Промовирана книга за Македонците „Голо Брдо-Албанија“ на руски професори

Во Албанската академија на науките во Тирана, промовирана е книгата „Голо Брдо-Албанија“на група руски автори.

На промоцијата зборуваа дел од авторите, унверзитетските професори Аленксандар Новик и Александра Дугушина.

- Книгата е посветена на Македоците од оваа област, а опфатени се многу аспекти од нивниот живот, јазик, култура и традиција. Посебен акцент е ставен на богатата и преубава народна носија на Македонците од Голо Брдо. Отстапен  е простор на нивниот соживот со соселаните Албанци, - изјави за МИА Никола Ѓурѓај познат новинар и публицист, кој потекнува од овој крај.

Професорите од Унивезитетот во Санкт Петербург, кои биле дел од балканската експедиција, во периодот 2008/2010 година  прибирале материјал од областа на лингвистиката, етнолингвистиката, етнографијата, историјата, фолклорот од населени места со различен етнички состав, со цел понатамошна нивна анализа.

- Она што посебно треба да се истакне е фактот што во книгата уважените професори ни во еден миг не споменуваат постоење на друг ентитет освен Македонците и Албанците, што е уште една огромна потврда дека во областа Голо Брдо не живеат Бугари, како што се обидуваат вештачки да го создадат професори и политичари од Бугарија, посочува Ѓурѓај.

Од областа Голо Брдо, по поделбата на Македонија, во 1913 година, на албанска страна останале 22 села од нив 19 населени само од Македонци додека во три има и Албанци. На македонска страна останале четири села.
Книгата „Голо Брдо-Албанија“ е отпечатена на руски и на албански јазик.

Сијарто: Комесарот на ОН и објави војна на унгарската влада

Високиот комесар на ОН за човекови права, Зеид Раад ал-Хусеин и објави војна на унгарската влада затоа што сака да ги заштити граѓаните на Унгарија од илегалната миграција.

Тоа го изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.

Ал-Хусеин денеска на отворањето на 38. Седница на Светскиот совет за човекови права ја критикуваше имиграционата политика на Америка, Кина, Мјанмар и Унгарија.

Комесарот на ОН ја критикуваше Унгарија поради законот против активностите на милијардерот Џорџ Сорос со кои се наметнуваат рестрикции на организациите кои им помагаат на бегалците и ги казнуваат групите за заштита на човековите права на границите.

Шефот на унгарската дипломатија изјавил дека илегалната миграција е прашање на национална безбедност и навел дека во последните три години загинале повеќе од 330 луѓе, а повеќе од 1.300 се повредени во Европа “во нападите на терористите со мигрантско потекло“.

Фотографијата со која “Русите“ го шокираа светот не е од Русија (фото)

Фотографијата која го обиколи светот, а на која се наоѓаат десетици мртви кучиња, била направена во Пакистан, а не во Русија, како што тврделе многумина.

Шокантната фотографија направена е во Карачи во 2016 година, а кучињата биле убиени за да се намали бројот на животните на улиците, пишува „Раша тудеј“.

Сепак, пред почетокот на Светското првенство во фудбал многумина беа загрижени за кучињата скитници во Русија, тврдејќи дека Русите ги убиваат.

 

Корисниците на социјалните мрежи ја споделувале фотографијата мислејќи дека е направена во Русија.

Меѓутоа, фотографијата на која има повеќе од 50 мртви кучиња е направена пред две години во Пакистан.

Заменик премиер Витали Мутко навел дека животните биле уловени и сместени во прифатилиште, а некои од корисниците на твитер го споделиле го споделиле текстот на Ројтерс во кој се наведува дека во Карачи во 2016 година се убиени повеќе од 700 кучиња. Фотографијата со кучињата исто така се наоѓа во овој текст.

„Фотографијата која сте ја искористиле според моето мислење е злочин, но не од Русија“ – напишал еден корисник на оваа социјална мрежа.

 

Украина: Време е за “деокупација“ на Крим

Киев, после продолжувањето на санкциите на ЕУ спрема Русија, треба да премине на “деокупација“ на Крим, изјави министерот за внатрешни работи на Украина, Павел Климкин.

„Им благодарам на нашите пријатели во ЕУ за продолжувањето на “кримските“ санкции на уште една година. Важно е во списокот да се внесат и одговорните за масовните кршења на човековите права на окупираниот полуостров и за изградбата на мостот преку Керчкиот проток. Треба да се премине од политика на “непризнавање“ на “деокупација“.

Претходно е соопштено дека рестриктивните мерки на Европската унија за Крим се продолжени на уште една година.

 

притисни ентер