Сепак, веста за породувањето на неговата сопруга, ја откри неговата поранешна долгогодишна партнерка Елизабет Харли.
Гостувајќи во емисијата „Watch What Happens Live”, водителот Енди Коен ја запрашал Харли дали е изненадена од бројот на деца кои Хју ги има.
„Доби уште една минатата недела. Сега ги има пет. Имаше повеќе од 50 години кога ги доби сите“ – одговори актерката.
„И не си запрепастена од тоа?“ – продолжи Коен.
„Не, бидејќи тоа е прекрасен како татко. Делува навистина слатко“ – изјавила таа.
Сепак, зборувајќи за тоа како татковството влијаело на Грант како личност, Харли не покажа исто такво воодушевување.
„Откако ги доби децата, се трансформираше од многу бедна во прилично бедна личност. Го подобри тоа, бидејќи се издигна на скалилото“ – изјавила таа.
Потсетуваме, неславната епизода на Грант со проститутката се случи во 1995 година, во време додека беше во врска со Елизабет Харли.
Откако неговото неверство излезе на виделина, се обидоа да ја спасат врската која траеше уште од 1987 година.
Некое време им одеше тоа од рака, но во 2000 решија да стават крај.
После 13 години врска, тие останаа во добри односи, што ги изненади многумина, а во добри односи се и денеска.
Своето петто дете Грант го доби со девојката Ана Еберстин, шведската телевизиска продуцентка, со која ги има и ќерката и синот Џон. Името на ќерката, која е родена во 2015 година се чува во тајност.
Грант ги има и ќерката Табита и синот Феликс со поранешната девојка, кинеската убавица Тинглан Хонг.
Интересно е тоа што неговата поранешна и сегашна девојка беа во исто време бремени со синовите, и тие со родија со само неколку месеци разлика.
Така Грант за само четири години доби дури четири деца.