Фото: Свечениот фустан ги истакна бујните облини на Иги Азалеа

Американската пејачка Иги Азалеа во свечен фустан со длабок шлиц на доделувањето на музичките награди „ iHeartRadio" во Инглвуд ги покажа своите раскошни облини.
Импозантните  облини на познатата раперка кога ќе се покријат со облека посебно доаѓаат до израз. Иги најчесто може да се види во тесни хеленки или фустани со длабоки отвори, кој повеќе откриваат отколку што покриваат. Во таков еден фустан Иги блесна и на доделувањето на музичките награди во Ингелвуд. 

Атрактивната Азалеа инаку заедно со Ким Кардашијан, Амбер Роуз и  Блек Чајна е секогаш присутна на листата на јавни личности со раскошни облини. 

Мексиканците носат картонска слика на навивач што доби забрана од сопругата да оди на Мундијалот

 Меѓу навивачите на мексиканската фудбалска репрезентација присутни на Мундијалот во Русија се најде и фотографија во природна големина на навивач залепена на картонска кутија.

 Се работи за Хавиер кој доби забрана од дома да патува на СП.

На сината маица на картонот Хавиер пишува: „Мојата сопруга не ме пушти мене“.

Мексико на стартот на Мундијалот ја победи Германија со 1:0, а пријателите на Хавиер му ветиле дека картонот со неговиот лик ќе го носат со себе и на следните натпревари. 

Фото: Наташа Беквалац се врати на сцената

Популарната српска пејачка Наташа Беквалац прв пат по породувањето и скандалот со сопругот Лука Лазукиќ одработи еден настап.

Атрактивната  пејачка со својот сексапилен изглед и настап ја воодушеви публиката на настапот во еден познат белградски сплав.

Федерер со твит го честиташе бодот на Швајцарците

Најдобриот тенисер на светот, Швајцарецот  Роџер Федерер им го честиташе на фудбалерите од националниот тим нерешен резултат против Бразил на Светското фудбалско првенство 2018.

Швајцарија синоќа одигра 1:1 против големиот фаворит и го освои првиот бод на Мундијалот.

-Пристигнав дома на време да го гледам натпреварот Швајцарија – Бразил. Одличен резултат за швајцарски тим. Успех на Бразил на останатите натпревари од турнирот, напиша Федерер на Твитер. 

притисни ентер