Уапсен Италијанецот од извештајот на убиениот словачки новинар

Словачката полиција изутринава во Михаловцe на истокот на Словачка, го уапсила Италијанецот Антонино Вадала, кој е спомнат во извештајот на убиениот словачки новинар.
Вадала е уапсен на основа на европскиот налог за апсење кој го издала Италија, односно судот во Венеција, во рамките на меѓународната рација против нарко мафијата во текот на која во Европа се уапсени 17 лица, соопшти денеска словачката генерално обвинителство.

Антонино Вадала е еден од Италијанците за коj се верува дека на истокот на Словачка преку евродотација и бизниси во земјоделството и соларни електрани, перат пари за калабриската мафија Ндрангета.

Токму за тоа во последниот недовршен текст пишувал убиениот словачки истражувачки новинар Јан Куцијак, како и за соработниците на Вадала во канцеларијата на словачкиот премиер Роберт Фицо, пред се за неговата секретарка, некогашна манекенка и љубовница на Вадала, Марија Трошкова.

„Со европскиот налог за апсење, италијанскиот суд бара екстрадиција на Антонино Вадала за кривично гонење во Италија за кривично дело поврзано со наркотици извршено во организирана група со меѓународно делување“ – извести денеска портпаролот на генералното обвинителство на Словачка, Андреа Предјанјов.

Вадала, со уште седуммина Италијанци од агробизнисот на истокот на Словачка, беше уапсен од словачката полиција после убиството на Куцијак и неговата свршеничка Мартина Кушнирова, кон крајот на февруари, но потоа ги пушти на слобода.


Вадала се закани дека ќе поднесе кривична пријава против медиумите и политичарите кои го означуваат како мафијаш. Било какви незаконски активности негираа и бизнис партнерите на Вадала од непрегледната мрежа на словачки претпријатија околу Вадала во сопственост на семејство на Албанци од Македонија во Словачка.

На Владата на Фицо и се заканува пад поради убиството на новинарот, кој во недовршениот постхумно објавен текст за порталот „Aktuality.sk” пишувал за корупцијата и поврзаноста на калабриската мафија со истокот на Словачка и со некои од функционерите на владејачката партија СМЕР.

Предвремени избори бара најмалиот партнер во владата на Фицо, партијата на словачките Унгарци, Мост Хлд, опозицијата, а и претседателот на Словачка Андреј Киска, кој вонредните избори ги гледа како единствен начин Словаците да ја вратат изгубената доверба во својата држава.

Поради убиството на новинарот на улиците на Братислава и уште во 47 градови ширум земјата и 17 во светот веќе два петоци излегуваат десетина илјади Словаци на најмасовните демонстрации од рушењето на комунистите во 1989 годна и бараат оставка на владата на Фицо и пристојна Словачка без корумпирани политичари.

Ноќеска запален автомобилот на синот од пратеникот Локвенец

Според Хари Локвенец инцидентот се случил откако беа објавени фотографиите од Преспа, од потпишувањето на договорот за името со Грција, на кое присуствувал  и тој.

Час пред полноќ запален е автомобилот на синот од  пратеникот на СДСМ од прилеп, Хари Локвенец.

Автомобилот мини купер бил паркиран пред влезот на зградата каде што живее Локвенец.

Екипа на територијалната противпожарна единица прилеп пожарот бил  изгаснат.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Локвенец за Канал 5 потврди дека во континуитет добива закани.

Пред неколку  месеци пред зградата каде што живее Локвенец беа испишани графити со заканувачка содржина.

Кој ги пишувал графитите одговор нема бидејќи се уште полицијата трага.

СДСМ го осудува насилството и говорот на омраза пред Собранието

СДСМ го осудува насилството и говорот на омраза пред Собранието и повикува на смиреност, да не дозволиме некој да ја загрози македонската иднина.

СДСМ ги осудува вчерашните насилства пред Собранието, нападите од насобраната толпа врз новинарите, снимателите и полицајците коишто се обидуваа да спречат насилен упад во Собранието.

Секој има право да протестира и да го искаже својот став и мислење, но на вчерашниот собир беше забележан говор на омраза, повици за насилство, навреди и провокации кон граѓани, кон новинари, кон различни етнички заедници.

Очигледно е дека одредени субјекти кои работат спротивно од интересите на државата и граѓаните сакаат да го повторат насилството од 27 април, на кое му претходеа слични повици и активности.

Апелираме до сите актери да се воздржат од говор на омрза, навреди, повици за насилство и на демократски начин да го изразуваат мислењето.

Граѓаните треба да бидат смирени и да не подлегнуваат на провокациите. Институциите имаат капацитет соодветно, професионално, неселективно и во рамки на законските надлежности да одговорат на сите предизвици.

Да не дозволиме поразените деструктивни сили од минатото, остатоците од срушениот режим да ја загрозат македонската иднина, иднината на граѓаните, на државата.

Нема враќање назад кон мрачното време на страв, омраза, понижени граѓани и изолација.

Македонија тргна напред, живееме слободно, поврзани со светот, градејќи демократско и економски развиено општество за сите.

СДСМ

Гевгелија продава десет парцели за домување и лесна индустрија

Општина Гевгелија продава десет парцели за домување и лесна индустрија.

Четири градежни парцели за индивидуално домување кои се наоѓаат крај Моински пат, исто толку градежни парцели кои се наоѓаат во станбената населба „Караорман“ и две градежни парцели лоцирани во елитната станбена населба „Мрзенски рид“ се понудени на продажба од општина Гевгелија по пат на електронско јавно лицитирање.

Површината на градежните парцели крај Моински пат се движи од 362 до 467 метри квадратни, најмали по површина се парцелите во „Караорман“ од 288 до 354 квадрати, а најголеми, со опфат од 1.480 и 1.517 метри квадратни, се парцелите за резиденцијални станбени објекти во населбата „Мрзенски рид“. За сите нив почетната продажна цена изнесува 61 денар за метар квадратен.

Пријавите за учество на електронското јавно наддавање за парцелите за домување, заинтересираните физички и правни лица треба да ги поднесат најдоцна до 4 јули, а за нив електронски ќе лицитираат на 6 јули во времето од 10 до 12 часот.

За парцелата за градење на објект од лесната индустрија, пријавите се доставуваат најдоцна до 16 јули, а два дена подоцна на 18 јули ќе се одржи електронското јавно наддавање со почеток во 11 часот. 

притисни ентер