Протест пред Собранието во одбрана на името , запалено Грчкото знаме

Неколку илјади граѓани , меѓу кои и Македонци од дијаспората , се собраа на протест во Скопје во одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата.

Движењето „За заедничка Македонија“ вечерва во Скопје одржа протест на кој беше побарано прекин на преговорите за името, зачувување на идентитетот на нацијата, повлекување на Законот за употреба на јазиците, отфрлање на договорот со Бугарија...

Во првите редови на протестот беа Сотир Костов, Тодор Петров, владиците Агатангел и Петар, претставници на македонската дијаспора...
- Македонците и дома и во светот и натаму бараат безусловен крај на разговорите за разликата за државното име со Владата во Атина. Бараме претседателот со нота да го извести генералниот секретар и да достави предлог - резолуција до Генералното собрание на ОН за продолжување на членството во ОН и во сите меѓународни организации под државното име Македонија, со можност за додавка на уставното име Република, како јасна разлика од истоимената провинција во Грција, со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на македонскиот народ и јазик, истакна во своето обраќање Тодор Петров од Светскиот македонски конгрес.

Според него, Македонците предлагаат историско македонско-грчко помирување и договор за траен мир и добрососедство.

- Отфрламе рефендум, промена на Уставот и Ратификација на меѓународен договор заради промена на името и идентитетот на нацијата. Нов референдум за името нема да биде референдум за одбрана туку за негова трајна промена, рече Петров.

Доколку овие барања не се остварат, организаторите на протестот ќе бараат самораспуштање на Собранието и организирање вонредни парламентарни избори во Македонија.

Од претседателот побараа амнестија за сите притворени и затворени за настаните во Собранието на 27 април, повикувајќи се на членот 11 од Законот за помилување, а повредените во настаните да ги повлечат тужбите.

Владиката Преспанско пелагониски Петар потсети дека Светиот синод на Македонската православна црква - Охридска архиепископија лани во декември апелираше до државните фактори да не се менува Уставот на Македонија, да не се менува уставната позиција на македонскиот јазик, да не се отстапува од македонскиот национален идентитет и да се сочува унитарниот карактер на Република Македонија.

Според него, за неменување на името на нашата држава најмногу ќе ни помогнат, како што рече, браќата Грци со тоа што нема да отстапат од црвените линии.
Владиката Петар повика, како што рече, да не правиме ништо лошо, бидејќи така ќе докажеме дека имаме љубов и за нашите непријатели.
Владиката Повардарски Агатангел повика, како што рече, да бидеме достоинствени и да си го чуваме нашето македонско име, јазикот, идентитетот, унитарниот поредок на нашата држава и името на нашата црква. Време е, според него, еднаш нашите државници, да го слушнат гласот на народот и да не водат по прав вистински пат.
На протестот беше запалено Грчкото знаме.

Протестот, кој се одржа додека во Скопје паѓаше снег, почна пред мисијата на Европската унија, а заврши пред Собранието на Република Македонија.

Ветровито и врнежливо денеска, од утре сончево и пораст на температурите

УХМР за денеска најави променливо облачно време со локален пороен дожд, грмежи и ветер. Максималната температура денеска ќе се движи во интервал од 24 до 32 степена.

Силниот северен ветер кој дува претпладнево, особено вдолж Повардарието и краткотрајно достигнува брзина над 90 километри на час, услови осетно намалување на дневната температура, особено на северот, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во изминатите 24 часа најмногу дожд на квадратен метар наврнал во Тополчани (17 литри), во Крива Паланка 10, девет литри во Крушево, осум во Демир Капија, пет литри во Претор, четири во Битола, три во Берово и два во Дебар.

УХМР за денеска најави променливо облачно време со локален пороен дожд, грмежи и ветер. Максималната температура денеска ќе се движи во интервал од 24 до 32 степена.

Според прогнозата на УХМР, од утре ќе следува сончево време со повторен пораст на дневната температура, но со посвежи утра. За време на викендот, пак, локално ќе има појава на зголемена облачност со услови за краткотраен дожд.

Прекинат синџир за криумчарење мигранти во Турција

Турските власти спречиле обид за криумчарење на 276 мигранти во европа на брод и притвориле осум осомничени криумчари, јавува турската агенција „Анадолија“.

Полицијата и крајбрежната стража операцијата ја извеле по дојава, откако бродот пристигнал во Нарлидере, во близина на Измир, пренесе „Анадолија“.

На бродот имало 276 миогранти, вклучувајќи 46 жени и 59 деца од Авганистан, Бангладеш, Сирија, Сомалија и Иран.

Во Турција моментално престојуваат околу 3,7 милиони сириски бегалци, а таа земја е една од главните транзитни точки за мигранти кои се упатуваат кон Европа.

Сите болни од туберкулоза во државата се хоспитализираат во болницата во Лешок

 Јавната здравствена установа специјална болница за белодробни заболувања и туберкулоза „Лешок" веќе неколку недели претставува своевиден државен центар за сите болни од туберкулоза во земјата.

Поради состојбата со Ковид-19 и извршеното преструктуирање на здравствените установи одлучено е во оваа болница да се згрижат сите болни од туберкулоза за кои е потребно болничко лекување.

-Нашата болница со преструктуирањето на здравствените капацитети работи само со туберкулоза. Сите пациенти што се со туберкулоза од целата држава, што биле сместени во Институтот за белодробни заболувања во Скопје и други медицински установи низ државата се префрлени кај нас. Освен хоспитализираните работи и амбулантанта со пуломолија и алергологија значи дијагностика на бели дробови, функционираат рентгенот и лабораторија. Не се работи спирометрија поради коронавирусот. Нормално персоналот е заштитен со скафандери, ракавици, маски, визири и се што е потребно, изјави директорот на болницата Исмаил Ваити.

Согласно посебните протоколи сите заболени од туберкулоза се сместени сами во собите.

– Во овие две недели на болничко лекување се девет пациенти. Ние имаме капацитети за повеќе, но сите се сами во собите поради претпазливост и опасноста од Ковид-19. Во текот на дијагностицирањето овие неколку месеци имало суспектни кои сме ги праќале на испитување за Ковид-19 и имало и позитивни случаи. Исто така спефични случаи кај нас се оние резистетни туберколози кај кои лековите не им реагираат, потенцира Ваити.

Три сестри од Лешочката болница од 14 јуни до 4 јули 2020 работеле на испомош во градската општа болница „8 Септември" во Скопје која сега претставува главен Ковид-19 центар каде се хоспитализираат најтешките болни.

-Тие работеа на принцип на дежурства од по 24 часа и три слободни денови. Задоволни се од престојот и работата, а тамошните колеги се задоволни од работата на нашите колешки. Сега се на 10 дневен одмор по што ќе се вратат на работа во нашата болница, вели директорот на установата.

Од сите вработени во лешочката болница досега пред еден месец една од медицинските сестри била позитивна на Ковид-19 и успешно се излекувала, по што се вратила и на работните обврски.

притисни ентер