Утре облачно , поројни дождови од петок

Времето утре во Македонија ќе биде умерено облачно со умерен западен ветер, само во крајните западни и источни планински подрачја со услови за локален дожд.
Утринската температура ќе се движи од минус еден до пет степени, а дневната од шест до 19 степени.
Во Скопје ќе биде облачно со умерен западен ветер.

Утринската температура ќе достигне до четири степени, а дневната температура до 16 степени.

Во четврток ќе се задржи суво време. Нови врнежи од дожд ќе има во петок претпладне, особено во западните делови. Во сабота во текот на денот ќе дува засилен јужен ветер, а ќе биде и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Во недела врнежите ќе се со послаб интензитет и ќе биде посвежо.

Се удави Полски наутичар во Јадранското Море

Хрватските поморски власти попладнево го најдоа телото на полскиот наутичар , исчезнат во близина на Риека.

Во 7 часот утрово било пријавено дека е исчезнат Полски наутичар од едрилицата ,,Левант “ , на која имало уште десетмина туристи од Полска. По интензивна потрага телото на 67 годишниот наутичар било најдено во близина на островот Угљен . Го здогледал рибар од чамец и пријавил во спасувачката служба.

Членовите на едрилицата биле задржани во полицијата во Ријека на распит.

Истрагата ќе покаже како и зошто телото на искусниот наутичар се нашло во море.

Макрон од мини самитот на ЕУ : Не примаме лекции од други

Во Брисел се одржува мини самитот  на ЕУ , на кој лидерите на 18 земји членки решаваат за мигрантската криза.

Пред почетокот на самитот францускиот претседател Емануел макрон изјави ека не прима лекции од други земји , алудирајќи на изјавите на државниот врв на Италија , каде и новиот премиер Конте и неговиот заменик Ди Мајо го нарекоа ,,човек без допирни точки со реалноста”.

,, Ние никогаш не забораваме кои се нашите вредности. Тоа во овој момент е неприфатливо .” изјави Макрон пред почетокот на мини самитот. Проблемот настана откако голем број земји членки на ЕУ одбија да ја споделат одговорноста за мигрантите за да им помогнат на земјите кои се најмногу погодени , како Грција и Италија.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте кусо изјави дека ќе го претстави својот план за решавање на проблемот. Канцеларката Меркел се надева дека лидерите ќе се договорат како меѓусебно да си помагаат без да треба за тоа одлука од сите 28 членки на ЕУ.

Таа рече дека не очекува денеска да се постигне целосен договор , со оглед на фактот дека истата тема ќе биде во фокусот на формалната средба на сите лидери на земјите членки на ЕУ на 28 и 29 јуни.

Зетот на Трамп со мировен план за Израелците и Палестинците

Џеред Кушнер , главниот американски претставник за израелско – палестинските мировни напори , кој воедно е и зет на претседателот Доналд Трамп изјави дека има мировен план.

Кушнер најави дека наскоро ќе го објави мировниот план, според кој е можно да се оствари без поддршка на палестинскиот претседател Махмуд Абаз.  

Во интервјуто објавено во палестинскиот весник ,,Al- Quds” , Кушнер тврди дека не е убеден оти 80 – годишниот Абаз има способност и волја за постигнување договор.

,,Доколку претседателот Абаз сака да се врати на преговарачката маса , ние сме подготвени да го вклучиме. Доколку не е, најверојатно планот јавно ќе го објавиме.” , вели Кушнер.

Надежта дека Палестина ќе прифати преговори под покровителство на САД е многу мала , поради тоа што минатата година судирите продолжија токму поради ветувањето на Трамп да го направи Ерусалим главен град на Израел.

притисни ентер