Николовски: Поголеми субвенции за тутун за новата реколта

Почнувајќи од реколтата за 2017 година тутунарите ќе добиваат повисоки субвенции за килограм предаден тутун, најави денеска министерот за земјодлество, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
Тоа, како што рече, на денешната прес-конференција е овозможено со прифаќањето на уредбата за директни плаќања за 2018 година донесена на денешната седница на Владата со која е дефинирано субвенцијата за прва класа тутун да изнесува 80 денари по килограм, за втора класа 70 денари, а за трета и четврта класа, како и за двете дополнителни класи 60 денари по килограм.
- На овој начин ќе ги мотивираме тутунарите не само да го зголемат производството на тутун, туку и да се насочат кон производство на поквалитетен тутун за да добијат повисока субвенција, рече Николовски.
Додаде, дека идните политики во развој на тутунопроизводителството ќе се реализираат не само преку зголемените субвенции за тутунот, туку и преку измените во новиот закон за тутун и тутунски производи.
- Со новиот закон, кој е веќе подготвен и се очекува наскоро да биде донесен ќе се укинува поднесувањето на евидентни листови. Тутунарите директно ќе склучуваат договори со откупните претпријатија и на тој начин ќе им ја олесниме административната процедура за склучување на договорите за производство, потенцира Нколовски.
Нагласи дека реколтата за 2017 година е една од најдобрите и додаде дека откупот финишира со постигната натпросечна откупна цена од 217,5 денари за килограм, а тутунот, како што кажа, беше со одличен квалитет и речиси немаше четврта класа.
Потенцира дека досега се откупени од 23,5 милиони килограми тутун за кои согласно откупната цена на тутунарите ќе им бидат исплатени над 80 милиони евра, како и 28 милиони евра на име субвенции.
Во Македонија, како што посочи, 23.000 семејства живеат од производство на тутун и нив ќе им бидат исплатени преку 100 милиони евра.
Политиките на Владата во тутунопроизводството, како што кажа, се прават во согласност со сите меѓународни институции и додаде дека Владата ќе ја прифати забелешката на Светската здравствена организација да се произведува помалку тутун, за што, како што кажа, со пари од ИПА фондовите се предвидува проект за пренамена на земјоделското земјиште засадено со тутун за одгледување други култури.

Фото: Двајца загинати, 18 тешко повредени во железничка несреќа во Италија

Две лица загинаа, а 18 се повредени на северот на Италија доцна синоќа кога локален воз налета на камион што се заглавил на железнички премин во близина на Торино.

Според италијанските медиуми, несреќата се случила нешто пред полноќ. Локомотивата и два вагона излетале од шините.

Машиновозачот загинал на лице место, додека еден патник на пат кон болница

Турција со авиони и хеликоптери го нарушува грчкиот воздушен простор

Во Егејското море  тензиите се зголемија , објавија грчките медиуми.

Атина објави дека турските воени авиони  го прекршиле 28 пати  воздушниот простор на земјата во изминатите 24 часа.

Грчкиот генералштаб објави дека осум турски борбени авиони од типот  Ф-16, еден од типот  ЦН-235 и осум хеликоптери навлегле во грчкиот воздушен простор.

Во сите случаи, турските авиони беа идентификувани и пресретнати  од грчките воени авиони во согласност со меѓународните правила, рече грчката армија.

Ахмети се сретна со Мет Палмер од Стејт департментот

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети се сретна со заменик-помошникот државен секретар во Стејт департментот, Мет Палмер. 

Од ДУИ информираа дека на состанокот се разговарало за преговорите меѓу Скопје и Атина и можностите за затворање на спорот за името со цел да се отворат вратите на НАТО и ЕУ за Македонија.

Ахмети истакнал дека ДУИ го поддржува затворањето на прашањето и придонесува за постигнување на прифатлив компромис за двете страни.

- Компромисот ќе ни овозможи да добиеме покана за влез во НАТО и да добиеме датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ. Евроатлантската интеграција на Македонија е наш приоритет бидејќи овозможува мир, стабилност и безбедност, но исто така отвора нови и конкретни економски перспективи, посочил Ахмети.

Во соопштението од ДУИ се наведува дека САД силно ја поддржуваат евроатлантската перспектива на Македонија и поттикнуваат надминување на сите пречки на овој пат. 

притисни ентер