Анѓушев пред белгиските бизнисмени : Значителна поддршка за нови странски и домашни инвестиции

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев е во дводневна службена посета на Белгија.

Според соопштението од кабинетот на Анѓушев , на првиот ден од посетата, во Антверпен учествуваше на тркалезна маса во организација на стопанската комора ВОКА (Voka - Kamer van Koophandel Antwerpen Waasland), кадешто пред двесетина претставници на белгиски компании ги презентираше можностите за инвестирање во Република Македонија

Вицепремиерот истакна дека Владата во изминатиот период напорно работеше и ја стабилизираше економската состојба во Република Македонија. Тој нагласи дека за добра бизнис клима потребно е владеење на правото, за да стопанствениците чувствуваат сигурност во нивните инвестиции, како и обезбедување на стабилна политичка состојба, преку интензивни активности за реализација на евро-атлантските аспирации на земјата.

„Ве уверувам дека странските инвеститори се добредојдени во Република Македонија. Доколку некоја компанија се реши да ја посети земјата и да ги истражи можностите за инвестирање, Владата и органите на државната управа Ви стојат на располагање за сите потребни информации. Веќе имаме оформено неколку технолошко-индустриски развојни зони, во кои работат странски компании, работиме на нивно комплетирање и сакаме да ги пополниме со реномирани производствени компании“, потенцираше Анѓушев.

Вицепремиерот ги претстави мерките од Планот за економски раст, при што истакна дека преку имплементација на мерките се овозможува значителна поддршка на компаниите за нови инвестиции, нови работни места и подобрување на конкурентноста на странски пазари.

„Планот за економски раст го креиравме со намера да ја поттикнеме економската активност во земјата, да привлечеме нови инвестиции, да ги поддржиме постоечките компании да се развиваат, а со тоа да ја подигнеме конкурентноста на македонската економија и да се отворат нови подобро платени работни места за македонските граѓани. За секоја нова инвестиција, државата ќе обезбеди поддршка во висина од 10% од вредноста на инвестицијата и дополнителни 10% доколку со таа инвестиција се зголеми пазарната реализација на компанијата на странски пазари. Со цел да ја стимулираме соработката помеѓу странските и домашните компании креиравме мерка преку која доколку странска компанија набавува 15% од материјалите за работа од домашни, македонски компании, Владата ќе изврши исплата во висина од 1% од вкупно направените набавки на компанијата. Доколку некоја компанија одлучи да отвори развоен и истражувачки центар во Република Македонија, може да смета на поддршка во висина од 50% од направените инвестиции, со што го поттикнуваме технолошкиот развој и иновациите во компаниите. Во насока на зголемување на платите, обезбедуваме поддршка во висина од 20% од исплатената нето плата, за нововработени лица во компаниите кои примаат 50% повисока плата од минималната “, подвлече вицепремиерот Анѓушев.

Тој истакна дека за микро, малите и средни компании, поддршката е уште посилна и дека Владата ќе обезбеди поврат во висина од 30% од направените нови инвестиции на овие компании, додека поддршка во висина од 70% од направените инвестиции, може да очекуваат мали и средни претпријатија кои ќе вложат во развој на нови иновативни производи.

Претставничкиот дом на САД треба да гласа за големиот пакет помош за Украина, Израел и Тајван

По неколкумесечно одложување, Претставничкиот дом на американскиот Конгрес денеска треба да гласа за големиот пакет помош за Украина, Израел и Тајван, вреден 95 милијарди долари, како и за евентуалната забрана на ТикТок во САД.

Предлог-законите се резултат на повеќемесечни тешки преговори меѓу демократите и републиканците, како и притисокот од сојузниците на САД и постојаните молби за помош од украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Законите, сепак, сè уште имаат гласни противници во Конгресот, а надежите за усвојување зависат од кревката двопартиска коалиција која се обидува да ги надмине големите процедурални и законодавни пречки, пренесува Би-Би-Си.

Спикерот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон изјави дека е решен да ги поднесе законите на гласање, и покрај фактот што радикалните републиканци може да побараат негово разрешување.

Предлогот предвидува 60,8 милијарди долари помош за Украина, 26,4 милијарди долари за Израел и 8,1 милијарди долари за индо-пацифичкиот регион, вклучувајќи го и Тајван.

Претставничкиот дом ќе гласа за секој предлог-закон поединечно, што значи дека некои може да поминат, а некои не.

Претседателот Џо Бајден и демократските пратеници во Конгресот со месеци се залагаат за нов голем пакет оружје за Украина, но републиканците под влијание на нивниот претседателски кандидат Доналд Трамп, ја условуваа помошта.

Со усвојување на законите, исто така, ќе му се овозможи на Бајден да конфискува и продава руски имот, а средствата да ги намени за помош на Украина, потег што беше прифатен и од другите земји од Г7.

Претставничкиот дом ќе ја разгледа и предложената законска одредба со која треба да се принуди ТикТок да се откаже од кинеската матична компанија ByteDance или ќе се соочи со забрана во САД, каде што има околу 170 милиони корисници.

Белата куќа соопшти дека „силно го поддржува“ вкупниот пакет помош и оти Бајден ќе ги потпише законите веднаш штом бидат усвоени од двата дома на Конгресот.

Тоа би можело да се случи за неколку дена, бидејќи лидерот на мнозинството во Сенатот, Чак Шумер, вети дека Сенатот со мнозинство од демократите брзо ќе преземе мерки штом бидат усвоени од Претставничкиот дом.

Сепак, политичките аналитичари во САД оценуваат дека усвојувањето на законите во Претставничкиот дом, би можело да го чини спикерот Мајк Џонсон губење на спикерското место. Неколку екстремно десничарски републикански пратеници предупредија дека може да го соборат Џонсон поради поддршката на нацрт-законите. /МИА

Затруен од наркотици пронајден во бессознание во двор во Кавадарци

Кавадарчанец затруен од наркотици бил пронајден во бессознание во двор во Кавадарци, информираа денеска од СВР Велес.  

- Вчера во 12.00 часот во ОВР Kавадарци, од Итна медицинска помош било пријавено дека во дворот на М.К.(42) од овој град, во бессознание бил пронајден кавадарчанецот Б.О.(40), кој бил затруен од наркотични средства. Подоцна, со судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на М.К., при што била пронајдена и одземена таблета екстази. М.К. бил лишен од слобода, појаснија од СВР Велес.

Оттаму додадоа дека по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Стојаноска: Македонија ќе стане една од земјите во регионот со најниски даноци

„Платформа 1198“ предвидува рамен данок со што, Македонија ќе стане една од земјите во регионот со најниски даноци

Додека министрите на ДУИ мака мачеа да постигнат гол или кош повеќе во просториите на министерствата и додека мака мачеа да договорат тендер плус, и на сето ова, секако, министрите на СДСМ не смеат да гугнат, тетовските стопанственици, пак, мака мачат да опстанат.

Поради овие аздисани политичари, во програмата на ВМРО-ДПМНЕ „Платформа 1198“ се ветува рамен данок кој што ќе остане и во иднина, се ветува Македонија да стане една од земјите во регионот со најниски даноци. И, се ветува на стопанствениците поголема поддршка и помош.

Токму поради овие причини, стопанствениците во Македонија ќе гласаат за бројот два (2), затоа што сакаат Македонија да се врати во нивни раце и Македонија повторно да ја направиме горда.

Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6

притисни ентер