Момче кое било слепо се треселo од нервоза на сцената, но неколку секунди подоцна жирито се наежило (видео)

Кристијан Гуардион има само шеснаесет години но поминал низ доста потешки ситуации од неговите врсници.
Тој е роден слеп, но кога имал 12 години докторите со помош на чудесна револуционерна операција успеале да му го врат видот. Не мораме ниту да  објаснуваме каква разлика тоа направило во животот на ова момче.
На рана возраст му била дијагностицирана болест на ретината која го оставила слеп. Но неговиот живот се сменил откако учествувал во експериментална терапија која му го вратила видот. Тоа му дало сила и самодоверба да му се посвети на пеењето. Кога стапил на сцената на емисијата „Америка има талент“, нервозата за малку ќе го совладала.
Во видеото можете да видите како е нервозен кога доаѓа на сцената и зборува со жирито. Но сето тоа исчезнало кога почнал да пее.
Доколку го погледнете видеото ќе го видите изненадувањето на лицата на членовите на жирито.
-Ти си како мал глушец која се претворил во лав. Еден си од најдраги учесници кои ги видов годинава. Не само поради твојот глас, едноставно мис е допаѓаш. Има нешто посебно во тебе и најдобро можно чувство е да се запознае некој како тебе“, изјавил Сајмон Кауел.

Новозеландската премиерка одбра Маорско име за ќеркичката

Премиерката на Нов Зеланд , Џесинда Ардерн , која се породи во четвртокот на Инстаграм го објави името на бебето.

Ќеркичката ќе се вика Неве Те Ароха , во чест на маорското наследство на Нов Зеланд.37 годишната премиерка  и нејзиниот сопруг , ТВ водителот Кларк Гајфорд заеднички го избрале името .

Неве означува ,, блескава и озарена “ како и ,,снег“ , бидејќи девојчето е родено среде зима и тоа за време на Маорската нова година . Нејзиното второ име Те Ароха значи ,,љубов” на јазикот кој го говорат Маорите.

,,Името Те Ароха го одбравме поради количеството љубов со која го опсипавме бебето и пред да се роди “ ,  објаснува премиерката.Во чест на раѓањето на бебето Симфонискиот оркестар на Нов Зеланд ја сними Брамсовата приспивна песна ,,Cradle song” на јазикот Те Рео Маори, кој го говорат повеќето припадници на домородната заедница на островите на Пацификот.

Ѕвездата на ,,Сексот и градот” ја откри најголемата тајна – ,,Синот ми беше ќерка”

Ѕвездата на серијата ,,Сексот и градот “, Синтија Никсон ја откри неверојатната тајна за нејзиниот 21 годишен син.

Синтија Никсон (52) деновиве на Инстаграм се пофали дека нејзиниот син Самјуел дипломираше , но при тоа откри и еден неверојатен детал. Синот на Синтија се родил како девојче и се викал Саманта.

Со објавата ,Синтија сакала да го одбележи светскиот ден на трансродните лица и да укаже на борбата против нивната дискриминација. Инаку , Синтија го добила Самјуел во брак со поранешниот сопруг Дени Мозес , со кого го има и 15 годишниот син Чарлс.

Тие се разведоа во 2003 година за во 2012 Синтија да се венча со активистката Кристина Марињони. Со Кристина Синтија го доби синот Макс , кој е зачнат од донатор на сперма.

Сообраќајни полицајки во жешки панталони (ВИДЕО)

Сообраќајни полицајки во провокативни панталони го регулираат сообраќајот во Либан со цел да го зголемат бројот на туристи.

Либанските власти за оваа летна сезона подготвија посебна униформа за атрактивните полицајки . Тие во куси и тесни панталони и припиени маички го регулираат сообраќајот со цел да привлечат туристи од регионот.

,,Дури 99 проценти од туристите во медитеранските земји носат куси панталони и не гледам каде е проблемот ако и ние малку ја скусиме униформата .”, изјави градоначалникот на туристичкиот град Бруман , Пјер Акар .

Тој вели дека сака да ја смени црната слика која туристите ја имаат за Либан .

притисни ентер