МРТ со „Еye Cue“ на изборот на песна на евровизија - Лисабон 2018

На ден 10.02.2018 година во просториите на МТВ се одржа селекција на пристигнатите песни по распишаниот јавен повик за: Песна којашто ќе ја претставува Македонија на Евровизија, Лисабон 2018 година.
Комисијата беше  во состав : Мери Попова – координатор на проектот Евровизија 2018 и уредник на Културно уметничка програма на МТВ1 , Каролина Петковска - Уредник на Редакција за Контактно забавни емисии во МТВ1,  Александра Јовановска – уредник и водител на музичка емисија во МТВ1, Авни Ќаили – уредник на Културно уметничка програма на МТВ2, Бранка Костиќ Марковиќ – музички новинар и критичар, Андријана Јовановска – музички новинар во „Репортер МК“, Марко Марк – музички новинар  во „Канал 77“ и водител во ТВ „Телма“ и  Антонио Димитриевски - одговорен  уредник во „Вистина МК“ и продуцент на музичката манифестација  „Македонски радиски фестивал“.

Во процесот на подготовка  за селекција, МТВ покани уште десет други личности коишто професионално се занимаваат со македонската  и светска музичка сцена и случувања, но истите поради лични и субјективни причини не беа дел од  селекционата комисија.
Од пристигнатите 382 композиции на меѓународниот повик за Избор на песна за Евровизија, комисијата по пат на елиминација во три круга, на крајот селектираше 12 композиции.

Секоја од  композициите во последниот круг од страна на комисијата  беше рангирана и бодувана според евровизискиот принцип на гласање.
По пребројувањето на гласовите, комисијата одлучи дека песната  „Lost and found“ на авторот на музика и текст Бојан Трајковски и во аранжман на продуцентот Дарко Димитров, има  убедливо најголем број гласови.

По повторното преслушување, комисијата според правилата, едногласно заклучи дека: одбраната  композиција на евровизиската сцена, најдобро  ќе ја донесе групата „Еye Cue“ којашто е матична група на авторот со вокалистката Марија Ивановска.

Комисијата е едногласна во ставот дека : одбраната композицијата има современ звук, впечатлив рефрен и текст, извонредни и оригинални вокални способности на изведувачот, што секако нуди и можност за квалитетен евровизиски пакет и достојно претставување на МРТ и Македонија на оваа престижна музичка манифестација во организација на ЕБУ.

МРТ како носител на лиценцата на Избор за песна на Евровизија го прифати ставот на комисијата и упатува честитки до авторскиот тим и групата „Еye Cue“.
Македонска радио телевизија

Сакале да најдат совршено место за ,,Да” , а потоа доживеале ужас

Момче и девојка од Флорида биле на патување од соништата во Мексико , каде сакале да се венчат , но доживеале хорор.

Френк и Џенифер Масабки барале идеално место каде ќе се венчаат , но наместо романтика , биле нападнати , ограбени под закана со оружје и серионо претепани. Џенифер за малку ќе била силувана и заработила скршен нос , поради што понеколку дена завршила на операција. Откако успеале да побегбнат , отишле целите крвави во полициска станица во Мексико Сити.

Нападот почнал во такси , кога се качиле да се повозат низ градот за да најдат место за венчавка . По извесно време , во возилото влегле двајца вооружени , ги ограбиле и ги натерале да им дадат контакт во САД , за да се јават и да добијат откуп за нив.

Неколку часа ги држеле во заложништво и ги тепале. Кога се нафрлиле врз Џенифер за да ја силуваат , Френк успеал да се одврзе , избегал , а криминалците тргнале да го бркаат . Прво ја врзале Џенифер , но и таа некако се одврзала. Се качила на дрво, таму се скрила  и чекала да дојде Френк со полицајците.  

Откако дале изјави во полицијата , веднаш се вратиле на Флорида и биле сместени во болница.

Велат дека најмногу им помогнало тоа што биле во одлична физичка кондиција и што разбирале шпански , па знаеле кои се намерите на напаѓачите.

,, Конечно сум задоволна од своето тело”- актерката на 52 години се разголи

Актерката Брус Шилдс во својата 52 години позира во бикини.

Актерката и модел Брук Шилдс снимаше нова кампања за костими за капење и докажа дека изгледа се подобро. Ѕвездата на култниот филм ,,Сината лагуна “ успеала со текот на годината да ја задржи формата. Со височина од 182 сантиметри , импресивно затегнати стомачни мускули и долгите нозе, Брук беше првиот избор за поваа рекламна кампања.

Таа во изјава за магазинот Пипл вели дека конечно успеа да постигне самодоверба и дека сега е посигурна во себе отколку кога имала 20 тина години. ,, Со текот на времето успеав да постигнам самодоверба низ својата работа , моите страасти , мрежа на женски модели , но и мајчинството.

Во 52 година конечно се чуствувам гордо на самата себе. Можам да кажам дека се чуствувам сигурно во својата кожа , сакам да го покажам своето тело , а не да го кријам.”

Мајка во затвор – ја принудувала ќерка си да се мажи

Мајка од Британија е осудена на четири и пол години затвор поради тоа што ја принудувала ќерката на брак.

Жената од Бирмингем , на околу 40 годишна возраст ја принудувала својата 17 годишна ќерка во септември 2016 да оди во Пакистан и да се мажи. Девојката останала на 13 годишна возраст бремена од мажот , кој имал тогаш 29 години , што за мајката било прифатливо.

За Британското правосудство ова е прв случај решен во корист на злоупотребеното девојче. Судијата патрик Томас рекол дека девојчето било продадено за пасош.

Идентитетот на мајката и ќерката не се открива.

притисни ентер