Осмомартовскиот концерт на Филхармонијата под палката на Елена Митревска

Пригодно за 8 Март, концертот на Филхармонијата в четврток е насловен „Женски приказни“ и ќе настапат две дами – солист ќе биде руската пијанистка Олга Шепс, а оркестарот ќе го води младата диригентка Елена Митревска. Во Скопје таа ќе дојде од Овиедо каде што од 2016 е ангажирана како хор-мајстор во операта во тој шпански град.

Митревска дипломирала на Одделот за музичка теорија и педагогија на Факултетот за музичка уметност во Скопје во 2008 и продолжила во Виена на Универзитетот за музика и изведувачки уметности каде дипломирала - најпрвин хорско диригирање, а потоа и оркестарско диригирање заедно со престижниот Виенски камерен оркестар. За време на студиите активно работела како диригент на неколку хорови во Виена и го основала ансамблот „Глезум” со кој во 2013 ги изведува Чичестер псалмите од Леонард Бернштајн.

Уште од почетокот на студиите е редовен член на хорот „Арнолд Шенберг“ каде од 2012 година работи и како асистент на концертните, но и на оперските проекти во Theater an der Wien. Има настапувано во престижни сали, како Musikverein, Wiener Konzerthaus, Suntory Hall, KKL и соработка со диригенти како Николаус Харнонкур, Клаудио Абадо, Бернард Хаитинк, Сајмон Ратл, Рене Јакобс... Во 2014-та ја добила наградата „Ервин Ортнер“ за значајни достигнувања во областа на хорското диригирање во Австрија, а во 2015-та го презела уметничкото раководство на хорската и оркестарска музичка работилница во Хинтершмидинг, Германија.

Македонското деби како диригент Елена Митревска го имаше во 2015 година со Камерниот оркестар на Музичка младина на „Охридско лето“ и на „Скопско лето“. В четврток таа ќе раководи со концертот на кој оркестарот на Македонската филхармонија ќе изведе две дела од Бетовен - Концерт за пијано и оркестар бр. 3 и Увертирата „Леонора“ бр. 3, како и „Арлезијанка“ - свити 1 и 2 од Жорж Бизе.

Дали првпат ќе го водите оркестарот на Македонската филхармонија и како дојде до оваа соработка?

Да, со овој концерт ќе имам можност првпат да соработувам со Македонската филхармонија. Откако ме покани управата, ми ја објасни тематиката и идејата, прифатив со огромно задоволство.

Како средношколка и студент во Македонија бев верна публика на концертите во Домот на Армијата и сега ми е доверена можноста да застанам пред нив и да музицираме заедно во новата концертна сала.

Програмата за концертот на 8 Март е соодветно насловена: „Женски приказни“. Има ли некоја заедничка симболика во трите композиции избрани за настапот?

Апсолутно. Главната симболика за овој ден ја носи увертирата „Леонора“ од Бетовен. Токму оваа (третата) увертира, која ќе ја изведеме на концертот во четврток, успева да ја прераскаже единствената Бетовенова опера „Фиделио“, каде Леонора е хероината која го спасува својот сакан.

Третиот концерт за пијано од Бетовен (исто револуционерен од повеќе аспекти) одговара во тематиката на концертот. За крај ќе изведеме еден колаж од двете свити од сценската музика „Арлезијанка“ од Жорж Бизе. Сигурна сум дека публиката ќе ужива во сите три дела.

Сте соработувале ли претходно со руската пијанистка Олга Шепс која ќе биде солист на вечерта и што може да очекува македонската публика в четврток?

Со Олга Шепс ќе имам чест да соработувам првпат во Скопје. Досега имав можност да слушнам неколку нејзини концерти и снимки на интернет и, според нејзината биографија и искуство, се работи за една исклучително талентирана млада пијанистка на која и претстои голема кариера.

Сите три дела претставуваат една честитка и ода на денот на жената. Мислам дека нема поубав начин да се прослави овој ден, освен со музика.

Диригирањето овде се смета за, главно, машка професија. Зошто избравте да бидете диригент и дали е тешко да се води цел оркестар?

Пред неколку децении и свирењето во оркестар се сметало за машка професија. Меѓутоа времињата се менуваат. Инструменталистки и диригентки постоеле отсекогаш. За жал, сè уште сме во една долга преодна фаза, каде полека, но сигурно се рушат одредени стереотипи. Предиспозициите, квалитетите, љубовта и страста кон диригирањето може да ги поседува секоја личност, без разлика на родот. Тоа го докажуваат диригентките како во светот, така и во Македонија. Јас лично, уште од мала возраст како член на разни хорови во Македонија, имав голема желба да станам хорски диригент. Откако почнав со студиите во Виенскиот музички универзитет, решив да ги завршам двете насоки, хорското и оркестарското диригирање.

Секој диригент треба да биде свесен дека почитта кон секој индивидуалец од еден огромен колектив наречен оркестар е првиот чекор кон успешна соработка. Колку повеќе давате, толку и ќе добиете. Се работи за заемна, прво човечка, па потоа и музичка комуникација. /МИА

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер