Вајгл: Во февруари ќе го договориме новиот датум за средбата во рамки на „Жан Моне“

Европратеникот и известувач за Македонија Иво Вајгл заедно со своите колеги Едвард Кукан и Кнут Флекенштај на крајот на февруари ќе допатуваат на средби во Македонија, за да биде договорен новиот датум за средбите во рамки на процесот „Жан Моне“.

Вајгл во интервју за МИА, што ќе биде објавено утре истакна дека нивната и понудата на ЕП на македонското Собрание да организираат разговори во формација „Жан Моне“ е се уште актуелна и оти најавената јануарска средба не била реализирана бидејќи европратениците не добиле дефинитивна потврда од ВМРО-ДПМНЕ.

- Најпрво го чекавме нивниот вонреден конгрес и одлуката за раководството на партијата, и се разбира, одлуката на новото раководство дали ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува во тој проект. Досега таков одговор се уште не сме добиле. Добив информација дека идната недела новоизбраниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде во Брисел и тогаш ќе имаме разговор со него. Меѓутоа, ние донесовме одлука уште во февруари да дојдеме во Скопје, ние тројцата пратеници кои сме иницијатори на таа иницијатива, Едвард Кукан, Кнуц Флекенштајн и јас, и дефинитивно да се договориме за новиот датум на првиот состанок и за темите кои би биле одобрени, усогласени за тој прв состанок, изјави Вајгл МИА.

Општата политичка ситуација во Македонија по конституирањето на Парламентот и на Владата, како што оцени европратеникот, е во нагорна линија.

- Нема сомнеж дека е од големо значење тоа што Владата стапи во многу продуктивен и одлучен дијалог со соседите, дека ги постави на нови темели односите со Бугарија. Исто така, може да се оцени и како успешен дијалогот којшто се води со Грција иако засега се уште е тешко да се зборува за резултат, вели Вајгл.

Што се однесува на внатрешната ситуација, посочува дека има уверување од страна на Владата дека сериозно се работи на реформите кои се зацртани во Извештајот на Прибе и со Пржинскиот договор. Меѓутоа, според Вајгл, она што во овој момент недостасува е конструктивна соработка на сите партии застапени во Парламентот. Неговата порака до опозицијата, која не учествува во работата на Собранието, е дека бојкотот не е инструмент кој би бил прифатлив за демократските држави и односи.

- ВМРО-ДПМНЕ по сила е се уште најсилна партија во Македонија и во Парламентот и треба да ја преземе одговорноста заедно со Владата за продолжување на реформите, за општиот прогрес на Македонија и за нејзиниот европски пат. Се разбира, и Владата има обврска да и го даде на опозицијата тоа место кое го има опозицијата на секоја демократска сцена, особено ако е збор за јака, силна опозиција без која не може да се спроведе ниту една сериозна реформа или меѓународен договор, истакна Вајгл.

Би било оправдано да се очекува Македонија, чија Влада презеде чекори за решавање на спорот со името со Грција и исто така паралелно работи на посочените реформи, како што вели Вајгл, уште оваа година да добие одлука за почетокот на преговорите.

- Се разбира, одлуката за тоа ја носи Европскиот совет, значи таму каде што се шефовите на владите и на државите во ЕУ. Самиот факт зборува дека Македонија мора и натаму да настојува да соработува со сите држави членки, особено со оние со кои постојат некои отворени прашања. Што се однесува до ЕП, ние секако ќе го поддржиме ставот да и се овозможи на Македонија напредок и јас лично сакам да кажам дека не би можел да се согласам со никаква идеја да се прави ранг-листа меѓу државите кандидатки. Македонија беше 10 и повеќе години оценувана како најнапредна, како најдобра држава кандидатка. Таа не може денес да биде деградирана со статус на некоја второстепена држава кандидатка. Ние за ова ќе дадеме многу јасна порака во ЕП кога ќе разговараме за Стратегијата на проширување на ЕУ која ќе ни ја презентира Европската комисија, изјави во интервју за МИА европратеникот и известувач за Македонија Иво Вајгл. /МИА

Убила 19-годишна трудница и ѝ го украла бебето од матката-осудена е на 50 години затвор (ВИДЕО)

Клариса Фигуероа (51) е осудена на половина век затвор откако убила бремена тинејџерка во Чикаго намамувајќи ја во нејзината куќа за да ѝ го украде бебето од утробата, кое потоа го претставила како свое.

Тоа е, накратко, епилогот од страшното злосторство што го потресе овој дел на САД, а се случи во 2019 година, објави Еј-Би-Си Њуз.

Марлин Очоа-Лопез (19), мајка на двегодишно момче, која била во поодмината бременост, била намамена од Клариса во нејзиниот дом со ветување дека ќе ѝ даде бесплатна облека за бебето. Страшното злосторство го извршила со помош на нејзината ќерка Дезире, која во јануари ја признала вмешаноста во убиството кога била осудена на 30 години затвор. Мајката и ќерката ја задавиле трудница со електричен кабел. Клариса, која е медицински работник, сакала да го претстави бебето како свое, а откако го извлекла од стомакот на мајката повикала брза помош. Поради повредите, бебето два месеци било на интензивна нега во болница, но и покрај сите напори на лекарите, починало.

За време на судењето, се тврдело дека Клариса Фигуероа го изгубила своето бебе пред злосторството, а потоа им кажала на членовите на семејството дека повторно е бремена. Во октомври 2018 година, таа ѝ кажала на својата ќерка дека ѝ треба помош да убие трудница и да го украде бебето од нејзината утроба.

Ракел Уриостеки, мајката на убиената трудница, по изрекувањето на пресудата видно се потресе:

- Губењето на ќерка ми е нешто што никогаш нема да го прежалам.

Откако украденото бебе било сместено во болница, Клариса Фигуероа и нејзиниот партнер Пјотр Бобак тврделе дека бебето е нивно, па дури започнале и хуманитарна кампања за собирање помош за негово лекување. Пјотр подоцна на судењето признал дека помогнал да се отстранат трагите по убиството на бремената тинејџерка.

Страшното злосторство било неоткриено неколку недели, иако Џовани Лопез, сопругот на убиената, уредно ја пријавил за исчезната, но немал помош од надлежните да ја пронајдат. Полицијата реагирала дури по анонимна пријава во која било наведено дека е видена како исчезнатата влегува во куќата на Клариса Фигуероа. На 07.05.2019 година полицијата извршила претрес. Автомобилот на жртвата бил пронајден во близина на куќата на убиецот, а набрзо била наредена и ДНК анализа на бебето. Откако дошле резултатите од ДНК, полицијата ги уапсила мајката убиец, нејзината ќерка и нејзиното момче. Телото на жртвата било пронајдено закопано во дворот.

- Казната што ја доби никогаш нема да биде доволна и мојот син никогаш повеќе нема да ја прегрне мајка си. Изгубив дел од семејството и тоа секогаш ќе ме следи – низ солзи изјавил сопругот Џовани Лопез.


Нуркачи снимија како изгледа силен земјотрес под вода: Сега имам уште еден страв (ВИДЕО)

Страшно искуство е да се почувствува силен земјотрес, а група нуркачи го доживеале под вода додека јачината била 7,2 степени според Рихтеровата скала.

Видеото се рашири на социјалните мрежи, а корисниците пишуваат дека откако го погледнале, се наежиле и откриле нов страв.

На видеото се гледаат неколку нуркачи како пливаат меѓу коралниот гребен и уживаат во живописната глетка. Но, сè се менува кога ќе започне земјотресот. Прашина и нечистотија од морското дно се креваат и изгледаат како морничава магла.

So this is what an earthquake looks like underwater
byu/Literally_black1984 ininterestingasfuck

Се гледаат и нуркачи како се држат до коралите додека водата се движи побрзо и побрзо. „Да, мора да е кошмар“, „Изгледа страшно“, „Морничаво“, се само дел од коментарите.

Ужас во Англија: 80- годишен човек е запален во двор, соседите слушнале крици (ВИДЕО)

Две лица се уапсени откако полицијата пронашла изгорено тело на маж во задната градина на домот на едно „многу повлечено“ семејство, како што ги опишале соседите во Бредфорд.

Соседите во тивка уличка во Бредфорд пријавиле дека слушнале врисоци пред да видат како чад се издига зад куќата. Според извештаите, жртвата била 80-годишен маж кој живеел во куќата со помлада жена и нејзиниот син, објави Сан.

Многумина во соседството биле убедени дека човекот починал, затоа што не го виделе од пандемијата на коронавирус.

„Од градината доаѓаше чад, но не можевме да влеземе бидејќи портата беше затворена. Се обидовме насилно да ја отвориме портата и можевме да видиме крв и осакатено тело. Не можев да верувам, беше како нешто од хорор филм“, рекол соседот Мухамед.

„Семејството буквално никогаш не излегуваше надвор, тие се многу повлечени. Ова се случи целосно од ведро небо и сите се многу шокирани од тоа“, рече друг сосед кој сакал да остане анонимен.

Полицијата денеска соопшти дека го идентификувала телото на возрасен маж, но дека се уште се обидуваат официјално да го идентификуваат мажот и да им влезат во трага на неговите најблиски.

„Според информациите достапни во овој момент, ова го третираме како истрага за убиство. Мојот тим работи на утврдување на околностите кои довеле до смртта на човекот. Имаме две лица во притвор и не бараме никој друг во врска со овој инцидент, што се случи во тивка станбена улица, разбирам дека овој инцидент предизвика загриженост во пошироката заедница и има многу шпекулации за тоа што се случило и кој бил инволвиран.“

На местото на настанот се испратени пожарникарски екипи, полиција и брза помош, а соседите велат дека досега не виделе толку големо присуство на итните служби.

Противпожарната и спасувачка служба во Западен Јоркшир соопштија дека екипите го изгаснале пожарот на имотот.

„Ова беше многу шокантен инцидент за многу тивка и мирна заедница“, рече локалниот лабуристички советник Сајмон Канингам.

притисни ентер