Вучиќ на средбите во Загреб го отворил прашањето за воени репарации

Српскиот претседател Александар Вучиќ, во рамките на дводневната посета на Загреб денеска оствари средба и со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и со претседателот на хрватскиот Сабор Гордан Јандроковиќ.
Според твитер објавите на  Пленковиќ по средбата со Александар Вучиќ, тие зборувале за сите отворени прашања меѓу двете земји, вклучувајќи го и прашањето за воените репарации.

– Со претседателот на Србија разговарав за сите отворени прашања меѓу двете земји – исчезнатите лица, за границата, правосудската соработка, на темата за воени репарации, заштита на малцинствата, сукцесијата и економска соработка, европскиот контекст и за односи во Југоисточна Европа, објави Пленковиќ.

Вучиќ, исто така, потврди дека разговарал со хрватскиот премиер за сите овие прашања, вклучително и за прашањето за воените репарации, додавајќи дека по тоа прашање имал поинаков став од оној на Пленковиќ.

Вучиќ претходно на Твитер напиша дека со Пленковиќ зборувале „за теми од интерес на двете страни, правата на малцинствата и колку е направено и колку може да се направи“.

По оваа средба српскиот претседател движејќи се пешки кон Саборот имаше вербален инцидент со пратеникот на Мост, Миро Буљ, кој преку обезбедувањето му дофрли на Вучиќ,  прашувајќи го „кога ќе оди во Глина?“

Тоа го налути Вучиќ, кој му одговори „Да не мислите дека се уплашив од Вашето дофрлање, ќе Ви одговорам на секое прашање, кога и да посакате!“

– Пред се, тој требаше да оди на народот да му објасни, бидејќи тој беше главниот поттикнувач во движењето на Шешељ. Требаше да им се извини на тие луѓе, бидејќи им нанесе многу зло на српското национално малцинство, а потоа и на Хрватска, рече пратеникот Буљ.

Според соопштението од кабинетот на Вучиќ, тој со претседателот на хрватскиот парламент Гордан Јандроковиќ разговараше за односите меѓу двете земји, за правата на Србите во Хрватска и на Хрватите во Србија, како и за соработката помеѓу српскиот и хрватскиот Парламент.

Претседателот Вучиќ нагласил дека двете земји имаат доволно нерешени прашања од минатото и затоа е многу поважно да се гледа во иднината.

– Ќе имаме се повеќе заеднички интереси,  а доколку работиме заедно на обнова на пругата Белград – Загреб, таа би можела да биде она што била пред дваесет години – најважната сообраќајница во регионот, изјави претседателот Вучиќ.

Тој истакна дека соработката помеѓу српскиот и хрватскиот Парламент по прашањето на интеграциите во ЕУ е многу важно за Србија и истакнал дека било каков вид на соработка ќе допринесе за смирување на тензиите.

Деветмина штитеници загинаа во пожар во поправен дом (ВИДЕО)

Најмалку девет лица , меѓу кои и деца загинаа во пожар во привремениот поправен дом за малолетници во бразилскиот град Џојана.

Во пожарот има и десетина повредени . Пожарникарите ги поребаруваат просториите во потрага по повредени или загинати . Од центарот за малолетници нема потврда дали е тоа конечниот број и која е причината за избувнувањето на пожарот утрово околу 9 часот по локално време.

Не е познато ниту колку штитеници имало во центарот , кој се користи за времено сместување на малолетници додека е во тек судската постапка за нив или нивните блиски.

Словенија се врти кон десно – Јанша фаворит на изборите

Поранешниот премиер на Словенија е најголем фаворит на изборите што ќе се одржат на 3 јуни.

Според последните три анкети на десетина дена пред изборите , Словенската демократска партија е фаворит , а според некои дури и убедливо. Јанша за директен противник го има Лука Месец , роден 1987 година , кој е лидер на Левицата. Јанез Јанша , кој во времето кога Месец се родил , бил војник во ЈНА со него се пресметува на твитер. Тој го исмеа доаѓањето на ТВ дуел на Месец со Мерцедес споредувајќи го со ,,неговиот идол Тито , кој имаше 72 Мерцедеси”. Ваквата директна реторика очигледно е добро примена кај Словенците , кои не му замеруваат на Јанша ниту вртењето кон Унгарскиот модел на Виктор Орбан, пишуваат словенечките медиуми.

Тој деновиве му беше гостин на два предизборни митинзи. Второ и трето место на анкетата ги заземаат Социјалдемократите на Дејан Жидан , како и Листа на Марјан Шарц, новооснована партија , која што кон крајот на минатата година дури водеше на анкетите.

Позитивна Словенија на Зоран Јанковиќ потпиша договор за заеднички настап на изборите со Партијата на пензионерите, Десус на Карл Ерјавец , со кого ќе треба да го спречат повторното доаѓање на Јанша на власт.

Експлодираше камион полн со парфеми на автопатот Загреб- Белград (ВИДЕО)

Силна експлозија одекна на автопатот Загреб- Белград во близина на Пеќинци.

Камион со приколка полн со парфеми целосно изгоре во експлозијата на автопатот во правец кон Белград. За среќа возачот на време избегал и е неповрерден. Сообраќајот неколку часа беше во прекин и се формираа километарки колони возила.

Според очевидците , по првата силна експлозија имало и неколку послаби. Не е позната причината за запалувањето на камионот , кој целосно изгоре.

притисни ентер