Петков: Историска шанса годинава да се почнат преговори со ЕУ

Македонија има историска шанса да ги почне преговорите со ЕУ оваа година, рече амбасадорот на Бугарија во Македонија Иван Великов Петков на денешната презентација на приоритетите на бугарското претседателство.
Посочи дека клучен приоритет се земјите од  Западниот Балкан бидејќи местото им е во Унијата, која пак треба да ја потврди  европска перспектива и да ги поттикне реформите.    

Во спротивно, ризикуваме нестабилност, ЕУ од друга страна треба да го поттикне политичкиот дијалог да работи со владите за креирање работни места, инфраструктурно поврзување меѓу земјите, стимулирање на реформите и помирување. Вчера слушнавме охрабрувачка порака во Давос на средбата на премиерот Зоран Заев со грчкиот премиер Алексис Ципрас што ги зголеми надежите за решавање на спорот со името, рече Великов Петков.

И според Евро- пратеникот Иво Вајгл очекувањето на Македонија да добие датум за почетокот на преговорите со ЕУ е оправдано. За МИА оцени дека политичката ситуација е во нагорна линија и дека дијалогот со Бугарија и Грција е продуктивен.


Не би можел да се согласам со никаква идеја да се прави ранг-листа меѓу државите кандидатки. Македонија беше 10 и повеќе години оценувана како најнапредна, како најдобра држава кандидатка. Таа не може денес да биде деградирана со статус на некоја второстепена држава кандидата, рече Вајгл. 
Евро- пратеничката тројка  Вајгл, Кукан и Флекенштај на крајот на февруари ќе пристигне во Македонија за да се обиде да договори нов датум за процесот Жан Моне. Јануарскиот пропадна бидејќи не добиле конечна потврда од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.



Рејчел Галовеј: Политичките партии интересот на земјата мора да го стават пред сè

Ефективноста и интегритетот на целокупното правосудство е предуслов за национална стабилност и просперитет.

 Реформите во обвинителството се дел од пошироките реформи поврзани со владеењето на правото што се приоритетни за ЕУ, за НАТО и за граѓаните на Македонија, па затоа политичките партии мора да го стават интересот на земјата пред сè, вели британската амбасадорка во Скопје, Рејчел Галовеј во интервју за МИА, во однос на потребата од донесување нов закон за Јавно обвинителство и спојувањето на сегашното СЈО со Основното јавно обвинителство за организиран криминал.

– Ефективноста и интегритетот на целокупното правосудство е предуслов за национална стабилност и просперитет, вели Галовеј, нагласувајќи дека Советот на ЕУ отсекогаш бил јасен дека треба да се утврди правна одговорност за сторените противзаконски дејства за кои јавноста дозна од прислушуваните разговори од 2015 година.

Според неа, квалитетните законски рамки се важни, но владеењето на правото се заснова на нивната примена, па затоа случајот „Рекет" е можност да се покаже делотворно, навремено и неселективно спроведување на законите.

– Најважно е граѓаните да видат дека владеењето на правото подеднакво важи за сите, потенцира Галовеј

Таа нагласува и дека Велика Британија ја поддржува евроатлантската интеграција на Северна Македонија и се надева дека Европскиот совет на самитот во октомври на земјата ќе и даде датумот за почеток на преговорите за членство во ЕУ.

–  Македонија покажа лидерство и храброст во пристапот кон проблемот со името и постигна значаен напредок со бројни реформи. Општиот правец е позитивен, но за вистински промени треба време и постојани напори од сите учесници во општеството. Процесот на влегување во ЕУ треба да ги засили овие реформи, вели Галовеј .

Во врска со односите на Лондон со земјите од Западен Балкан по Брегзит, предвиден за 31 октомври, амбасадорката Галовеј истакнува дека и по напуштањето на ЕУ, Велика Британија ќе остане истата држава „поврзана со  Македонија и поширокиот балкански регион.

– Јасно е дека Западниот Балкан му е важен на Обединетото Кралство, како што покажавме со нашата четирикратно зголемена програмска поддршка, поброен кадар, како и со посетата на поранешната премиерка Тереза Меј во Скопје и посетата на министерот за надворешни работи Никола Димитров во Обединетото Кралство пред еден месец. Верувам дека нашите и онака цврсти билатерални односи ќе продолжат да се продлабочуваат и во иднина, потенцира Галовеј./МИА.

Поранешни вработени од „ОХИС" повторно на протест во Скопје

Поранешни вработени во скопската фабрика „Охис", која е во стечај, денеска повторно протестираат низ улиците во Скопје. 

Протестираат пред Парламентот по што, според најавите, ќе се движат кон Министерството за правда и кон Владата.

Бараат исплата на побарувањата од стечајната постапка за 24 неисплатени плати и придонеси од плата за 16 месеци. Имаат неисплатени осум плати од 2008 година и 16 плати од 2012 и 2013 година.

– Има нешто исплата но тоа се ситни пари. Недостигаат три до четири милиони евра за да се обештетат луѓето. Свесни сме дека граѓаните се нервозни, но не ни преостанува ништо друго освен да протестираме, велат вработените од „Охис".

Според нив, државата е должна да им ги исплати платите бидејќи имала доминантен општетствен капитал во фабриката.

Досега, повеќепати протестираа пред надлежните институции и имаа средби со владини претставници. За денеска, како што велат, немаат најави за средба со некој од институциите. /МИА.

Српски и турски државјнин приведени на меѓународниот аеродром Скопје

 На граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје" вчера на влез во земјава биле приведени еден српски и еден турски државјанин, за кои имало назначена мерка „А" (апси).

Како што денеска информираат од МВР, во 17,30 часот вчера на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје" на влез во нашата држава, при вршење пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција констатирано било дека Б.З.(24) од Р.Србија евидира со мерка "А" (апси). Тој бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.

– На 22.08.2019 во 21,00 часот на Граничниот премин "Меѓународен аеродром-Скопје", на влез во РСМ, по извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција констатирано било дека Р.С.(61) од Р.Турција евидира со мерка "Aпси". Тој бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка, стои во соопштението од МВР.

притисни ентер