Ова е предел на Италија во кој треба да понесете добар апетит (видео)

Културите на Шпанија, Грција и Блискиот исток во текот на вековите многу влијаеле врз сицилијанската кујна, воведувајќи во неа егзотични состојки како агруми (портокал, цитрон, мандарина), ф’стаци и ориз.

Богатата историја и прекрасниот пејзаж многу допринесуваат за разновидноста на оваа култура. Сицилијанците, традиционално, по цел ден ужинаат на улица.

Утрото го започнуваат со традиционален сендвич, кој потекнува од Палермо, познат под името “pane e panelle”. Тој се состои од земичка, и “шницла од леблебија“, со зачини.




Во Катанија можете да пробате аранчини, пржени кнедли од ориз пополнети со месо, сирење, домат и грашок. А за главното јадење, треба задолжително да побарате свежа туна или сабјарка на менијата во рестораните.

А посетата на крајбрежните места, како Чефалу и Таормина, оставете го за десертите.

Познатите сицилијански каноли се фишеци од тесто пополнети со рикола и сирење, познати по тоа што се јадат исклучиво со прсти.

Доколку сакате помали слатки работи, во Модики ќе најдете локална горчлива, зачинета, пикантна чоколада.

Исто така, доколку планирате да ја посетите Сицилија, не заборавајте да понесете и добар апетит.

Мицкоски и Ковачевски ги промовираа своите први спотови во кампањата

На официјалниот старт на кампањата за парламентарните избори лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Христијан Мицкоскии Димитар Ковачевски  ги промовираа своите први спотови во кампањата

Стартува кампањата за парламентарните избори кои ќе се одржат на 8-ми мај. ВМРО – ДПМНЕ камапњата традиционално вечерва ќе ја старува со митинг од Oхрид, додека СДСМ и коалицијата за европска иднина стартот на камапњата за парламентарните избори ќе ја започнат денеска напладне од Музејот на современата уметност во Скопје, каде свое обраќање ќе има партискиот лидер Димитар Ковачевски..

„Гответе со Дракче“ - Полнети бабури со просо

Во среда (17.04.2024) во емисијата гостин ни беше Тања Турунџиева.

Состојки за денешниот рецепт:

1 главица кромид

2 моркова

1 црвена пиперка

1 црвен домат

1 главица лук

1 китка магдонос

3 бабури

САЛАТА

1 марула

1 краставица

1 брокула

1 карфиол

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Над 20 слаби земјотреси регистрирани во Турција

 Во турскиот град Токат денеска се регистрирани повеќе од 20 земјотреси, а најсилните беа со интензитет од 4,7 и 4,1 степени според Рихтеровата скала.

Најсилниот земјотрес бил во еден часот и шест минути по полноќ на длабочина од 9,97 километри, а вториот во два часот и 35 минути на длабочина од седум километри, соопшти турска Служба за управување со катастрофи и вонредни ситуации (АФАД).

Гувернерот на Токат, Нуман Хатипоглу изјави дека земјотресите не предизвикале жртви и материјална штета.

притисни ентер