Струмица доби мерна станица, но не работи правилно?

Општински инспектори за само неколку дена утврдиле низа неправилности во неколку стопански субјекти во Струмица кои се и потенцијални загадувачи на воздухот.
Службите од вторникот се на терен, ги чешлаат сите и се врши засилена контрола , какви  средства се користат за загревање, но и производство во нивните капацитети.

Иницијативата произлезе од првичните и неофицијални резултати од новопоставената мерна станица за аеоро загадување во градот која покажа дека во воздухот се измрени рекордни 770 мг на м3.Анализите се направени и од страна на општински органи.

Од општината информираат  дека никој нема да биде поштеден,но и дека контролите нема да застанатл,инспекторите и понатаму ќе се на терен.Ќе се врши инспекциски надзор не само на правните субјекти туку и на домакинствата.

Од 4ти јануари во кругорт на општа болница во Струмица беше поставена мерната станица за загадување на воздухот која неколку дена беше  во пробна работа.Од министерството за животна средина велат дека , параметрите добиени во треба да не се земаат во предвид. По завршувањето на сите активности како што се баждарење и калибрирање на инструментите во самата мерна станица, ќе можеме со сигурност да ги следиме отчитувањата и да сме сигурни дека загадувањето на воздухот на територијата на општина Струмица е на повисоко ниво од дозволеното информираат од министерството

Мирен протест пред Собранието

Мирно и без инциденти мина вечерашниот протест пред Собранието на Република Македонија.

Околу стотина граѓани се собраа прад законодавниот дом за да го искажат незавоволството поради постигнатиот Договор со Грција.. Тие пееја патриотски песни, извикуваа слогани за Македонија и бараа оставка од Владата..

Претседателот Иванов им го додели признанието „Инженерски прстен 2018“ на најдобрите студенти од техничките факултети

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, на свеченост одржана во Вилата Билјана во Охрид, го додели признанието „Инженерски прстен 2018" на најуспешните дипломирани студенти од техничките факултети.

По повод 15 годишниот јубилеј, Инженерска институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери, на претседателот Иванов, му додели признание за континуирана поддршка на манифестацијата „Инженерски прстен", како значаен сегмент во промовирање на инженерството и инженерските струки во Република Македонија.

Во своето обраќање пред присутните македонскиот претседател истакна дека овие млади научници и инженери се идните градители на напредокот и на благосостојбата на Република Македонија.

- Мора да направиме се, младите научници и инженери да ги заземат своите места во образованието, институциите, компаниите. Тие се столбот на развојот на секое стопанството, бидејќи економскиот раст на државите се темели токму на развојот на високите технологии. И многу повеќе од тоа, бидејќи инженерите од техничките факултети се тие што ја имаат моќта да го менуваат светот и реалноста, рече претседателот Иванов.

Тој нагласи дека му претставува чест што како Претседател на Република Македонија, на јубилејната десетта генерација и оддава признание доделувајќи ги овие инженерски прстени.

- Инженерскиот прстен не е само признаниe, туку е и обврска за вас да му останете верни на вашиот професионален повик. Тоа е повик да нудите решенија, да проектирате, да градите и создавате, да бидете креативни и иновативни, рече претседателот Иванов, охрабрувајќи ги младите да продолжат да ги усовршуваат своите вештини и да ги надградуваат своите знаења.

Според македонскиот претседател, најуспешни држави се оние кои продуцираат вакви високовалитетни кадри и затоа треба да продолжиме да инвестираме во образованието, но и да работиме на подготвеноста на институциите и бизнис секторот да ги препознаат и прифатат младите теленти и да им овозможат натамошен напредок и развој, во Република Македонија.

Проф. д-р Христина Спасевска, претседател на Асоцијацијата на здруженија на инженери – Инженерска институција на Македонија, зборувајќи за значењето и за историјата на манифестацијата, рече дека покровителството од страна на претседателот на државата уште од самиот почеток, го потврдува значењето на оваа иницијатива.

-Сѐ започна пред 15 години, кога група универзитетски професори и професионалци, ентузијасти и членови на Инженерската институција на Македонија си поставија за цел промовирање на инжерските дисциплини кај младите, истакнување на најдобрите и укажување дека само со квалитетни инженери, може да се следат трендовите во науката и новите технологии, што единствено ќе овозможи развој на сопствената земја, рече г-а Спасевска.

Претседателот на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, проф. д-р Миле Димитровски, изјави дека добитниците на инжинерскиот прстен доаѓаат од првите пет најдобро рангирани универзитети и од факултети со високи оценки за акредидатцијата и дека истите се пример дека треба да се вложува во себе за што е важно и знаењето и оценките и навременото завршување на започнатото.

Во име на наградените дипломци благодарност упати Александар Ѓерасимовски, потенцирајќи дека Инженерскиот прстен е најпрестижната награда за еден млад и квалитетен инженер, кој е движечката сила во технолошкиот развој во нашето општество.

- Привилегија за нас е членството во Клубот на носители на инженерскиот прстен кој ги обединува добитниците на ова престижно признание и ни овозможува остварување контакти со најдобрите од секоја сфера на инженерството, рече Ѓерасимовски.

Тој додаде дека масивниот развој во сите сфери од техниката бара квалитетен кадар и упати апел до соодветните институции во државата, да создадат услови младите луѓе да останат и да го дадат својот придонес во развојот на нашата татковина.

Традиционалната манифестација „Инженерски прстен" која е во организација на Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери, а под покровителство на претседателот на Република Македонија, претставува поттик за изучување на инженерството и придонес за формирање на квалитетен инженерски подмладок, компатибилен со развиените земји.

Во изминативе петнаесет години ова признание го добиле најдобрите 150 дипломирани студенти кои што ги негуваат инжeнерските дисциплини.

Ферид Мухиќ во „Само вистина“

Мухиќ: Договорот со Грција без преседан е најбесмисленииот и најпарадоксалниот договор, камен од камен не остана од нас

Гостин во ,,Само вистина“ вечерва беше независниот пратеник Ферид Мухиќ, дел од парламентарното мнозинство, кој потврди дека на денот на гласањето за Договорот не бил ниту во Скопје а камо ли во парламентот и воопшто не гласал, независно што некои електронски медиуми јавија дека гласал ,, За,,.

Мухиќ смета дека договорот е најирационалниот и најбесмислениот договор и договор кој можеби ќе беше подобро да претпоставува да им дадевме територија или пари на Грција или да го сменевме само името на државата и по цена да немало Македонија во него, но никако ваков договор со кој, според него, се брише историјата на еден народ , се бришат сите етникуми во Македонија не само Македонците туку и Албанци, Турци, Власи, Турци, Роми  итн и дека целта била менување на границите и јасно разграничување на Муслиманите и Христијаните.. Сепак Мухиќ смета дека премиерот Заев бил храбар што конечно ги дотуркал работите до овде и штом прифатил ваков договор, бил приморан на тоа , смета независниот пратеник Мухиќ. Мухиќ смета дека за промена на име не треба ни граѓаните да излегуваат на референдум, бидејќи ниту тие можат да менуваат нешто што да менуваат не можат да арчат нешто што не го спечалиле. Со овој договор се порекнува Македонскиот национален идентитет, смета Мухиќ.

Повеќе погледајте во видеото во вечерашната „Само Вистина“.

притисни ентер