Меден месец за паметење: Врелата манекенка ужива во среде пустина (фото)

Прво пред две недели со својата ненадејна изјава дека ќе се омажи го шокираше светот, а потоа дваесет и шестгодишната манекенка Емили Ратајковски ги изненади сите со изборот на дестинацијата за медениот месец.

Таа и нејзиниот избраник, актерот и продуцентот Себастијан Беар – Мекклард, во моментот се во среде пустина на романтично патување.

Набргу после брзата венчавка, парот отпатува на меден месец.

И наместо традиционалните сини бранови, кристално море, песочни плажи, Емили и Себастијан отпатуваа во луксузен ризорт кој се наоѓа во среде пустина.

Смело и оригинално, но и многу, многу скапо.

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata) on


Во хотелот во кој едно ноќевање чини околу 7000 евра, на гостите на располагање им е приватен базен, сауна, масажа, лековити бањи, но и скапоцен мир од љубопитната јавност.


Morning in the desert

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata) on


Освен песокот, кој го има во огромни количини, во близина нема ништо друго.

Инаку, Емили со години се смета за една од најатрактивните манекенки, а никогаш не била видена во машко друштво.


Prime cocktail time at #Amangiri #AmanResorts #AmanFoodie

A post shared by Amangiri (@amangiri) on


Во почетокот на февруари одеднаш го претстави својот избраник, за кого после неколку дена се омажи.



Модната икона не му придаде многу значење на тој настан, бидејќи се венчаа во градската општина со двајца сведоци во целосно лежерно издание што ги збуни и воодушеви фановите ширум светот.

Бизарна несреќа во Шпанија: Го удрила камбана по главата- останал на место мртов (ВИДЕО)

30-годишен маж од Пинел де Браја, Шпанија, загинал на крајно бизарен начин кога бил удрен во глава од црковно ѕвоно за време на прославата во градот.

Младиот човек се качил на камбанаријата за да ја придвижи камбаната, традиција на градската слава, но погрешно го пресметал просторот и добил силен удар во главата, кој подоцна се покажал како фатален, објави Ел Паис.

Според локалните медиуми, 30-годишен маж кој живее во Барселона дошол во Пинел де Браја да ја прослави славата на градот, бидејќи неговото семејство било од таа област.

Тој сакал да учествува на свеченостите по повод празникот, но за жал починал.

По ударот мажот останал без свест, а присутните се обиделе да го реанимираат пред да пристигне лекарската помош, но сите напори биле залудни.

Лекарите по повикот многу брзо пристигнале на местото на настанот, но можеле само да констатираат дека мажот е мртов.

Противпожарната бригада го извадила телото од камбанаријата на црквата Сант Лоренцо.

Полицијата отворила истрага за да се утврдат околностите под кои се случил овој трагичен инцидент.

Според досега реконструираното, несреќата се случила за време на еден вид ритуал кој вклучува целосно вртење на ѕвоното пред да започне прославата. Ѕвонењето се вршело рачно со почеток во шест часот наутро.

Градоначалничката на Пинел де Браје, Лаура Валеспи, рече дека порано имало мали инциденти како повреди на рацете, но никогаш вака сериозни.

Силјановска-Давкова:Ако бев претседателка, сега ќе протестирав со специјализантите!

Професорката Гордана Силјановска-Давкова порача од Гевгелија:Ако бев Претседателка, сега ќе протестирав и марширав со специјализантите!

Сите ние, седумтемина претседателските кандидати, напишавме убави текстови за поддршка на специјализантите. Што се случи? Нели е сега министер за здравство некој од актуелната власт? Нели има кандидати за пратеници што се лекари?

Зарем уште еднаш ќе дозволиме оние кои едвај ги чекаат надвор како непроценлив македонски подарок, лекари, млади специјализанти, да си заминат? Не!

Што ќе направев јас ако бев во моментов претседателка? Ќе протестирав и ќе марширав со нив! И тоа ќе го правам! Со сите ранливи категории, секогаш кога ќе сакам да ја разбудам свеста!

Не за да се правам важна или млада, туку за да покажам дека оние на клучните функции се таму заради заштита на јавниот интерес и јавното добро. А јавното добро мора да создава јавна вредност. Тие, специјализантите, создаваат непроценлива јавна вредност! Ги штитат нашите животи! Прават се што прават и другите лекари. Ама токму тие не уживаат здравствена и социјална заштита. Па, каква е таа социјална држава и каква е таа социјалдемократија што не води сметка за оние кои ни се најпотребни?

Оти ние веќе се откажуваме од лекарите. А јас велам, одличен би бил еден здравствен туризам. Денеска сретнав еден професор од Оксфорд, мој пријател. Ми вели дека меѓудругото, доаѓа овде исто така и заради тоа што има одлични лекари во „8-ми Септември“. Просто, не верував!

Сега замислете, ние да се откажеме од она што го вложила Македонија во овие луѓе и да им речеме: - Заминете си.

Не! Останете уште малку, ве молам! Истрпете уште малку! Бидете убедени дека ништо нема да биде како досега по старо! Се ќе биде ново! Секаде каде што сум била, сум правела промени! Ќе правам и како претседателка!, рече Силјановска- Давкова, објави нејзиниот тим.

Командант на Хесболах е убиен во израелески напад во Либан

Командантот на крајбрежниот сектор на Хезболах е убиен во израелски напад, соопштија израелските одбранбени сили.

Се вели дека еден од нивните авиони го „погодил и елиминирал“ Исмаил Јусаф Баз во областа Аин Ебел во Либан, пренесува Sky news.

Командантот служел како висок функционер на неколку позиции во военото крило на Хезболах.

Тој исто така планирал да лансира ракети и противтенковски ракети кон Израел од крајбрежната област на Либан, велат тие.

притисни ентер