Охридско Куратица - мамка за туристите

Иако некогаш со 1500 жители, а денеска едвај 250, село Куратица е на пат да стане туристичка атракција.. Курјачани имаат уникатна понуда, од традиционална храна до јавање магариња во недопрената природа.. Соња Рилковска мина еден ден во Куратица.

Село Куратица – охридско станува туристичка атракција. Сместено 20 километри североисточно од Охрид, на патот кон Ресен, во пазувите на планинскиот масив Мазатар под Плаќенска планина, на надморска висина од 1080 метри, во прекрансната живописна природа Куратица, плени со убавина.

Овде некогаш живееле 1500 луѓе, денес само 250. Но во селото животот не замрел, до ден денес има училиште, амбуланта, продавница, јавни тоалети, рибник, па и адаптирани апартмани за сместување.

Досетливите курајчани имаат уникатна понуда со која привлекуваат многу странски и домашни гости. Холанѓаните главно уживаат во јавање магариња во прекрасната природа.

- „Изминативе десеттина години дојдовме до идеја како да привлечеме туристи. Тука поседуваме магариња сфативме дека можеме да ги понудиме на туристите бидејки тие ги немаат за нив е интересно“вели Горан Ангелески претседател на МЗ Куратица.
Во селото има и етно ресторан каде странците уживаат во охридско ѓомлезе, курајчка манџа и свежа салата од „тазе“ набрани плодови во локалната градина.

-„Целта на оваа приказна е да ги привлечеме домашните а пред се странските гости каде што ќе им биде понудено каде ќе им биде понудена изработената македонска селска храна“ , додава Ангелоски.

Карактеристично за Куратица е тоа што има забава преку целата година Од мај до октомври привлечни се бројните прошетки пеш или со велосипед. За љубителите на адреналин интересни се и оф роуд авантурите, сафари adventure со џип по планинските терени.. Во зима уникатно возење со ратрак до врвот Мазатар.скијање на ски терените, а се планира и ски лифт.

-„Се зголемува бројот на селски домаќинства, кои што работаат во туризмот се зголемува бројот на објекти даватели на услуги кои што работат во рамките на руралниот туризам“, вели Гоко Апостолов раководител на секторот за туризам.

Во охридско Курајца најбројни посетители се холанѓаните, данците, руси и словенци. Добрите домаќини ги сакаат и ги канат и домашните туристи, оние кои сакаат да избегаат од градскиот метеж и да уживаат во спокојот на природата.

Сенида ги воодушеви фановите со фотографии во костим за капење

Познато е дека пејачката Сенида Хајдарпашиќ, веќе со денови ужива на егзотична локација и редовно објавува фотографии.

Таа постојано ги прикажува прекрасните локации во кои ужива а сега гордо го покажа и своето тело.

Сенида гордо сподели фотографии во костим за капење, а според она што може да се види, фотографиите не се дополнително уредување каок што е случај кај некои други ѕвезди.

„Вака изгледа вистинска жена“, „најприродна и најубава жена“, „колку си убава“, се само дел од коментарите под објавата.

Британска телевизија: Џонсон имал роденденска забава за време на најлошиот „локдаун“

Британскиот премиер Борис Џонсон имал роденденска прослава за време на првото затворање во јуни 2020 година, кога беа забранети друштвените собири во затворени простории, објави во понеделник „ITV“.

Телевизијата соопшти дека сопругата на премиерот, Кери Џонсон, наводно помогнала да се организира забавата на 19 јуни во попладневните часови.

До 30 луѓе присуствувале на прославата во Даунинг стрит, соопшти „ITV“.

Извештајот придонесува за притисок врз Џонсон поради серија собири во Даунинг стрит кои ги прекршија правилата за карантин наметнати од владата на Џонсон.

Високата функционерка Сју Греј ги истражува забавите и се очекува да објави извештај подоцна оваа недела.

Како одговор на наводите за роденденска забава, канцеларијата на Џонсон во изјава за „ITV“ вели: „Некои од вработените кои работат на Даунинг стрит тој ден по состанокот накратко се собраа во просториите на владата за да му посакаат среќен роденден на премиерот. Тој беше таму помалку од 10 минути", пренесе „Index.hr“.

Австрија воведе нови правила за влез во земјата

Австрија денеска воведе нови правила за влез во земјата, според кои одредени земји веќе не се квалификуваат како особено ризични поради омикрон.

Се воведуваат нови правила кои важат за сите.

Сличен режим се разгледува во различни делови на Европската унија.

Во Австрија без ограничувања од денеска можат да влезат сите оние кои примиле две дози и бустер доза од вакцината, со тоа што бустер дозата да важи веднаш од моментот на вакцинација.

Оние кои примиле две дози од вакцината, но не и бустер, мора да имаат негативен ПЦР тест. Оние кои примиле единечна доза Џонсон и Џонсон, исто така, мора да имаат негативен тест.

Негативен ПЦР тест е задолжителен за сите оние кои имале коронавирус. Оние кои не се заразиле со вирусот или не примиле две дози од вакцината, не можат да влезат во Австрија без задолжителен карантин, дури и ако имаат негативен ПЦР тест.

Што се однесува до децата, оние на возраст под 12 години кои се придружени од целосно вакцинирани или возрасни лица кои го прележале вирусот не мораат да бидат вакцинирани или да имаат негативен ПЦР тест.

Децата над 12 години кои се родени по 1 септеври 2006 година мора да имаат негативен ПЦР тест.

Тинејџерите родени пред 1 септември 2006 година треба да ги исполнуваат сите услови како возрасни, па за да влезат во Австрија мора да имаат или три дози или две дози или прележан вирус со задолжителен ПЦР тест.

притисни ентер