Памела повторно заљубена: Ние го користиме говорот на телото

Океанот е мала препрека, како и разликата од 18 години, за секс симболот Памела Андерсон да ужива во својата љубов со францускиот фудбалер Адил Рами.

Сега изјави дека единствено јазичната бариера им создава мали проблеми, но дека тие развиле посебен говор на телото со кој одлично комуницираат.

„Тој не зборува баш најдобро англиски, а јас стојам лошо со францускиот. Затоа имаме наш посебен јазик, говорот на телото, говорот на љубовта ни помага во комуникацијата. Тоа е едно целосно ново, повисоко ниво на комуникација, над сите зборови“ – изјави Памела за „Дејли меил“, објаснувајќи дека се уште не може да верува што се случило, и како и се вратила вербата во љубовта и како толку лесно се заљубила во младиот фудбалер.



Познато е дека Памела го замени Малибу со Марсеј, во кој живееше претходните шест месеци повремено, а наскоро и постојано.

Синовите и пораснаа, кариерата и активизмот, на кој беше предана, како и борбата за заштитата на правата на животните – сето тоа лесно го остави и одлучи да ужива во Франција.

Изгледа дека богатото љубовно минато и трите пропаднати бракови ја научија дека во љубовта секогаш треба да се слуша срцето.

Сепак, со последната романса изненади многумина.

„Не сакам да зборувам премногу за нас. Има многу лажни односи во светот на шоу бизнисот, а ние сакаме да го заштитиме нашиот. Тоа е заедничка желба. Тој се грижи за мене и моите чувства, не му е потребен никаков публицитет“ – изјави кратко додавајќи дека Адил ја нарекува “вонземјанин“.



Објасни дека тоа е затоа што не може да поверува колку е младолика и како добро изгледа за своите години.

„Имам 50 години, но тоа не значи дека не треба да бидам секси. Јас сум витална и така се чувствувам. Имам разни фази, можам да кажам дека влегувам во некој вид на перименопауза, но тоа не може да ме спречи и понатаму да уживам во животот. Можеби и ќе се омажам, не се знае“ – изјави таа.

Инаку, Памела и Адил се запознале преку заеднички пријатели во почетокот на 2017 година во Монако, а во врска се осум месеци.

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер