Крај на големата љубов: Познатиот пар стави крај на својата љубовна врска?

На разочарување на бројните обожаватели, младите музички ѕвезди Селена Гомез и Џастин Бибер повторно ставија крај на својата љубовна врска.
Според пишувањето на американските медиуми, Селена Гомез и Џастин Бибер во моментов се на пауза.

Додека на многумина не им е јасно што се случило, со оглед на тоа дека до неодамна се појавуваа нивни заеднички фотографии, прво се сомневаа дека главниот виновник е мајката на пејачката, Менди Тифи, која не ја поддржува оваа врска.

Сепак, магазинот „Пипл“ известува дека нивното последно раскинување не е поврзано со Менди.



„На нивната пауза не влијаеше мајката на Селена. Тие имаат свои проблеми и затоа прекинуваа и се помируваа“ – изјави извор близок до американските ѕвезди.
Тој додаде дека Селена “никогаш не би базирала врска на основа на мислењето на својата мајка“.

„Тие имаат несогласувања, но не би се изненадил доколку се помират веќе за недела дена“  - заклучи истиот извор.

Мексиканците носат картонска слика на навивач што доби забрана од сопругата да оди на Мундијалот

 Меѓу навивачите на мексиканската фудбалска репрезентација присутни на Мундијалот во Русија се најде и фотографија во природна големина на навивач залепена на картонска кутија.

 Се работи за Хавиер кој доби забрана од дома да патува на СП.

На сината маица на картонот Хавиер пишува: „Мојата сопруга не ме пушти мене“.

Мексико на стартот на Мундијалот ја победи Германија со 1:0, а пријателите на Хавиер му ветиле дека картонот со неговиот лик ќе го носат со себе и на следните натпревари. 

Фото: Наташа Беквалац се врати на сцената

Популарната српска пејачка Наташа Беквалац прв пат по породувањето и скандалот со сопругот Лука Лазукиќ одработи еден настап.

Атрактивната  пејачка со својот сексапилен изглед и настап ја воодушеви публиката на настапот во еден познат белградски сплав.

Федерер со твит го честиташе бодот на Швајцарците

Најдобриот тенисер на светот, Швајцарецот  Роџер Федерер им го честиташе на фудбалерите од националниот тим нерешен резултат против Бразил на Светското фудбалско првенство 2018.

Швајцарија синоќа одигра 1:1 против големиот фаворит и го освои првиот бод на Мундијалот.

-Пристигнав дома на време да го гледам натпреварот Швајцарија – Бразил. Одличен резултат за швајцарски тим. Успех на Бразил на останатите натпревари од турнирот, напиша Федерер на Твитер. 

притисни ентер