Потполн непознато:Ова е единствениот град во Југославија во кој влегол Хитлер, а еве како бил пречекан (видео)

Југословенската држава имала долга традиција на антифашистичкото движење и борба против Хитлер и нацистите.

Затоа оваа епизода од историјата најчесто поминувала незабележана и ретко се спомнувала – постоел еден град во Југославија кој Адолф Хитлер го посетил и тоа веднаш по окупацијата.
На почетокот на војната појавувањето на Хитлер во јавноста станале поретки. Германскиот диктатор најголем дел од времето го проминувал расправајќи за воените стратегии и од таа причина престојувал во неговиот штабови. Доколку и се решил за некоја посета, тоа најчесто биле посети на воените бази додека јавните настапи пред маси на улиците, истите оние кои допринеле за неговата огромна популарност неколку години подцна, станале вистинска реткост.
Посебен „тип“ на посетите на Хитлер биле кратки, ненајавени излети во штотуку окупирани територии кога фирерот ненадејно се појавувал на улиците на некој ново освоен град и на тој начин покажувал дека тој, наводно, многу му значи.
Такви биле неговите осети во 1940 година во места во Белгија каде се борел за време на Првата светска војна, како и обиколка на Париз кој за него, како неостварен уметник, бил доста значаен.
Посета на Словенија била сместена во тој „тип“ на посети иако причината поради која Хитлер ја одбрал токму оваа покраина од целата Југославија никогаш нема да биде најјасна. Туку така Марибор, втор по големина град во Словенија станал единственото место во Југославија кое Хитлер го посетил.
Германија ја нападнала Југославија на 6 април во 1941 година. Југословенската армија капитулирала на 17 април. Веќе на 26 април Хитлер се прошетал низ улиците на Марибор.

Германскиот диктатор го обиколил градот, ги примил претставниците на тамошните Германци и заповедниците на новоформираната окупаторска власт. Приредена е и приредена на која настапил хор на локални девојчиња, а во дворот пред градскиот двор фирер извршил смотра.
За време на заминувањето Хитлер го испратиле илјадници ентузијастични граѓани на Марибор, а неговиот придружник, германскиот дипломат Валтер Хевел запишал:„Хитлер беше многу среќен. Приемот беше фантастичен“.

Италијанскиот министер за одбрана, Кросето во посета на Косово

Кросето во базата на НАТО ќе ги посети војниците од италијанскиот контигент на КФОР.

Министерот за одбрана на Италија, Гвидо Кросето допатува претпладнево во Косово, каде што ќе се сретне со неговиот хомолог, косовскиот министер за одбрана, Ејуп Маќедонци и со командантот на мисијата на НАТО во земјата КФОР, Озкан Улуташ, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во соопштението на италијансаката амбасада во Приштина се наведува дека Кросето во базата на НАТО ќе ги посети војниците од италијанскиот контигент на КФОР, на кои ќе им го честита вториот ден од тридневието на католички Велигден, Велик петок.

- Авионот со италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето штотуку слета во Приштина. На дневен ред се разговори со неговиот косовски колега, Ејуп Маќедонци и со командантот на КФОР, Озкан Улуташ. Во базата на НАТО во „Филм Сити“ министерот ќе го поздрави италијанскиот контингент распореден на Косово, се вели во соопштението на Амбасадата на Италија во Косово. /МИА

Манолева: Болницата во Отешево со комплетно нов лик по 43 години

Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева, вчера беше во посета на ЈЗУ Специјализирана болница за превенција лекување и рехабилитација на хронични респираторни неспецифични и алергиски заболувања ОТЕШЕВО.

Оваа јавно-здравствена установа минатата година доби комплетно нов лик со реновиран болнички објект финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарија во висина од 20 милиони денари.

„Со имплементацијата на овој проект подобрени се болнички услови за третман на пациенти, поставен е нов мебел како донација од Луксембург, а собите се наместени со нов инвентар. Сите амбуланти, лабораторија, дневна соба, ехо кабинет, соба за спирометрија и алерго тестови се позиционирани во реновираниот објект. Како што можевме да видиме од посетата амбулантите веќе функционираат во реновираните простории. Специјализираната болница Отешево нуди современи услови за третман на пациенти и достоинствени услови за работа на здравствените работници“, рече Манолева.

Болницата во Отешево опстојува повеќе од 43 години и ова е прво реновирање кадешто значително се унапредени болничките услови. Во изминатиот период, установата се зајакна и со два апарати за физикална медицина и рехабилитација во склоп на проектот во вредност од 270 илјади денари.

Министерство за здравство

Климатските промени ќе ја зголемат инфлацијата на храната

Зголемувањето на температурите и екстремните временски настани се очекува да имаат глобално влијание на земјоделството. 

Според новата студија на Институтот за истражување на климатските влијанија во Потсдам (ПИК), зголемените просечни температури би можеле да ја зголемат годишната инфлација на храната до 3,2 отсто годишно, а вкупната инфлација до 1,18 отсто годишно до 2035 година.

Во студијата, истражувачите наведуваат дека климатските фактори, како што се високите температури и екстремните врнежи, влијаеле на инфлацијата во историски контекст, но не направиле посебна анализа за тоа кои прехранбени производи најверојатно ќе бидат најмногу погодени.

„Откривме дека зголемувањето на температурите може да доведе до повисоки цени на храната, особено во топлите региони и годишните времиња“, рече д-р Макс Коц, еден од авторите на студијата.

„Во идните климатски услови, овие влијанија би можеле да станат големи - проценети на 1-3 процентни поени годишно врз инфлацијата на храната до 2035 година, загрозувајќи ги целите за стабилност на цените на централните банки, како што е ЕЦБ, која има за цел да ја задржи инфлацијата под 2 отсто“, додаде Коц.

Во исто време, вкупната инфлација може да расте во просек за 0,32-1,18 процентни поени секоја година на глобално ниво, се вели во студијата.

Зголемените или нестабилните цени ја загрозуваат економската и човечката благосостојба, како и политичката стабилност, се наведува во извештајот, цитирајќи податоци на ОН дека кризата на трошоците за живот во 2021-2022 година турна во сиромаштија дополнително 71 милион луѓе ширум светот.

Инфлацијата предизвикана од климата влијае подеднакво и на богатите и на сиромашните земји. Се очекува глобалното затоплување да влијае на инфлацијата на храната и на вкупната инфлација и во земјите со високи и со ниски приходи.

Инфлацијата расте како што растат температурите, а најсилно се јавува во лето и во топлите региони на пониски географски широчини, каде што ќе се задржи во текот на целата година. Поради оваа причина, според студијата, глобалниот југ, особено Африка и Јужна Америка, ќе бидат погодени во поголема мера.

Студијата внимателно го разгледува исклучително топлото европско лето во 2022 година, кога жештината и сушата имаа големо влијание врз земјоделството и економијата.

„Проценуваме дека исклучително топлото лето во 2022 година ја зголеми инфлацијата на храната во Европа за околу 0,6 отсто. Идното затоплување, прогнозирано за 2035 година, би го зголемило влијанието на ваквите екстремни настани до 50 отсто“, додаде Коц. /МИА

притисни ентер