По смртта на Робин Вилијамс пораснал бројот на самоубиства во САД

Американските научници утврдиле дека самоубиството на Робин Вилијамс ја зголемила бројката на жртви кои си го одзеле животот .
Во прецизната студија се наведува дека има дури 1841 случаи на самоубиство повеќе од очекуваниот број во 2014.
Бројот пораснал за дури 10 % во првите пет месеви по самоубиството .
Според студијата , тоа се должи на популарноста на Холивудската ѕвезда , чија смрт била премногу детално објаснувана . Кон неетичкото објаснување на деталите за смртта на Вилијамс не само што не се придржувале помалите медиуми , туку правилото го прекршиле и носечките медиуми .
Со тоа ги поттикнале лабилните лица да го копираат начинот на самоубиството на славниот актер . Робин Вилијамс се обеси на 11 август 2014 година . 

Ниту фановите не и веруваат на Ники дека е во врска со Еминем (ВИДЕО)

Ники Минаж објави дека е воврска со Еминем , иако популарниот рапер уште молчи.

Ники Минаж на својот Инстаграм објави ивидео во кое рапува дека е во врска со Еминем. Откако е објавена нејзината песна ,, Big Bank” , Ники на Инсаграм го спомна Еминем , по што еден од фановите ја праша дали е бво врска со него.

На тоа Ники одговори потврдно , што предизвика бројни реакции не само кај фановите , туку и во музичкиот свет. Повеќето се скептични и сметаат дека станува збор за рекламен трик за промоција на нејзината нова песна , уште повеќе поради тоа што Еминем не се огласил на оваа вест.  

На аукција најстарите вина на светот – цена и до 20 000 евра

На аукција во Франција утре ќе се најдат три шишиња жолто вино ,,Арбоа” од 1774 година.

Тоа се смета за најстаро сочувано вино на светот.  Аукциската куќа ,, Jura Encheres” по шише проценува дека вредат меѓу 15 000 и 20 000 евра. ,,Експертите во 1994 го дегустирале ова вино и му дале оценка 9,4 од можни 10 поени,рече аукционерот Филип Етјеван пред наддавањето што ќе се одржи утре.

Слични вакви шишиња на аукција во 2011 достигнаа 57 000 евра. Виното  “Vin Jaune” во шишиња од 87 центилитри се произведени од винарот Анатол Версел ,а грозјето е собрано од лозјата што му припаѓале на кралот Луј XVI.

Од тогаш виното е чувано во визба во амлото место Арбоа на границата со Швајцарија. На аукцијата во местото Лон ле Суниер , што се наоѓа во близина на визбата, ќе се продаваат вкупно 102 вина од регионот Арбоа , меѓу кои и од поново производство  , од 1811 година.

Стјуард направи забава за паметење (ВИДЕО)

Стјуард им приреди забава на патниците на Рајан Ер на летот од Џенова до Борнмут.

Стјуардот Паоло , откако со колегите им подели освежување на патниците , на неколку минути пред слетувањето заигра на пената на Бритни Спирс ,,Toxic”.Настапот го почна со соблекување на палтото , а потоа продолжи да игра до крајот на песната. Патниците , пријатно изненадени , го снинмаа невообичаениот настап.

,, Забавата ни ја најавија преку микрофон . Не можев да поверувам . Тоа се моменти што не ги гледаш од прва рака , туку само на интернет. На сите им се допадна , на крајот сите аплаудиравме .”изјави една од патничките.

притисни ентер