Уште една мистериозна смрт во Лондон на влијателен Русин

Рускиот емигрант и политички азилант Николај Глушков е најден мртов во неговиот дом во Лондон .

Глушков важеше за близок пријател на покојниот олигарх Борис Березовски , за кој се верува дека под сомнителни околности се обесил во својот дом во Лондон , откако го исгуби судскиот спор со Роман Абрамович .
Причината за смртта на Глушков се уште не е позната. 68 – годишниот Глушков на свој пријател му соопштил дека има интересни информации за Березовски . Глушков во деведесетите години работел во руската авиокомпанија Аерофлот и во автомобилската компанија Лого ВАЗ во сопственост на Березовски .

Во 1999 Березовски се судрил со Владимир Путин и побегнал во Британија . Тогаш Глушков во Русија бил обвинет за перење пари и бил пет години во затвор . Во 2004 бега во Британија , каде добива политички азил .
Во 2011 тој во судот во Лондон сведочел во корист на Березовски , кој го тужел Роман Абрамович . Во 2013 Березовски е најден мртов во домот на својата сопруга во Беркшир .
Глушков ја истражувал смртта на Березовски и изјавил дека многу Руси починале во Британија под неразјаснети околности . Минатата година на Глушков во отсуство му се судеше во Русија за кражба на 123 милиони долати и беше осуден на 8 години затвор.

Засега Британските власти не ја поврзуваат смртта на Глушков со труењето на екс двојниот шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија.

Сообраќајот тековно и без застои

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 01.04.2024 е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Поради предизборни митинзи за претседателските избори викендов во централното градско подрачје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим. 

Како што информира Министерството за внатрешни работи од денеска од 19 часот до утре до 21 часот на улицата „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одржување на митинг што ќе се одржи утре во 13 часот пред седиштето на Европската унија. За сообраќај ќе биде затворена ул.„Св.Кирил и Методиј“ на потегот од крстосницата со бул.„Кочо Рацин“ до крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“.

Утре во 20 часот на плоштадот „Македонија“, пак, ќе се одржи митинг од изборната кампања за претседателските избори поради што Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје, а сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на настанот.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.

Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње

 Два пожара на отворен простор се регистриранио во последното деноноќие, соопшти ЦУК. 

Гореле диви депонии во атар на с.Церово, Општина Желино и над расторанот „Дарданија“ кај с.Боговиње.

Интервенирале пожаникари од Тетово и ренеџер од Наионалниот парк „Шар Планина“. Според последните информции, пожарите се локализирани.

ЦУК апелира за внимателност заради најавените метеоролошки промени со дожд, ветер и снег на повисоките места.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.

притисни ентер