Средба Заев - Пејчиновиќ Буриќ:Охрабруваат позитивниот реформски дух и чекорите на добрососедство

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од министерот за надворешни работи, Никола Димитров денеска се сретна со Марија Пејчиновиќ Буриќ, заменик претседателка на Владата на Република Хрватска и министерка за надворешни работи, придружувана од хрватската амбасадорка во земјава, Данијела Баришиќ.
Вицепремиерката и министерка за надворешни работи Пејчиновиќ Буриќ рече дека се видливи и за меѓународната заедница, освен во државава, позитивните промени во Република Македонија. Таа оцени дека премиерот Заев внел позитивен дух на придвижување на сите процеси важни за граѓаните и за државата, како и дека охрабруваат неговите чекори и чекорите на Владата во тие процеси и отвораат перспективи кон посакуваните интеграции.

Заменик претседателка на Владата на Хрватска и министерка за надворешни работи Пејчиновиќ Буриќ ги поздрави и политиките на добрососедство што ги води Владата на Република Македонија и порача дека тоа е патот кон обезбедување политички стабилна и економски просперитетна држава. Таа пренесе поддршка од Република Хрватска за евро - атлантските аспирации на Република Македонија.

Премиерот Заев се заблагодари за големиот пријател што го имаат Република Македонија и граѓаните, во Република Хрватска.

„ Влезени сме во сериозни реформи. Работиме низ дијалог со сите политички и општествени чинители во општеството на национален реформски план, како и на затворање на сите прашања што стојат на патот на перспективите на Република Македонија кон ЕУ и НАТО. ЕУ и НАТО интеграциите значат мир и стабилност, но и економски развој, нови работни места и квалитетен животен стандард“, рече премиерот Заев.

На средбата е заклучено дека се создадени услови за унапредување на трговската соработка меѓу двете земји. За таа цел, премиерот Заев порача дека хрватските фирми се добредојдени во Република Македонија. Разговарано е за продлабочување на соработката во инфраструктурата, енергетиката, здравството, социјалата, земјоделството, животната средина, за примена на искуства од Хрватска во делот на локалниот развој. Исто така, изразена е заедничка определеност кон грижа за потребите на дијаспората во двете држави. Премиерот Зоран Заев  на средбата со заменик претседателка на Владата и министерка за надворешни работи на Хрватска Пејчиновиќ Буриќ нагласи дека Република Македонија се гради во едно општество за сите граѓани, во кое што еднакви шанси имаат и ќе имаат граѓаните Хрвати во нашата држава.

Се удави Полски наутичар во Јадранското Море

Хрватските поморски власти попладнево го најдоа телото на полскиот наутичар , исчезнат во близина на Риека.

Во 7 часот утрово било пријавено дека е исчезнат Полски наутичар од едрилицата ,,Левант “ , на која имало уште десетмина туристи од Полска. По интензивна потрага телото на 67 годишниот наутичар било најдено во близина на островот Угљен . Го здогледал рибар од чамец и пријавил во спасувачката служба.

Членовите на едрилицата биле задржани во полицијата во Ријека на распит.

Истрагата ќе покаже како и зошто телото на искусниот наутичар се нашло во море.

Макрон од мини самитот на ЕУ : Не примаме лекции од други

Во Брисел се одржува мини самитот  на ЕУ , на кој лидерите на 18 земји членки решаваат за мигрантската криза.

Пред почетокот на самитот францускиот претседател Емануел макрон изјави ека не прима лекции од други земји , алудирајќи на изјавите на државниот врв на Италија , каде и новиот премиер Конте и неговиот заменик Ди Мајо го нарекоа ,,човек без допирни точки со реалноста”.

,, Ние никогаш не забораваме кои се нашите вредности. Тоа во овој момент е неприфатливо .” изјави Макрон пред почетокот на мини самитот. Проблемот настана откако голем број земји членки на ЕУ одбија да ја споделат одговорноста за мигрантите за да им помогнат на земјите кои се најмногу погодени , како Грција и Италија.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте кусо изјави дека ќе го претстави својот план за решавање на проблемот. Канцеларката Меркел се надева дека лидерите ќе се договорат како меѓусебно да си помагаат без да треба за тоа одлука од сите 28 членки на ЕУ.

Таа рече дека не очекува денеска да се постигне целосен договор , со оглед на фактот дека истата тема ќе биде во фокусот на формалната средба на сите лидери на земјите членки на ЕУ на 28 и 29 јуни.

Зетот на Трамп со мировен план за Израелците и Палестинците

Џеред Кушнер , главниот американски претставник за израелско – палестинските мировни напори , кој воедно е и зет на претседателот Доналд Трамп изјави дека има мировен план.

Кушнер најави дека наскоро ќе го објави мировниот план, според кој е можно да се оствари без поддршка на палестинскиот претседател Махмуд Абаз.  

Во интервјуто објавено во палестинскиот весник ,,Al- Quds” , Кушнер тврди дека не е убеден оти 80 – годишниот Абаз има способност и волја за постигнување договор.

,,Доколку претседателот Абаз сака да се врати на преговарачката маса , ние сме подготвени да го вклучиме. Доколку не е, најверојатно планот јавно ќе го објавиме.” , вели Кушнер.

Надежта дека Палестина ќе прифати преговори под покровителство на САД е многу мала , поради тоа што минатата година судирите продолжија токму поради ветувањето на Трамп да го направи Ерусалим главен град на Израел.

притисни ентер