Дебата за реформите во јавните набавки

Информативен настан за реформите во јавните набавки со посебен осврт на нацрт-текстот на законот за јавни набавки, ќе се одржи денеска во Стопанската комора на Македонија.
Ќе бидат презентирани реформите во јавните набавки, по што ќе се одржи дискусија на претставници на надлежните институции со бизнис заедницата околу нивните предлози за нацрт-текстот на новиот закон за јавни набавки.

Настанот е дел од проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, што го спроведува „ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал“ со стопанските комори во државава, во соработка со Министерството за финансии на Република Македонија и Бирото за јавни набавки на РМ.

Најавени се обраќања на министерот за финансии Драган Тевдовски, директорот на Канцеларијата за развој на УСАИД Македонија, Едвард Гонзалес, експертот за европските директиви за јавни набавки, Мариан Лемке од СИГМА и експертот од областа јавни набавки Анета Данева Мострова.

Новиот предлог закон за јавни набавки предвидува значајни промени во насока на надминување на утврдените слабости во системот на јавни набавки, усогласување со  укажувањата и препораките на Европската комисија и подобрување на транспарентноста.

Наместо „најниска цена“ како единствен критериум за јавните набавки како што беше досега, со една од промените предвидени со новиот Предлог закон како критериум за најповолна понуда се поставува „економски најповолната понуда“, односно најдобар однос помеѓу цената и квалитетот - најдобра вредност, или пристап на најголема исплатливост.  /МИА

Фото: Двајца загинати, 18 тешко повредени во железничка несреќа во Италија

Две лица загинаа, а 18 се повредени на северот на Италија доцна синоќа кога локален воз налета на камион што се заглавил на железнички премин во близина на Торино.

Според италијанските медиуми, несреќата се случила нешто пред полноќ. Локомотивата и два вагона излетале од шините.

Машиновозачот загинал на лице место, додека еден патник на пат кон болница

Турција со авиони и хеликоптери го нарушува грчкиот воздушен простор

Во Егејското море  тензиите се зголемија , објавија грчките медиуми.

Атина објави дека турските воени авиони  го прекршиле 28 пати  воздушниот простор на земјата во изминатите 24 часа.

Грчкиот генералштаб објави дека осум турски борбени авиони од типот  Ф-16, еден од типот  ЦН-235 и осум хеликоптери навлегле во грчкиот воздушен простор.

Во сите случаи, турските авиони беа идентификувани и пресретнати  од грчките воени авиони во согласност со меѓународните правила, рече грчката армија.

Ахмети се сретна со Мет Палмер од Стејт департментот

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети се сретна со заменик-помошникот државен секретар во Стејт департментот, Мет Палмер. 

Од ДУИ информираа дека на состанокот се разговарало за преговорите меѓу Скопје и Атина и можностите за затворање на спорот за името со цел да се отворат вратите на НАТО и ЕУ за Македонија.

Ахмети истакнал дека ДУИ го поддржува затворањето на прашањето и придонесува за постигнување на прифатлив компромис за двете страни.

- Компромисот ќе ни овозможи да добиеме покана за влез во НАТО и да добиеме датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ. Евроатлантската интеграција на Македонија е наш приоритет бидејќи овозможува мир, стабилност и безбедност, но исто така отвора нови и конкретни економски перспективи, посочил Ахмети.

Во соопштението од ДУИ се наведува дека САД силно ја поддржуваат евроатлантската перспектива на Македонија и поттикнуваат надминување на сите пречки на овој пат. 

притисни ентер