НФФ: Интервентен откуп на пченица само ако има потреба и не пред први јули

Интервентен откуп на пченицата да има само ако се утврди дека е потребно и да почнува од 1 јули, кога стартува жетвата, а не порано, да се смени старосната граница за млади земјоделци (наместо 35, да биде 40 години), да се обезбеди еднаква поддршка за овчарите во високите и низинските предели, да има субвенции за системот крава - теле, да се облагородат пасиштата со агромелиоративни мерки и рокот за исплата на земјоделски производи од страна на откупувачите да се намали од 90 на 30 дена, бара Националната федерација на фармери (НФФ).

Овие предлози, според НФФ, треба да влезат во Националната програма за земјоделството и руралниот развој 2018-2022. Веќе му се презентирани на ресорното Министерство и се доставени во писмена форма.

- Исто така сметаме дека, покрај системите за наводнување „капка по капка“, во Националната програма треба да влезат и нови технологии со кои ќе се ублажат негативните ефекти од климатските промени, како што се оросувачите и спринклерите кај овоштарството и лозарството, за заштита од мраз. Предлагаме и мерки за работната рака во сточарството, нова категоризација во Законот за земјоделство и рурален развој каде основен критериум нема да биде само бројот на грла, туку и други критериуми кои влијаат на продуктивноста на фармата зашто, на пример, 20 грла буша не се исто со 20 холштајн симентал, велат од НФФ за МИА.

Во делот на родовата застапеност, НФФ сугерира жените-фармери да добиваат 55 отсто поддршка за инвестицијата, исто како младите, без разлика на возраста. Во однос на административните процедури, пак, предлага календар за исплата на финансиските средства и календар за објава на огласи за мерките за апликации, за да можат земјоделците навреме да ја набават потребната документација.

- Предлагаме и контролата на терен да биде за време на вегетацијата, а не по бербите, решенијата за одобрените апликации, субвенциите и руралната програма да стигнуваат до земјоделците пред исплатата на средствата, а не потоа, субвенционирање на автохтоните раси да биде согласно ФАО - критериумите, како и да се воспостават индикатори за следење на Националната програма и резултатите од нејзиното спроведување, истакнуваат од НФФ.

Фармерите нудат решенија и за задругите. Сметаат дека е добро да се интензивираат обуките на менаџерите за подобар пласман и постигнување подобри цени.

НФФ оценува дека мерката за ограничување на производството во лозарството „зелена резидба“ не соодведствува со реалната состојба и има потреба да се замени со друга - потикнување на производство на дестилати и други производи со додадена вредност како маџун, суво грозје,..., а осигурувањето на посевите веќе не е интересно за земјоделците поради политиките на осигурителните компании.

- Парите што треба да ги добијат осигурителните компании од државата доцнат, а тоа потоа им се наплатува на земјоделците, со тужби и блокирање сметки. Затоа го подржуваме воведувањето интервентен фонд за штети од климатски промени, напоменуваат од НФФ./МИА

Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога

Денеска во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид, соопшти МВР.

Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена. Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

„Гответе со Дракче“ - Тортиљи со ајвар

Во петок (19.04.2024) во емисијата гостин ни беше Ленче Кукиќ.

Состојки за денешниот рецепт:

3 тортиљи

3 јајца

200 гр. сирење

100 гр. ајвар

зачини по желба

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Нападната база на проиранските милиции во Ирак, САД и Израел негираат вмешаност

ПМФ веднаш ги обвини Американците за нападот, кои исто толку брзо одговорија дека „коалициските сили во Ирак немаат никаква врска со оваа акција“.

Серија експлозии го разнеле штабот на Народниот фронт за мобилизација (ПМФ) на 50 километри јужно од ирачкиот главен град Багдад, само неколку часа откако припадници на проиранските милиции лансирале беспилотни летала кон израелската воздухопловна база во близина на Елиат.

Според првичните информации што ги објавија медиумите во Ирак, најмалку еден член на Народниот фронт за мобилизација, проиранска милиција која е дел од ирачките вооружени сили, е убиен, а десетина биле ранети во нападот на неидентификувани авиони врз базата во близина на Багдад.

ПМФ веднаш ги обвини Американците за нападот, кои исто толку брзо одговорија дека „коалициските сили во Ирак немаат никаква врска со оваа акција“.

И израелските власти негираат дека стојат за нападот, но офицери на ирачките воздухопловни сили изјавиле дека авионот, кој истрела проектили врз базата на проиранската милиција, најверојатно летал од правец на Јордан.

Израел вчера изврши напад на иранска територија, неколку дена откако Иран го нападна Израел со беспилотни летала и проектили кои главно беа пресретнати и уништени.

Техеран, пак, објави дека воената база во Исфахан била нападната со беспилотни летала лансирани од локација во Иран, поради што нема намера да изврши нов одмазднички напад против Израел.

САД, кои се обидуваат да ги убедат двете страни да го запрат бранот одмазднички напади, по израелската акција во Иран, оценија дека таквите операции завршиле. /МИА

притисни ентер