Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на седницата за Законот за јазици и бара амандманска расправа

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе учествуваат на утрешната седница на Собранието, на која треба да се донесе законот за јазици, но лидерот на партијата бара разгледување на нивните амандмани и отворање на амандманска расправа.

Ова денеска од Струмица го соопшти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за ставот на опозициската партија за учеството на утрешната седница на Парламентот.
Мицкоски рече дека во минатото ВМРО-ДПМНЕ апелираше за разум, почитување на законите, Деловникот на Собранието и Уставот на Република Македонија.
- Понудивме решение кое се темели на формирање на работни групи, кои ќе бидат составени од сите парламентарни политички партии, ќе биде вклучена експертската јавност, ќе бидат вклучени претставници од МАНУ и кабинетот на претседателот на државата. Темата е чувствителна. Во минатото видовме дека оваа тема предизвика голем број реакции и кај експертската јавност, но и во општата јавност во Република Македонија, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој неколку пати повика на разум и избегнување на, како што рече, лоши сценарија и избегнување на опцијата за парламентарен терор на мнозинството врз малцинството.
- Повикувам уште еднаш за разум. Повикувам уште еднаш за почитување на Деловникот, почитување на законите, бидејќи ова не смее да се дозволи. Лошо ќе влијае врз Република Македонија, за имиџот на Република Македонија и пред меѓународната заедница, но и пред домашната јавност. Затоа уште еднаш за последен пат повикувам за разум. Да се избегне едно девијатно однесување во Парламентот, насилно усвојување на овој закон и повикувам на почитување на Деловникот и разгледување на амандманите и отворање на амандманска расправа, која што ВМРО-ДПМНЕ ја очекува за време на утрешната седница на Собранието. Сето останато ќе предизвика реперкусии и за тој што ќе се одлучи да ги прекрши законите, но и сите оние кои што ќе го поддржат во таа постапка, додаде Мицкоски.

На дополнително новинарско прашање како ВМРО-ДПМНЕ ќе дејствува на утрешната седница, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ одговори дека нивните пратеници ќе присуствуваат на седницата, а за натамошните чекори јавноста ќе била благовремено информирана.

Се удави Полски наутичар во Јадранското Море

Хрватските поморски власти попладнево го најдоа телото на полскиот наутичар , исчезнат во близина на Риека.

Во 7 часот утрово било пријавено дека е исчезнат Полски наутичар од едрилицата ,,Левант “ , на која имало уште десетмина туристи од Полска. По интензивна потрага телото на 67 годишниот наутичар било најдено во близина на островот Угљен . Го здогледал рибар од чамец и пријавил во спасувачката служба.

Членовите на едрилицата биле задржани во полицијата во Ријека на распит.

Истрагата ќе покаже како и зошто телото на искусниот наутичар се нашло во море.

Макрон од мини самитот на ЕУ : Не примаме лекции од други

Во Брисел се одржува мини самитот  на ЕУ , на кој лидерите на 18 земји членки решаваат за мигрантската криза.

Пред почетокот на самитот францускиот претседател Емануел макрон изјави ека не прима лекции од други земји , алудирајќи на изјавите на државниот врв на Италија , каде и новиот премиер Конте и неговиот заменик Ди Мајо го нарекоа ,,човек без допирни точки со реалноста”.

,, Ние никогаш не забораваме кои се нашите вредности. Тоа во овој момент е неприфатливо .” изјави Макрон пред почетокот на мини самитот. Проблемот настана откако голем број земји членки на ЕУ одбија да ја споделат одговорноста за мигрантите за да им помогнат на земјите кои се најмногу погодени , како Грција и Италија.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте кусо изјави дека ќе го претстави својот план за решавање на проблемот. Канцеларката Меркел се надева дека лидерите ќе се договорат како меѓусебно да си помагаат без да треба за тоа одлука од сите 28 членки на ЕУ.

Таа рече дека не очекува денеска да се постигне целосен договор , со оглед на фактот дека истата тема ќе биде во фокусот на формалната средба на сите лидери на земјите членки на ЕУ на 28 и 29 јуни.

Зетот на Трамп со мировен план за Израелците и Палестинците

Џеред Кушнер , главниот американски претставник за израелско – палестинските мировни напори , кој воедно е и зет на претседателот Доналд Трамп изјави дека има мировен план.

Кушнер најави дека наскоро ќе го објави мировниот план, според кој е можно да се оствари без поддршка на палестинскиот претседател Махмуд Абаз.  

Во интервјуто објавено во палестинскиот весник ,,Al- Quds” , Кушнер тврди дека не е убеден оти 80 – годишниот Абаз има способност и волја за постигнување договор.

,,Доколку претседателот Абаз сака да се врати на преговарачката маса , ние сме подготвени да го вклучиме. Доколку не е, најверојатно планот јавно ќе го објавиме.” , вели Кушнер.

Надежта дека Палестина ќе прифати преговори под покровителство на САД е многу мала , поради тоа што минатата година судирите продолжија токму поради ветувањето на Трамп да го направи Ерусалим главен град на Израел.

притисни ентер