Работеле 3 300 часа за да може колегата да биде соссвојот болен син

Вработените во една Германска компанија работеле дополнителни 3300 часа за да може нивниот колега да помине што е можно повеќе време со својот болен син .

Самохраниот татко Андреас Граф морал да се грижи за својот 4- годишен син болен од леукемија. Тој морал речиси една година да отсуствува од работа , така што колегите му излегле во пресрет. Над 700 колеги во една дизајнерска компанија во градот Хесе одговориле на повикот за помош на таткото .

,,Без нивната голема поддршка , сигурно ќе бев невработен “ , изјавил Граф со солзи во очите. Немаше човек кој не донираше дополнителни часови и само за две недели одработиле вкупно 3 264,5 часа.

Но , радоста на Граф кратко траела . Додека се водела кампањата за негова помош во компанија , му починале сопругата од срцево заболување.

Момчето , кое овој месец ќе полни 5 години е вратено дома и Граф се надева дека наскоро ќе може да го прати во градинка , откако поминало речиси една година во болница.

Хаос во Барселона пред натпреварот во ЛШ: Полицијата се судри со навивачите на ПСЖ (ВИДЕО)

Жешка увертира беше видена во Барселона пред натпреварот меѓу Барса и Пари Сен Жермен, каде голем број навивачи од Франција дојдоа да го бодрат својот тим во реваншот од четврт-финалето на Лигата на шампионите.

Ултрашите на Пари Сен Жермен, кои се познати и како сериозни хулигани на европско ниво, влегле во конфликт со полицијата.

На видеата кои се појавија на Инстаграм и другите социјални мрежи, може да се види како полицијата и навивачите на ПСЖ се тепаат во областа во близина на стадионот.

Да потсетиме, на Олимпискиот стадион Монжуик играат Барселона и ПСЖ.

Во првиот меч Барселона победи со 3:2 на гостувањето кај ПСЖ и е сѐ поблиску до полуфиналето.

Затворен е аеродром во Британија- имало безбедносен инцидент во авион

Аеродромот во Бирмингем привремено ја прекина работата поради „безбедносен инцидент на авион“.

„Авионот безбедно слета и сите патници и членови на екипажот се симнаа“, изјави портпаролот на аеродромот во Бирмингем, пренесува Sky News.

„Сите патници кои планирале да патуваат треба да дојдат на аеродромот и да се пријават за нивниот лет како што е вообичаено.“

САД му дадоа гаранции на британскиот суд за Џулијан Асанж да не добие смртна казна

Соединетите Американски Држави денеска му дадоа гаранции на Високиот суд во Лондон што ги побараа во врска со случајот на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж.

Во пресудата од 26 март, судот побарал гаранции од САД дека Асанж ќе може да се повика на Првиот амандман и дека нема да се соочи со смртна казна по екстрадицијата.

„Оваа дипломатска нота не прави ништо за да го намали огромниот стрес на нашето семејство за неговата иднина, имено неговото очекување дека ќе го помине остатокот од својот живот во самица во американски затвор поради неговата наградувана новинарска работа“, рече сопругата на Асанж, Стела, објави Ројтерс.

Американскиот претседател Џо Бајден на 10 април изјави дека неговата администрација го „разгледува“ барањето на Австралија да се откаже од деценискиот притисок на САД за кривично гонење на Асанж поради објавувањето на доверливи американски документи.

Во врска со изјавата на Бајден, Стела Асанж оцени дека „изгледа дека работите би можеле да се движат во вистинска насока“.

Асанж (52) се соочува со кривично гонење во САД по 17 обвиненија за шпионажа откако објави стотици илјади доверливи американски документи пред речиси 15 години на неговата веб-страница Викиликс.

Поддржувачите на Асанж инсистираат дека тој е новинар кој ги разоткри воените злосторства на САД во Ирак и Авганистан, што беше во јавен интерес и дека тој е заштитен со Првиот амандман на американскиот Устав, кој ја гарантира слободата на говорот.

притисни ентер