На Детската клиника вработени 20 медицински сестри, наскоро уште толку

Добиена е дозвола за вработување со договор на дело за 20 медицински сестри и тие почнаа со работа. Тие претходно беа инволвирани по одделите. Очекуваме одобрување за вработување на дополнителни 20 сестри. Има поголема потреба од сестри, но и со овие 40 медицински сестри ќе се подобри состојбата.
Ова денеска го истакна директорката на Клиниката за детски болести, д-р Катарина Ставриќ, која рече дека сестрите кои почнале и ќе почнат да работат ги очекува период на специфична едукација на одделите.

- Одделението за хематологија функционира, пет од 20-те сестри работат, а од втората група сестри во тоа одделение ќе бидат ангажирани уште три. Моментално на Одделението за онкологија се хоспитализирани 12 деца, а три четири деца на хематологија, рече д-р Ставриќ, одговарајќи на новинарско прашање по предавањето на донацијата апарат „Vein Finder“ за полесно наоѓање вени кај мали деца од Центарот за дијализа Диамед Македонија.
Д-р Ставриќ рече дека сестринскиот кадар на таа Клиника е намален, оптеретени се со дежурства, релативно се возрасни со хронични заболувања, а добар дел од нив често пати земаат боледувања. Таа изрази надеж дека со овие 40 сестри ќе се подобри тој дел од работата.

- Недостига кадар се бидејќи кадровската политика во последните години била лоша, а голем дел од сестрите и докторите заминаа во приватните болници. Дел од сестрите заминаа во Германија. Старосната возраст на докторите е голема и ни недостигаат доктори на сите оддели. Ние сме Клиника со 13 оддели и секоја супспецијалност има двајца до тројца специјалисти, тоа е премалку за да се организира работата, а посебно имајќи предвид дека дел од докторите дежураат покриваат одделение, супспецијалистичка амбуланта, професорите се вклучени во настава, во едукација...Има потреба од повеќе доктори по одделите, рече д-р Ставриќ.

Посочи дека имаат специјализанти, а дел од нив веќе се вклучени во одредени оддели за да се насочуваат во процесот на едукација.

Недостига нова апаратура, потенцира д-р Ставриќ и додаде дека постојната апаратура има свој век на траење и треба постојано да се обновува.
- Апаратура без специјалисти, без доктори не ви користи. Затоа акцентот ни е ставен на создавање кавалитетен кадар, на преност на знаењето од постојните супспецијалисти на младите за да можат да бидат ефикасни во поставување на дијагнозата. Соработуваме и со другите институции во рамки на Клиничкиот центар. Застој во работењето нема. Ова е врвна установа, сите тешки пациенти доаѓаат тука и се успева и со пожртвуваност и на докторите специјалисти и на сестрите да се даде врвна здравствена заштита. Во моментот околу 120 деца се хоспитализирани, а околу 20 има во дневната болница, додаде д-р Ставриќ. 


Најмногу дожд во Крива Паланка

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнало во Крива Паланка, покажуваат мерењата на УХМР.

Спорд мерењата во Крива Паланка се наврнати 47 литри на метар квадратен воден талог, следи Струмица со 31, Скопје - Зајчев Рид со 25, Штип со 20, Скопје - Петровец 19, Куманово 18, Демир Капија 17, Ѓуриште 15, Берово девет, Тетово, Виница и Маврово седум, Охрид и Пожаране шест, Крушево, Дојран, Гевгелија и Тополчани пет, Прилеп четири, Битола два и во Претор еден литар.

Минималната температура се движела од седум во Претор, девет во Берово, 10 Маврово и Крушево, 11 Ѓуриште и Крива Паланка, 12 Пожаране и Тополчани, 13 Охрид, 14 Виница, Тетово, Битола, Куманово и Прилеп, 15 Штип, Струмица и Скопје до  16 во Демир Капија, Гевгелија и Дојран.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на места врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Локално се очекуваат пообилни врнежи, особено во источните делови.

Соодветно на оваа најава за денеска, во зависност од остварувањето на прогнозата за врнежите, кај помалите водотеци и суводолици од УХМР очекува брз пораст и затоа доколку се јават поројни води, предупредуваатна внимателно движење покрај водотеците и суводолиците. Максимална температура денеска ќе се движи од 17 до 24 степени.

Од утре ќе биде претежно стабилно и потопло, во попладневните часови со ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. 

Честитка од Мицкоски по повод 24 Мај

Ова е ден кога се потсетуваме на големината на Браќата свети Кирил и Методиј.

Ние треба да бидеме среќни и горди како народ, бидејќи Кирил и Методиј со своето делување и работење овозможија поголема рамноправност на народите во своето време.

Во исто време не треба да заборавиме како горди наследници на секој начин да ја продолжиме нивната мисија образованието да ни биде приоритет, а ширењето на писменоста стремеж кон кој мора да целиме.

Како народ треба да се стремиме и создадеме општество кое почива врз вредностите кои ни ги оставија светите Браќа Кирил и Методиј.

Делото на светите браќа Кирил и Методиј е воедно и потврда за македонскиот јазик, за македонската литература и култура, црква и традиција, револуција и историја, за македонското име и идентитет.

Кирил и Методиј, веруваа во правото на секој народ да го користи својот јазик, а врз основа на тоа да го гради својот идентитет, литература и култура.

Нека ни е честит Денот и Големото дело на светите Кирил и Методиј кое нè обврзува да продолжиме да ги промовираме нивната мисија на учење и традицијата која се темели на мирот, духовното богатство на луѓето, меѓусебното почитување, толеранцијата и солидарноста. 

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Германската амбасада со грант за неготинското комунално претпријатие

Германската амбасада обезбедува грант за неготинското комунално претпријатие, изјави денеска Методи Митрев, портпарол во општина Неготино.

Тој појасни дека завчера градоначалникот на Неготино, Тони Делков и директорката на Јавното претпријатие „Комуналец" Марина Бојаџиева престојувале во работна посета во Амбасадата на Германија во Република Македонија.

- Целта на работната средба беше потпишување на договор за грант за потребите на локалното комунално претпријатие. Со овој грант „Комуналец” на располагање ќе добие еден агрегат за струја, машина за сечење на асфалт и бетон, како и машина за одзатнување на канализационата мрежа, рече Митрев.

Додаде дека обезбедените машини ќе продонесат за поквалитетно и поефикасно извршување на секојдневните работни обврски на вработените во „Комуналец”. 

притисни ентер