Собраниски заткулисни игри за Законот за употреба на јазиците

Собраниски заткулисни игри за Законот за употреба на јазиците. Спикерот Талат Џафери на брифинг со новинарите најави дека законодавниот дом нема надлежност да ја оценува неговата уставност, бидејќи за ВМРО-ДПМНЕ тој е неуставен. Не е веќе предлог туку Закон - рече Џафери.
Извори во собраниските служби ова го толкуваат како можност 35 000 амандманите да не бидат разгледувани на седница. Од ВМРО-ДПМНЕ  го повикаа Џафери да не го крши Деловникот и да размислува во друг правец . Секој пратеник има право на амандмани, бидејќи сите се во согласност со забелешките на претседателот Иванов.

Да се разбуди мнозинството бидејќи за овој закон треба да има консензус. Да се праша Институт за македонски јазик, албанолози, професори и да се понудат решенија. Треба а има политичка волја. Талат Џафери има тешка обврска и не треба да влезе во политичка екскурзија која нема да донесе добро никому, не смеат да се прекршат собраниските процедури, рече пратеникот Илија Димовски.

Додека трае надмудрувањето Џафери – ВМРО-ДПМНЕ ,  надвор пред зградата, граѓани се потпишуваат против легитимитетот на оние кои работат против нивните интереси.

Инаку спикерот Џафери  упати и апел опозициајата да размисли и ако има сенс за процесите и за државата да се премисли и да не го блокира Собранието. 

Најави дека има и сила за расправа и  шест месеци. И од  ВМРО-ДПМНЕ со апел законот да го повлече. Собранието не е блокирано бидејќи во секој момент може да стави на дневен ред нова седница. Најавија дека имаат искуство за долги собраниски седници.  

Панел за перспективите на романското и почетокот на финското претседателсво со ЕУ

Панел на тема „Националните перспективи на крајот на романското и во очекување на финското претседателство со Советот на ЕУ" ќе се одржи денеска во Министерството за надворешни работи.

Настанот е организиран од Амбасадата на Романија во Скопје, Амбасадата на Финска во Белград и Институт за демократија „Социетас цивилис".

На настанот ќе бидат презентирани резултатите од романското и приоритетите на финското претседателство со Советот, како и европската интеграција на Македонија и земјите од Западен Балкан.

Поздравни обраќања пред гостите ќе имаат шефот на дипломатијата Никола Димитров и претседателот на „Социетас цивилис", Марко Трошановски, а во дискусијата ќе учествуваат вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, шефот на делегацијата на ЕУ, Самуел Жбогар, романскиот амбасадор Виорел Станила, финскиот амбасадор Кимо Лахдевирта, директорката при Директоратот на ЕУ при МНР, Бети Јачева, и раководителот на Центарот за евроинтеграции при ИДСЦС, Зоран Нечев. /МИА

Ахмети и Села ќе одат на лидерската средба, се чека потврда од Мицкоски

Премиерот Зоран Заев ја официјализираше поканата за лидерска средба, која како што предложи би се одржала во петок во Клубот на пратениците. 

Засега присуство е најавено од ДУИ и Алијансата за Албанците, додека ВМРО-ДПМНЕ остана на ставот дека доколку се одржува лидерска средба прва тема треба да бидат предвремени парламентарни избори, а потоа може да се зборува и за други теми, како пописот, изборен законик или закон за СЈО. Конечната одлука дали ќе одат на лидерската ќе ја донесе партиското раководство.

Сепак, Заев верува дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе присуствува на лидерската средба за која како теми ги предложи нов Изборен законик, закон за јавно обвинителство во кој би се регулирал и консензус за пописот. Во моментите кога премиерот Заев ја објави поканата за петочната лидерска средба во јавноста беше соопштено дека неотповиклива оставка поднела специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Оставката би била активирана само доколку биде донесен законот за јавно обвинителство. Специјалната јавна обвинителка, според информациите во јавноста, беше едно од несогласувањата на владејачките партии и опозицијата во разговорите за статусот на јавното обвинителство.

Премиерот Заев на прес-конференцијата кажа дека освен за темите кои ги најави на средбата може да се разговара и за други прашања кои би ги иницирале учесниците во разговорите, но вели, иако влаедајчката партија е подготвена за избори, предност во моментот треба да има евроинтеграцијата и развојот на државата и економијата.

На средбата, како што рече, очекува лидерите да се фокусираат на создавање услови за последниот исчекор за старт на преговорите и од неа да произлезат предлози за Акциски план и работни групи во кои би учествувале претставници од сите парламентарни групи со кои ќе има разговори.

Затворањето на овие теми, според него, ќе значи заокружување реформите во делот на европските интеграции со кои ќе се претставиме наесен како земја која ги затворила сите прашања за добивање на ветениот датум за старт на преговорите.– Никому да не му дадеме аргумент да биде против, да биде резервиран или слично, рече премиерот.

Заев останува на ставот дека треба да се оди на редовни избори, освен ако нема некои сериозни аргументи. Смета дека редовните избори би можеле да бидат поместени во окотмври 2020 година за тие да не се одржуваат во зима. Ваков став минатата недела изнесе и Артан Груби од ДУИ, кој дури кажа и дека можни термини за избори би биле и крајот на мај или јуни.

– И ние сме подготвени за предвремени избори напролет, наесен или кога било, но пред се е одговороноста кон државата, секогаш сме стоеле на ставот дека да треба да и дадеме шанса на економијата по сериозни политички одлуки. Останувам на ставот дека треба да одиме на редовни избори. Брзи избори, предвремени избори видовме до каде ја донесоа државата заради политички калкулации. Ако одиме на избори оваа есен, ќе остане истата Влада од прилика со истите партиципиенти. Што ќе направиме овој драгоцен неповторлив период за македонската економија ќе го унаказиме, ќе го уништиме, рече Заев.

ВМРО-ДПМНЕ го повтори ставот дека доколку се одржува лидерска средба прва тема треба да бидат предвремени парламентарни избори. Потоа, како што изјав на прес-конференција портпаролот на партијата Димче Арсовски, може да се зборува и за други теми, како пописот, изборен законик или закон за СЈО, кои ги најави Заев.

-Во однос на лидерската средба веќе и претседателот  Мицкоски се изјасни. Ние сме децидни дека на таа лидерска средба како прво и единствено прашање мора да се разговара како прва точка за предвремени парламентарни избори. Во однос на денот и времето и локацијата, дополнително ќе биде анализирано во органите на партијата и ќе биде одлучено согласно агендите на претседателот и временските можности, рече Арсовски одговарајќи на новинарско прашање.

Арсовски додаде и оти кај премиерот Зоран Заев и во неговото денешно обраќање можело да се види оти нема расположение за избори и дека тој едноставно бега од избори со самото тоа што кажал дека може да се разговара за Изборниот модел, меѓутоа да не бидат притисок предвремените парламентарни избори.

Поканата на премиерот вчера ја прифати претседателот на Алијансата за Албанците Зијадин Села.Од Кабинетот на Села наведуваат дека ќе учествуваат на средбата и оти ќе презентираат свои предлози и идеи за прашањата за кои ќе се дискутира.

-Добро е што премиерот почнал да ја чувствува вистинската сила на Алијансата за Албанците. Отсекогаш сме мислеле дека вакви лидерски средби треба почесто да се свикуваат кога станува збор за чувствителни државни прашања. Ќе ја прифатиме поканата и сигурно ќе учествуваме во неа со наши предлози и идеи за прашањата за кои ќе се дискутира, стои во информацијата испратена од Кабинетот на Села. /МИА

Седници на собраниските комисии за европски и за економски прашања

Во Собранието на денеска седници ќе одржат комисиите за европски и за економски прашања.

На дневен ред на Комисијата за европски прашања се Предлог – законот за јавните набавки во областа на одбраната и безбедноста и измените и дополнувањата на Законот за заштита на правата на пациентите, двата во прво читање.

Комисијата за економски прашања ќе ги разгледува измените и дополнувањат на Законот за возила, во второ читање. /МИА

притисни ентер