Николовски: Наскоро исплата на штетите од пролетните мразови во 2016. И 2017 година

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство успеа да го одблокира процесот за исплата на штетите настанати од пролетните мразови во 2016-та и 2017 година и наскоро треба да почне исплатата на барањата за штета, најави денеска ресорниот министер Љупчо Николовски.

Нагласи дека постапките за 2016 година беа започнати од претходната влада, односно од општините кои беа водени од градоначалниците во претходниот мандат и тоа врз база на погрешен закон, не по Законот за земјоделство и рурален развој, туку по Законот за заштита и спасување.

-Предложивме акциски план до Владата со кој ги преземаме овие предмети и ги водиме по Законот за земјоделство и рурален развој и тие се веќе во процедура и во мометов се прават проценките од страна на Бирото за судски вештачења. Понатаму ќе бидат процесуирани во Платежната агенција, рече Николовски во одговор на новинарско прашање на денешната предс-конференција во Владата.

За постапките за штетите кои се случија од пролетниот мраз во април 2017 година посочи дека до крајот на септември се завршени проценките и обработката на барањата кои ги правеа подрачните единици на Министерството, а потоа 15.800-те предмети беа предадени на Бирото за судски вештачења.

-Со оглед на фактот што станува збор за мал капацитет на проценители со кои располага Бирото и огромна бројка на предмети, Владата на неколку пати беше инвформирана за прогресот. Го обновивме договорот и се ангажираа надворешни проценители со цел проценките да бидат направени во најбрз можен рок. Пред седум до 10 дена од Бирото бевме информирани дека се комплетирани сите проценки за општините каде беа констатирани штетите од пролетните мразови, појасни Николовски.

По преземањето на предметите од Бирото, додаде, МЗШВ изработи информација за која се очекува мислење од надлежните институции по што ќе се најде на генерален колегиум на Влада. Потоа постапката ќе оди во Комисијата за економски сиситем и во најбрз можен рок Владата ќе треба да одлучи за процентот за исплата на штетите од пролетните мразови по што МЗШВ ќе ги препрати сите предмети до Агенцијата за финасиската поддршка на земјоделството и руралниот развој за да бидат исплатени.

- Побарав и добив мислење од Министерството за финасии во однос на средствата за исплата на овие штети и ми беше посочено дека исплатата ќе се врши или по однос на програмите на Платежната агенција или од резервите со кои располага државата, потенцира Николовски.

Волф ги кажа кандидатите од кои ќе ја бира замената за Хамилтон

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, изјави дека размислува за четири кандидати кои се потенцијална замена за Британецот Луис Хамилтон во 2025 година, пренесува „planetf1.com“.

- Оваа одлука нема да биде донесена во наредните недели или месеци. Сакам да ја следам ситуацијата на пилот-пазарот. Верстапен? Да, размислувам и за него, се гледа на нивото на неговите настапи. Но, не би сакал да ги намалувам шансите на другите, рече Волф.

Според изворот, покрај за Верстапен, станува збор за шпанските возачи Фернандо Алонсо од Астон Мартин и Карлос Сајнц од Ферари, како и за младиот Италијанец Андреа Кими Антонели, кој се натпреварува во Формула 2.

Хамилтон ќе му се приклучи на Ферари следната сезона. Тој ќе го заземе местото на Карлос Сајнц.

Триесет и деветгодишниот Британец вози за Мерцедес од 2013 година.

Вокер неизвесен за дербито со Арсенал

 Манчестер сити би можел да остане без дефанзивецот Кајл Вокер за неделниот натпревар од Премиер лигата против Арсенал.

Според „Sky Sports“, Вокер ќе биде подложен на проценка на тетивата. Првично се мислеше дека проблемот не е премногу сериозен, но се чини дека тоа не е така.

Во Сити исто така не се сигурни дали Џон Стоунс и Мануел Аканџи ќе бидат способни да играат.

Манчестер Сити ќе му гостува на Арсенал на 31 март во натпреварот од 29. коло на Премиер лигата.

Арсенал е лидер на табелата со 64 бодови, исто толку има и второпласираниот Ливерпул, Манчестер сити е трет со 63.

Почнува пријавувањето за 20. издание на Виз Ер Скопски Маратон

Пријавувањето за 20. јубилејно издание на Виз Ер Скопски Маратон почнува утрово во 9 часот и ќе трае до 20 септември до 23:59 часот. Право на учество имаат сите македонски и странски државјани. 

- Трката има ограничен број на учесници и пријавувањето може да се затвори, доколку се пополни предвидениот број на бројот на учесници, затоа побрзајте и пријавете се уште денеска, апелира организаторот на манифестацијата Сојузот на спортови на Скопје

Маратонот ќе се одржи 6 октомври со почеток во 8 часот.

Учесниците на маратон и полумаратон на стартот ќе бидат распоредени во четири стартни боксови според времето кое ќе го одберат при процесот на

пријавување, додека учесниците во штафетниот маратон и трката на 5км ќе бидат распоредени во стартни зони кои ќе бидат означени во зоната на старт со името на трката.

Трката има сертификат од Асоцијацијата за улични трки (AIMS) и се одвива според правила на Светска Атлетика (WA), и АФСМ.

Секој учесник што ќе стартува на Виз Ер Скопски Маратон ќе добие вредносен ваучер од 20 ЕУР од насловниот спонзор на трката, Виз Ер. Во стартниот пакет за сите трки е вклучена и маица, но ја добиваат само оние кои ќе се регистрираат до 29 август 2024.

притисни ентер