Русија со жестока реакција на обвинувањата од Британија

Русија упати демарш по обвинувањата од Лондон за одгворност за труењето на шпионот Скрипал .
Москва упати силен протест до Британската амбасадорка во Русија , Лора Бристоу , со наводи дека се неосновани тврдењата за руска вмешаност во труењето на екс двојниот шпион , Сергеј Скрипал .

Според министерството за надворешни работи на Русија , со амбасадорката Бристоу разговарал првуиот заменик министер за надворешни работи , Владимир Титов .

Тој наводите на Британската премиерка Тереза Меј за вмешаност на Русија во труењето на Скрипал ги нарекол ,,отворена провокација“ .

Се продлабочуваат недоразбирањата меѓу Техеран и Вашингтон

Иранскиот претседател Хасан Рохани  потврди дека Техеран не прифаќа соединетите американски држави да носат одлуки за него.

Неговата реакција следи  откако американскиот државен секретар Мајк Помпео постави услови до Иран и објави построги санкции врз таа земја. „светот денес не прифаќа сад да решаваат за него.

Земјите имаат своја независност“, рече Рохани, прашувајќи: „кои сте вие да решавате за Иран и за светот?“.

Помпео претходно информира  дека Вашингтон ќе воведе најстроги санкции во историјата и оти тие ќе стануваат се потешки се додека иранскиот режим не го „смени курсот“. Пред две недели американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон се повлекува од нуклеарната спогодба со Иран.

Во Марсеј вооружена група пукала на минувачи

Неколку маскирани напаѓачи  синоќа започнале да пукаат  со „калашников“ во Марсеј, на југот од Франција. Засега со сигурност се знае дека  едно лице е повредено.

Напаѓачите отвориле оган од три возила врз група млади луѓе што се наоѓале во близина на култниот центар „Лабусеран“, јавија локалните медиуми.

Дошло и до размена на оган со припадниците на полицијата, која го блокирала тој дел од градот.

Нема информации за уапсени, а на местото на пукањето се наоѓаат пожарникари и екипи на брзата помош.

Се верува дека нападот не бил од терористички карактер.

Денеска пресуда за случајот на СЈО „Триста“

Денеска ќе биде изречена пресудата за случајот на Специјалното обвинителство под име триста во кој обвинет е поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски.

Тој се товари за злоупотреба на службената положба при набавката на 300 возила во МВР. Во завршните зборови, СЈО побара осудителна пресуда, а МВР надомест на штета во висина од 450 илјади евра.

Поповски, пак, рече дека е невин но и дека изминатиот период се соочил со низа закани и притисоци без да прецизира од кого. Предметот го води судијката Добрила Кацарска.

притисни ентер