Објавени интимните фотки на новинарката на НБА (галерија)

Хакери влегле во телефонот на најпознатата НБА новинарка , Тејлор Матис и ги објавиле интимните фотографии.
Фотографиите од атрактивната новинарка и видеата со порно содржина од телефонот се објавени на социјалните мрежи и ги прегледа целиот свет. Само најексплицитните видеа не биле објавени .

Тејлор е позната спортска новинарка која , прави интервјуа со НБА ѕвездите за време и по натпреварите . По потреба известува и од Националната фудбалска лига.  

Плејбој зајачицата тврди: Новиот филм за Хју Хефнер ќе ги згрози гледачите

Најновиот документарец за животот во Плејбој вилата, ќе ги открие најмрачните тајни на основачот на истоимениот магазин, Хју Хефнер.

Некогашната плејбој зајачица Карла Хау, која во неа живеела заедно со нејзината сестра близначка Мелиса, изјавила дека овој филм ќе ги “згрози гледачите“.

Хефнер, познат по својот хедонизам, но уште попознат како основач на „Плејбој, најпознатиот магазин за мажи, живеел во својата вила со многубројни убавици. Меѓутоа, на јавноста сега, во новата емисија за него, ќе и биде откриено каков бил во своите четири ѕида и како се однесувал спрема девојките.

„Моментално се снима документарецот за вилата. Продуцентите ги канат девојките кои живееле во вилата“ – открила таа за „Дејли меил“.

Иако изјавила дека не присуствувала на ниту еден инцидент, Карла додала дека слушнала “многу грозни работи за Хефнер“.

„Никогаш немав лошо искуство со него, но многу девојки имаа. Некои од нив дури сега проговорија  тоа што ќе го слушнете не е воопшто убаво. Некогаш држеше по осум девојки затворени во соба, кои го чекаа својот ред кај него. За среќа, мене никогаш не ми се случи ништо лошо. Кога живеев во вилата, Хју веќе беше оженет, па така можам да речам дека сум една од ретките кои добро поминаа“ – изјавила Карла.

Додала дека многу од девојките и рекле дека е “вистинска среќница“ што не дошла порано, туку откако Хефнер бил оженет. Тврди и дека Хју знаел оти тие работи кога тогаш ќе излезат на виделина.

„Девојките знаеја во што се впуштаат кога се согласуваа на неговите услови, а сакаа своите животи да ги заменат за кариера. Секако, некои од работите кои се случиле ужасни и тоа никако не е во ред“ – открила таа.

Инаку, првата плејбој зајачица која јавно проговори за животот во Плејбој вилата беше Холи Медисон, која со Кендра Вилсон живееше кај Хефнер цели седум години.

„Морав да изгледам како се да ми е фантастично, а бев ужасно несреќна. Вики доведуваше голем број на жени во неговиот кревет, и јасно ми е зошто тоа го правеше – што повеќе ги имаше, помала беше шансата дека таа ќе мора да има секс со него“ – открива Холи во автобиографијата која ја објави пред три години.

И Кендра зборуваше за сексот со Хју: „За да ја преживеам ноќта, бев пијана и дрогирана. Немаше друг начин, а не можев да побегнам“.

Какви автомобили возат светските лидери? (фото)

Последните недели во центарот на вниманието беше премиерата на новата лимузина на претседателот на Русија, Владимир Путин, но тој не е единствениот лидер кој ужива во луксузниот превоз.

Претседателските лимузини секогаш привлекуваат внимание кај обичниот народ, без оглед дали станува збор за некои ексклузивни модели или некои други автомобили.

Од земја до земја се разликуваат потребите и желбите на челниците па така некои возат во стандардни седани, други во продолжени лимузини, трети во теренци, четврти во класици, има и кабриолети, дури и комбиња, но приказна за себе е поранешниот претседател на Уругвај.

Погледнете и сами.

Финците се најсреќниот народ, а каде се Македонците?

Најсреќен народ на светот се Финците, додека Македонија се наоѓа на 89-тото место од 156-те земји кои се анализирани.

Кога станува збор за поранешните југословенски држави, зад нас се наоѓа единствено Босна и Херцеговина, додека останатите поранешни југословенски држави се наоѓаат погоре на листата од нас, покажува најновото Светско истражување за среќа за 2018 година.

Веднаш зад Финска се наоѓаат Норвешка, Данска, Исланд и Швајцарија. Кога станува збор за земјите од ЕУ, најсреќни се жителите на Австрија, кои на оваа ранг листа го заземаат високото 12 место. Зад нив се Германците, на 15-тото место.

Истражувањето за среќата, кое го направи Медиа Галуп, покажува дека Финците се најсреќниот народ, но граѓаните на таа земја не се согласуваат со таквата оценка.

„Финците, но и останатите нордиски народи по природа се интровертни, тешко ги покажуваат емоциите. По тие одлики, тие се целосна спротивност на латино американците, на пример, кои имаат бурни реакции“ – изјавил Маик Викинг, директор на институтот „Happiness Reasearch”, пренесува „БиБиСи“.

Професорот на Универзитетот Британска Колумбија – Џон Халивел и еден од уредниците на Светскиот извештај за среќа, објаснил дека во ова истражување не станува збор само за емоции, туку дека оваа анализа повеќе се однесува на задоволство во квалитетниот живот и уредениот систем.

Бруто домашниот доход по глава на жител допринесува за квалитетот на живот и го продолжува животниот век. Но го продолжува и сознанието дека се грижите за некој, дека знаете оти има некој кој ќе ви помогне и слобода да донесе одлука. Значи, овде станува збор за доверба и широкоградост, а Финска високо рангира по овие критериуми“ – изјавил Халивел.

Каде е Македонија, а каде се поранешните југословенски републики

Како и во многу истражувања, и во ова Словенија, кога станува збор за поранешните југословенските републики е најдобро рангирана и се наоѓа на “високото“ 51 место. Зад неа на 78 место се наоѓа Србија.

Нешто “понесреќни“ се граѓаните на Црна Гора која се наоѓа на 81 место, а Хрватска на 82 место.

Додека зад Македонија се наоѓаат само жителите на Босна и Херцеговина, кои го заземаат 93 место.

притисни ентер