањето за учество се врши преку веб страната www. prvdovrv.mk.

На минатогодишното издание на серијата трки учествуваа 500 учесници. 

притисни ентер