Девојка пронајдена предозирана во тоалет на трговски, можела ли да се избегне трагедијата?

Предозираноста од наркотици е причината за смртта на 30 годишната девојка.
 Нејзиното тело вчера била најдено во тоалет во трговски центар во Скопје. Причините да се земаат наркотици се најразлични, најтешко е да се одвикне зависникот од дрога. Христијан Јанкуловски од невладината ХОПС објаснува дека животот може да се спаси со една ампула и е потребно секој зависник да ја носи.

Многумина ќе речат, зошто не прекине, и по спасувањето тој или таа ќе продолжи со дрогата? Но, секој заслужува спас од последиците, а да се лекуваат причините, потенцира Јанкуловски.

Во Македонија во последните истражувања направени пред осум години од страна на невладиниот сектор и институтот за јавно здравје има околу 10 илјади зависници од дрога.

Макрон: Франција не е на погрешен пат

Францускиот претседател Емануел Макрон смета дека неговата земја не се наоѓа на погрешен пат и најави нови реформи како одговор на протестите на „Жолтите елеци“.

,,Се запрашав дали треба да прекинеме се што е направено во изминатите две години, дали сме на погрешен пат, но јас верувам во спротивното, истакна Маркон синоќа на една од ретките прес-конференции како одговор на повеќе месечните протести на „Жолтите елеци“.

Тој нагласи дека мора да се обезбеди подобро функционирање на јавните услуги во помалите места и „мора да се гарантира пристап за сите здравствени служби, како и да се гарантира дека ниту едно училиште или болница нема да бидат затворени без одобрение на градоначалниците“.

Макрон се осврна и на пензиите, додавајќи дека Владата планира да ги зголеми најниските пензии со растот на инфлацијата..

Весниците од Србија по пет месеци повторно се продаваат во Косово

Во киосците во северниот дел на Косово, населен со мнозинско српско население, од вчера, по петмесечен прекин, повторно се продаваат дневните весници кои се печатат во Србија.

Радиото на српски јазик од Северна Митровица „Контакт плус“ јави дека дистрибутерот на весниците од Србија решил да ја плаќа таксата од 100 отсто што на увозот од Србија и Босна и Херцеговина ја воведе Владата на Рамуш Харадинај, така што од вчера Србите од Северно Косово можат да го купуваат дневниот печат по истата цена како и во Србија.

Сите издавачи излегоа во пресрет, ги намалија цените за да го компензираат тој дел за плаќањето на таксата, така што печатот во сите киосци во иднина ќе се продава по иста цена како и во централна Србија.

 Дневниот печат од Белград од 22 ноември минатата година, кога владата во Приштина ја воведе таксата на српскиот увоз, не се продаваше во Косово..

МВР со детали за вчерашното убиство на маж во Рашче

МВР излезе со детали во врска со убиството на мажот во скопското село Рашче , отакако вчеравече обвинителството објави дека неговото тело е однесено на обдукција.

Вчера околу 15 часот на влез во с. Рашче-Скопје, додека Ш.Џ. (69) од с.Сарај-Скопје, се движел со патничко моторно возило „Голф 3“ со скопски регистарски ознаки, кон него било пукано од патничко моторно возило при што Ш.Џ. починал на местото на настанот.

Извршен е увид од страна на Јавен обвинител  и екипа од СВР-Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција. Се работи на расчистување на случајот.

притисни ентер