Еве како најлесно да ги вратите избришаните фотографи на Андроид и Ајфон

Сите сме се нашле во ситуација кога сме зажалиле затоа што сме избришале некоја фотографија.

За среќа, постои начин како повторно да дојдете до избришаните фотографии. Без оглед дали користите Андроид или Ајфон овој водич ќе ви помогне повторно да дојдете до избришаните фотографии.
Ајфон
Епл на корисниците максимално им ја олеснил работата.
1.Пристапете и на вашата Photos апликација и одете во албуми.
2.Скролајте до самото дно и допрете ја опцијата "Recently Deleted".
3.Во овој фолдер ќе ги пронајдете сите фотографии кои сте ги избришале во последните 30 дена. За да повторно ги вратите, потребно е само да ја допрете саканата фотографија и да ја изберете опцијата Recover. Исто така можете да ја изберете и опцијата Delete и засекогаш да ја избришете фотографијата.
Доколку постои фотографија која сакате да ја пронајдете, а е избришана доста порано, тогаш морате да се потпрете на бекап на iTunes или да платите посебна специјализирана апликација.
Андроид
Најдобро решение може да ви претставува апликацијата под име DiskDigger која можете да ја симнете од Google Playstore. Кога ќе ја инсталирате апликацијата, со нејзина помош можете да го скенирате вашиот телефон и да ги пронајдете избришаните фотографии.
Еве како се користи апликацијата:
1.Симнете ја апликацијата од Playstore.
2.Отворете ја апликацијата и допрете ја опцијата Refresh List. Кога на екранот ќе се појави содржината, изберете System folder.
3.Кога ќе одберете фолдер, допрете Scan Device и ќе ви се појави листа на избришани фотографии. Кога ќе ја видите онаа фотографија која сакате да ја вратите, селектирајте ја и сочувајте ја.
4.Апликацијата ќе ве праша каде сакате да ја сочувате, а кога ќе изберете локација, таа ќе биде вратена на вашиот телефон.

Јокиќ им раскажа на Американците што појадува секој ден- не можеле да поверуваат (ВИДЕО)

Главниот фаворит за МВП сезонава во НБА лигата (што би му била трета награда во последните четири години), Никола Јокиќ е заштитно лице на платформа за избор на хотели, а во рекламата што ја сними зборуваше за своите искуства од престојот во хотелите.

Најголемо внимание привлече делот кога Јокиќ зборуваше за својот вообичаен појадок, а тој дел стана вирален.

„Прво, кајгана од пет јајца, задолжително сланина, шунка и спанаќ. Не смее да биде редок, но не смее да биде ниту премногу сув. Потоа каша со ореви, бадеми, боровинки и мед. Потоа шејк со банана, шумски плодови и малку сок од јаболко. Леле, тоа се околу 5.000 калории во еден појадок“, се насмеа Јокиќ сфаќајќи колку јаде секое утро.

Кога пристигна во НБА, Јокиќ имаше проблеми со килограмите поради неговите не баш здрави навики во исхраната, но кога НБА воведе построги правила во однос на исхраната, српскиот центар физички е еден од поподготвените играчи во лигата.

Загина полицаец во Пиреја- се урна зграда, повредени се три лица

Еден човек загинал, а тројца се повредени кога утрово при реновирање се урна просторија од стара зграда во кварт на грчкото пристаниште Пиреја.

Според првичните податоци, жртвата е 31-годишен полицаец кој бил заробен во товарен камион и згмечен од градежен материјал.

Несреќата се случила во двокатница во улицата Неорион во Пасалимани при реновирање на зградата, пренесува Катимерини.

Тим од 24 пожарникари и спасувачката единица за одговор при катастрофи (ЕМАК) се уште се обидуваат да утврдат дали повеќе луѓе се затрупани во урнатините. Полицијата привела пет работници, изведувачот и возач на камион.

НБА ѕвездата Блејк Грифин ја заврши кариерата

Легендарниот американски кошаркар Блејк Грифин реши да стави крај на кариерата по 13 сезони во НБА!

Грифин својата одлука ја објави преку социјалните мрежи, а сезоната 2022/23 му беше последна. Тогаш беше член на Бостон Селтикс и одигра вкупно 41 натпревар на кои имаше просек од 4,1 поен и 3,8 скока.

Грифин никогаш не освои НБА прстен, а во текот на кариерата играше за Лос Анџелес Клиперс, Детроит, Бруклин и гореспоменатите Селтикс. Ќе остане запаметено и дека победи на натпреварот во забивање во 2011 година.

Иако втората половина од кариерата на Грифин беше бледа во споредба со првата, пред сѐ поради повреди, тој на крајот постигна голем успех во целина. На 765 натпревари во првенствениот дел од сезоната забележа просек од 19 поени, осум скока и четири асистенции.

притисни ентер