Ванковска:Прогласот на „200“ беше тајм аут, немојте да брзате

Гостин во најновото издание на „Само вистина“ беше универзитетската професорка Билјана Ванковска, која е едена од потписниците на прогласот на 200 интелектуалци и јавни личности кои побараа прекинување на преговорите за името и негова правна разврска преку Генералното собрание на ОН.
Ванковска посочи дека токму прогласот беше со цел да се каже ставот дека за ова прашање не треба да се брза, односно како што вели, зошто Владата брза, за прашање со кое Македонија се доведува во ситуација да прифати било какво решение, кое би можело да доведе до дестабилизација внатре во државата, особено ако од Букурешт се знае дека не мора приемот да биде на НАТО самит, туку на секој министерски состанок. 

Внатре во државата вели таа едвај нешто да функционира, институциите ги дерогираме повторно, одлуките се носат вон институциите, растат тензиите и сега околу Законот за јазиците, што е уште една капка во чашата која е преполна.
Ванковска изјави дека една од причините за прогласот е да се испрати и пораката дека Владата треба да биде транспарентна во однос на прашањето за името кое за граѓаните создава вознемиреност, кога ги нема точните информации.
Не може на граѓанинот да му кажеш молчи,ние имаме право да знаеме за она што не вознемирува на државно ниво, како  на граганин  може да му кажеш овде збори овде молчи, и тоа го сметам за скандалозно и тоа ни го должат. Ние немаме национален туку политички консензус, истакна Ванковска.

За спорот околу името, за Законот за јазиците, за реформите, за политичките случувања во следните месеци, погледнете во најновото издание на „Само вистина“.

Интервјуто со Заев урна рекорди!

Синоќешното интервју со премиерот Зоран Заев во „Само Вистина“ на Канал 5 ги урна рекордите на гледаност на емисијата во оваа сезона.

 „Само Вистина“ останува убедливо најгледана политичка емисија во македонскиот етер!

Хоџа: Предложените за претседател и членови на РКЕ се избрани на јавен оглас

Предложените лица од Владата за претседател и членови на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) се избрани преку јавен оглас, информира денеска владиниот порптпарол Мухамед Хоџа.

- На огласот што траеше од 8 до 14 јуни вкупно аплицираа 13 лица. Изборот, согласно законски утврдените критериуми, го направи Комисијата за именување во рамки на Владата, рече Хоџа во одговор на прашање на прес-конференција во Владата.

Тој посочи дека претседател на Кадровската владина комисија е вицепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, а членови се вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, вицеремиерот Хазби Лика, министерот за здравство Венко Филипче, министерот за финансии Драган Тевдовски, министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Владината комисија ги предложи Марко Бислимовски за претседател, а Наташа Вељановска, Атанаско Тунески и Куштрим Рамадани за членови на Регулаторната комисија за енергетика.

Денеска пратениците ќе гласаат за ратификација на договорот со Грција

За денеска  е закажана собраниска пленарна седница на која ќе се гласа ратификација на договорот со Грција.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваа на расправата во Собранието и во Комисијата за европски прашања, бидејќи ја бојкотираат расправата за договорот.

Собраниската седница ја следи   Весна Велкова Тодоровска

Договорот за решавање на спорот со името денеска треба да биде ратификуван во рамки на 51. седница на Собранието на Република Македонија. 

Шефот на дипломатијата Ниола Димитров на собраниската седница која започна вчера рече дека Грција согласно договорот, по неговото ратификување во македонскиот Парламент, има обврска да го извести претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск дека дава поддршка за почеток на членството на Македонија во ЕУ и да го извести генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг дека ја поддржува поканата за НАТО. 

- Јунскиот совет е пред нас, министрите за надворешни работи на земјите-членки ќе заседаваат на 25 и 26 јуни, а Самитот е на 28 јуни. Овие датуми се клучни за европската перспектива на нашата земја и зависат од ратификацијата на спогодбата. За да ги испорачаме овие резултати предлагаме Собранието  да одлучи законот да се донесе по скратена постапка. Со ратификацијата се отвора можноста граѓаните да се изјаснат за својата иднина на есенскиот референдум, рече Димитров.  

По донесувањето од страна на Парламентот договорот треба да биде испратен до претседателот Иванов, кој има рок од седум дена да го потпише.

Во видеото погледнете го целиот извештај.

притисни ентер