„Женски приказни“ со Македонската филхармонија

Симфониски концерт насловен „Женски приказни“ ќе одржи вечер Македонската филхармонија на кој солист ќе биде руската пијанистка од Германија Олга Шепс, а оркестарот ќе го води нашата диригентка Елена Митревска која кариерата ја гради на европските сцени.

Пред македонската публика пијанистката Шепс ќе го изведе познатиот Концерт за пијано и оркестар бр. 3 од Лудвиг ван Бетовен. На програмата оваа вечер се и Бетовеновата увертира „Леонора“ бр. 3, како и избор од експресивните две свити „Арлезијанка“ од францускиот композитор Жорж Бизе.

Руската пијанистка Олга Шепс почнала да изучува пијано на петгодишна возраст. Во 1992 година нејзиното семејство се преселило од Москва во Германија, и тоа ќе стане новиот дом на Шепс.

Сега е активна како концертен пијанист не само во Германија, туку и во Русија и во Англија. На 16 години станала еден од најмладите студенти на Музичката академија во Келн каде дипломирала во 2013 година. Нејзиниот професор Павел Гилилов, како и нејзините родители, и двајцата пијанисти и учители по пијано, сè уште имаат важна улога во нејзиниот развој како музички уметник.

Во 2009 година потпишала ексклузивен договор со „Сони класикал“, за чија издавачка куќа во 2016 година го сними својот седми албум. За албумот „Шопен“ ја доби наградата „Ехо“ во категоријата „Млад уметник на годината“. Како „Стенвеј“ артист, Олга Шепс денес живее во Келн, настапувајќи на голем број фестивали за класична музика надвор од нејзината земја, со видни оркестри и диригенти.

Диригентката Елена Митревска Скопје доаѓа од Овиедо каде што од 2016 е ангажирана како хор-мајстор во Операта во тој шпански град. Дипломирала на Одделот за музичка теорија и педагогија на Факултетот за музичка уметност во Скопје во 2008 и продолжила во Виена на Универзитетот за музика и изведувачки уметности каде дипломирала - најпрвин хорско диригирање, а потоа и оркестарско диригирање заедно со престижниот Виенски камерен оркестар.

За време на студиите активно работела како диригент на неколку хорови во Виена и го основала ансамблот „Глезум” со кој во 2013 ги изведува Чичестер псалмите од Леонард Бернштајн.

Уште од почетокот на студиите е редовен член на хорот „Арнолд Шенберг“ каде од 2012 година работи и како асистент на концертните, но и на оперските проекти во Theater an der Wien. Има настапувано во престижни сали, како Musikverein, Wiener Konzerthaus, Suntory Hall, KKL и соработка со диригенти како Николаус Харнонкур, Клаудио Абадо, Бернард Хаитинк, Сајмон Ратл, Рене Јакобс...

Во 2014-та ја добила наградата „Ервин Ортнер“ за значајни достигнувања во областа на хорското диригирање во Австрија, а во 2015-та го презела уметничкото раководство на хорската и оркестарска музичка работилница во Хинтершмидинг, Германија.

Македонското деби како диригент Елена Митревска го имаше во 2015 година со Камерниот оркестар на Музичка младина на „Охридско лето“ и на „Скопско лето“. /МИА

Пендаровски до Давкова: Нека ѝ служи на чест!

На вечерашниот граѓански митинг во Кочани кандидатот за претседател Стево Пендаровски меѓу другото одговори и на прозивките од противкандидатката Гордана Силјановска-Давкова за негови наводни средби со криминалци и нарко-босови.

„Јас сум последниот човек во Македонија за кој можеш да помислиш дека се дружи со нарко босови. Но, знам некои од нејзиното најблиско опкружување кои се криминалци уште од раните 1990-ти и ако сега има ветинг, не би го поминале. Значи луѓе кои несразмерно се обогатиле, од кршење на санкциите на во тоа време од бивша Југославија, од раните 1990-ти, кога со фри шоповите на северна граница во еден ден се правеше промет од еден милион германски марки. Мојот имот е на показ, имам анкетен лист, нека проверат колку пари наводно ми префрлиле тие нарко босови. Но, повторувам во тој дел, споредба меѓу мене и неа, меѓу нејзините пајташи, другари што ја поддржуваат сега е невозможна. Значи станува збор за кандидатка која е предложена од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Да ве потсетам, еден од првите случаи што Специјалното јавно обвинителство, СЈО, го отвори, беше не само за поединци од таа партија, туку и за партијата како таква во целост и поради тоа тие до ден денес имаат блокирана жиро сметка. Значи криминална организација ја кандидира госпоѓата, а таа мене ме обвинува дека сум бил другар со нарко-босови. Нека ѝ служи на чест“ посочи Пендаровски.

Пендаровски истакна дека потребен е целосен ветинг на политичарите, но особено на судиите и обвинителите и тоа треба да се случи што е можно побрзо.

„Да не постои таков сомнеж или генерална перцепција кај народот дека за 10 ќебапчиња или за 50 денари од наплатна рампа се оди во затвор, а за украдени милијарди се живее лагодно на некој од даночните рајеви, за да го избегнеме тоа, јас сум за ветинг, за проверка на секој од нас“ посочи Пендаровски, соопштија од неговиот тим.

Судија од БиХ пет часа не смеел да излезе од стадионот, откако го претепале на терен (ВИДЕО)

На вчерашниот натпревар од 21. коло од Првата лига на кантонот Тузла помеѓу Меѓиѓа и Требава (1:0) имаше немили сцени.

Натпреварот бил прекинат во 80. минута откако судијата Замир Курбашиќ од Градачац бил брутално претепан. Делегатот Самир Џибриќ од Лаковац во записникот опишал што се случило откако судијата Курбашиќ свирел пенал за гостите.

Голманот на домаќините Мухамед Хаскиќ ја пцуеше мајка му, а Курбашиќ веднаш му даде црвен картон. После тоа Хаскиќ со нога го удри Курбашиќ, а потоа на теренот истрча лице во елек. Станува збор за Мухидин Бркиќ, кој не бил на списокот. Во таа толпа тој и непознато лице физички го нападнале судијата. Бркиќ го удрил со тупаница во стомакот, а потоа го клоцал по лицето додека бил на земја. Тогаш непознато лице го удрило судијата со тупаница во ребрата.

Курбашиќ успеал да се извлече од тешката ситуација, но потоа морал да остане пет часа во просториите на стадионот бидејќи надвор го чекале гневните навивачи на Меѓиѓа.

СпортСпорт објави видео на кое судијата околу 22 часот го напушта стадионот со голема полициска придружба. После се, Меѓиѓа се огласи на Фејсбук:

„Спортот кај нас никогаш нема да излезе од црната кал. Денес фудбалот дефинитивно е згаснат. Замир Курбашиќ, срам да ти е, ако воопшто знаеш што е тоа. Толку од нас. Никогаш повеќе во оваа бедна Прва лига. Фуј .“

Баербок го повика на разговор рускиот амбасадор, по приведувањето за шпионажа

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок го покани рускиот амбасадор во Берлин, Сергеј Нечаев, на дискусија во врска со притворањето на две лица осомничени за шпионажа за Русија, пишува весникот „Билд“.

Германското јавно обвинителство денеска соопшти дека двајца мажи се уапсени под сомнение дека вршеле разузнавачки активности во корист на Русија.

Обвинителството изјави дека се работело за германско-руски државјани.

Германското обвинителство соопшти и дека двајца мажи, Дитер С. и Александар Ј., биле уапсени под сомнение дека се руски шпиони кои подготвувале бомбашки напади во Германија.

Дитер, според обвинителството, бил во контакт со руски разузнавач од октомври 2023 година и учествувал во заговор за предизвикување бомбашки напади и подметнати пожари во Германија, вклучувајќи и американски воени бази.

Целта на тој заговор била да се поткопа воената помош што Германија ѝ ја дава на Украина, а Дитер собирал информации за целите на потенцијалниот напад, пренесува Дојче веле (ДВ).

Германската федерална полиција кај него пронашла фотографии и видео снимки од таргетираните објекти, кои му ги испратил на директорот, а Александар му помагал најдоцна од март годинава.

Александар е обвинет и дека бил член на странска терористичка организација, односно воена единица на самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР) во источна Украина од 2014 до 2016 година.

притисни ентер