Перформанс „Make It, Make It, Don't Fake It“ во Кино Култура

Во рамки на програмата „Уметност, Политика, Институции, Тело“, која е дел од ПЛАТФОРМ(а) 2018, вечер од 20 часот во Кино Култура ќе биде изведен перформансот „Make It, Make It, Don't Fake It“ на Дарко Драгичевиќ, Еста Матковиќ и Вања Смиљаниќ.

Организатор и копродуцент на проектот е „Локомотива“ - Центар за нови иницијативи во уметноста и културата кој соопшти дека се работи за сцениран перформанс во кој публиката е поставена да искуси вознемирувачки спектар на создавање идентитети преку употреба на објект, тело, простор и текст.

- Ги активира разновидните теоретски и уметнички пристапи кои се занимаваат со нашето се поголемо токсично – политичко, етичко и културно опкружување. Во потрага по алтернативни техники на себеси во постдемократското општество, Драгичевиќ, Матковиќ и Смиљаниќ се контектираат, споделуваат и ја замислуваат структурата на „заедништво“ во спекулативниот дистописки амбиент, соопшти „Локомотива“.

Оттаму појаснуваат дека црната сатира „Trash Humpers“, филм на Хармони Корине во кој учествуваат група постари, насилни социопати, бил појдовна точка за нивната заедничка истражувачка практика во однос на ѓубрето и вандализмот како начини на изразување. Под овие услови тие го испитувале продуктивниот потенцијал на погрешно однесување и уништување. /МИА

Македонија гласа на првиот круг претседателски избори

Македонија по 7 пат бира претседател на државата. Гласачките места  ќе бидат отворени  до 19 часот. 

По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.право на глас имаат вкупно 1.814.317 избирачи, а според заклучениот избирачки список на Државната изборна комисија, за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи. Вчера на 31 избирачко место гласаа и нашинци во дијаспората, како и затворениците и болните и немоќни лица. Утринава нашата екипа е на отворањето на гласачките места во Влае. Таму е Игор Манасивски.

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

Лични документи можат да се подигнат и денеска

Лични документи можат да се подигнат и денеска, на денот на изборите, информираат од МВР.

- Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 24.04.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот, соопштуваат од МВР.

Исто така, граѓаните на Скопје, ќе можат своите лични карти да ги подигнат во полициските станици во Скопје.

Јавниот превоз во Скопје со неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Јавниот превоз денеска ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи, соопшто Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

притисни ентер