Македонскиот филм „Исцелител“ избран да учествува на „Софија филм фест“

Филмот „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески ќе биде прикажан на најголемиот меѓународен филмски фестивал во Бугарија – „Софија филм фест“. Филмот ќе се натпреваруваво балканската програма во конкуренција со 12 други филма кои ги вклучуваат најуспешните балкански кино остварувања од последната година.

„Исцелител“ ќе има три прикажувања за време на фестивалот, на 13-ти, 15-ти и 22-ри март.

Во балканската програма оваа година се и:добитникот на златна мечка на Берлинскиот филмски фестивал, романскиотфилм „Не допирај ме“, на Адина Пинтилие, добитникот на специјалната награда во Карлови Вари, босанскиот „Мажите не плачат“ на Ален Дрљевиќ, добитникот на награда на Трибека, грчкиот „Синот на Софија“ на Елина Псикоу, добитникот на главната награда на фестивалот во Токио, турскиот филм „Зрно“ на Семих Капланоглу и други.

Ова е 22-ро издание на „Софија филм фест“. Фестивалот е во листата на врвни 50 светски филмски фестивали според престижното списание Варајати, а престставува и еден од најзначајните филмски настани во Европа акредитиран од ФИАПФ. На фестивалот досега присуствувале етаблирани филмски професионалци какоПитер Гринавеј, Јиржи Менцел, Никита Михалков, Мики Каурисмаки и други. Оваа година Вим Вендерс и Милчо Манчевски ќе ги претстават своите најнови филмови, а култниот американски режисер, Абел Ферара ќе добие специјална награда за придонес во филмската уметност.

Главните улоги во филмот „Исцелител“ги толкуваат: Благој Веселинов и Анастас Тановски, а останатите улоги: Аксел Мехмет, Димe Илиев, Александар Микиќ, Мирослав Петковиќ, Симона Димковска и други. Автори на музиката се Бранислав Николов, Пеце Трајковски-Брада и Гоце Јованоски, директор на фотографија е Дејан Димески, монтажер Мартин Иванов, а сценарист, режисер и продуцент е Ѓорче Ставрески. Филмот е во продукција на Фрагмент филм од Скопје.

Наполи сака да го задржи во тимот Кварацхелија до 2029 година

Грузискиот репрезентативец во Наполи, Квича Кварацхелија може да потпише нов договор со тимот во блиска иднина.

Според „Football Italia“, новиот договор на фудбалерот со италијанскиот клуб ќе важи до летото 2029 година. Актуелниот договор завршува во јуни 2027 година.

Оваа сезона фудбалерот одигра 37 натпревари за тимот во сите натпреварувања, постигнувајќи 10 голови и пет асистенции.

Трансфер вредноста на играчот се проценува на 80 милиони евра.

ЈСП Скопје: Поради надградба на системот можни се технички проблеми при валидирање со мобилен

 Поради надградба на системот можни се технички проблеми при валидирање со мобилен телефон или апликацијата „Скопска“.

ЈСП Скопје информира дека поради надградба на системот за наплата која се вршеше во изминативе неколку денови, регистрирани се инцидентни технички проблеми кај одреден број корисници при валидирање со мобилен телефон (185) или мобилната апликација „Скопска“.

ЈСП апелира до сите кои констатирале пропуст при валидирањето и сметаат дека се оштетени, да го пријават случајот на [email protected].

Албанската полиција откри пластеници со над 37 илјади садници канабис

Албанската полиција кај Велипоја открила пластеници со марихуана, при што запленила 37.336 садници од ова наркотично растение.

Акцијата ја поздрави министерот за внатрешни работи Таулант Бала и им честиташе на припадниците на државната полиција за акцијата.

- Доаѓањето на пролетта ги враќа и напорите на криминалните групи за одгледување наркотични растенија. Државната полиција мора да ги интензивира превентивните акции уште од првите моменти на обиди за одгледување наркотични растенија. Им честитам на полициските службеници од регионалниот комесаријат - Скадар за заплената на 37.336 садници канабис сатива и за последователните активности за спречување обиди за одгледување наркотични растенија, напиша тој на Фејсбук, објавувајќи и видео запис од акцијата.

Порача дека ги охрабрува сите структури на државната полиција да ги засилат контролите со цел да се спречи оваа појава.

Во акцијата уапсено е едно лице, а по друго се трага а запленети се и автомобил, трактор и предмети што се користат за оваа криминална активност.

притисни ентер