Горан Марковиќ на изведбата на „Говорна мана“ во МНТ

Познатиот филмски и театарски режисер Горан Марковиќ ќе гостува во Македонскиот народен театар на вечерашната изведба на „Говорна мана“. Тој е автор на текстот на оваа претстава која МНТ премиерно ја изведе минатата година во режија на Драгана Милошевска-Попова.

Марковиќ (Белград 1946) е филмски и театарски режисер, сценарист, есеист и писател, син на двајца познати актери, Оливера и Раде Марковиќ. Студирал на филмската академија ФАМУ во Прага, на отсек режија, каде завршил 1970 и почнал да работи на телевизиски документарни филмови.

Професор е по режија на Факултетот за драмски уметности во Белград. Режисер е на филмовите: „Специјално воспитување“ (1977), „Национална класа“ (1979), „Вариола вера“ (1982), „Тајванска канаста“ (1985), „Веќе видено“ (1987), „Тито и јас“ (1992), „Урнебесна трагедија“ (1995), „Србија, година нулта“ – документарен филм (2001), „Кордон“ (2002), „Турнеја“ (2008), „Фалсификатор“ (2012)...

Добитник е на повеќе од триесет награди за своето богато филмско и театарско творештво. Автор е на три книги: „Чешката школа не постои“, „Мали тајни“ и „Три приказни за самоубијците“, на краткиот роман „Тито и јас“ и дневничката проза „Една година“. Драмски автор е на „Мали тајни“, „Делириум тременс“, „Вила Сашино“, „Мајстори, мајстори“, „Говорна мана“.

Неговиот текст „Говорна мана“ се занимава со проблемот на театарот и театарските луѓе, а преку театарот и со целото општество. Текстот е напишан и поставен првпат во Белград, во доцните 1990-ти. Текстот низ една трилер-ситуација на љубовен триаголник се занимава со врската меѓу политиката и уметноста, а и врските меѓу криминалот, бизнисот и политиката.

Приказната се одвива во театар, во гримиорна на еден актер, првенец, на крајот на неговата кариера. Актерот и професор по глума во приказната (Мишел Радински), кого во нашата претстава го игра Игор Џамбазов, се штити себеси затворајќи ги очите пред општествената реалност и бега во илузиите кои му ги овозможува театарот.

Режисерката Милошевски-Попова по повод премиерата лани рече дека во текот на процесот размислувале дали треба да остане насловот „Говорна мана“ или да биде „говорна и други мани“.

- Затоа што се занимава со разноразни општествени теми, што се сублимирани како и во другите, пред се, филмови, но и во други текстови на Горан Марковиќ, кои влијаеле да се развијам и како човек, и како режисер. Приказната е сместена во театар и сите ликови се луѓе кои кажуваат реплики што нам ни се блиски и познати, рече режисерката.

Покрај Џамбазов, во „Говорна мана“ играат и Ивица Димитријевиќ и Сашка Димитровска, а на сцената се појавуваат и Арна Шијак, Ана Стојановска и Билјана Јовановска. /МИА

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер