Музеј на илегалните работилници за изработка на оружје во Скопје од НОВ

Меморијалниот музеј на илегалните работилници за изработка на оружје во Скопје за време на НОВ (1941-1944) денеска ќе биде отворен.

Посетителите ќе можат да ја погледнат постојаната поставка „Хероите на градот на Вардар“ на авторката Зоја Богдановска, виш кустос историчар.
Меморијалниот музеј на илегалните работилници е сместен на левиот брег на реката Вардар, на кејот „Димитар Влахов“, зад Археолошкиот музеј на Македонија.
Новата изменета и надополнета поставка е сместена во целосно санираниот простор на тајната работилница, зачувана во својот автентичен изглед, која во 1981 година била пренаменета во музеј. Со поставувањето на деведесетина зачувани музејски експонати се будат сеќавањата за илегалната работилница што се користела за изработка на оружје за партизанските одреди, но и други експонати коишто се поврзани со времето на Втората светска војна.
Со повторното отворање на Меморијалниот музеј на илегалните работилници, Музејот на град Скопје го добива својот втор депанданс во стариот дел на градот, кој е единствен од ваков вид во Република Македонија и ја збогатува со уште една значајна содржина културната понуда на Скопје.
Музејот ќе го отвори скопскиот градоначалник Петре Шилегов. Тој минатата година на 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје најави дека наскоро овој музеј повторно ќе биде отворен. Шилегов рече дека како градоначалник ќе се погрижи музејот да биде повидлив и попосетен од граѓаните.

Во Србија се уапсени 17 лица, кои правеле и продавале лажни дипломи од факултети и училишта

Припадници на МВР, УКП, Служба за борба против организиран криминал, по наредба на Јавното обвинителство за организиран криминал, привеле 17 лица припадници на две организирани криминални групи.

Припадници на МВР, УКП, Служба за борба против организиран криминал, по наредба на Јавното обвинителство за организиран криминал, привеле 17 лица припадници на две организирани криминални групи, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривични дела здружување заради сторени кривични дела и фалсификување исправи во продолжено време, а четворица уапсени од овие ОКГ се товарат и за кривично дело злоупотреба на службената положба, објави Телеграф.

Уапсени се Р.Б.(1959), А.Б.(1988), Б.Д.(1976), С.К.(1984), Б.Ѓ. (1963), Д. Г. (1954), С. К. (1961), И. Д. (1994), М. Б. (1951), М. П. (1956), З. Н.П.(1969), В.С.(1984) и Л.Р.С. (1968).

Во периодот од април 2023 година до денес, осомничените во илегална печатница на територијата на Белград направиле повеќе од 400 лажни јавни исправи - договори, полномошни, дипломи од средни, високо и високообразовни установи, со намера дека клиентите да ги користат како што се направени и стекнати на легален начин. На овој начин, како што се сомнева, прибавиле противправна имотна корист од над 12 милиони динари. Меѓу уапсените се и две лица вработени во Министерството за државна управа и локална самоуправа, како и едно лице вработено во МВР, кои се осомничени дека ја искористиле службената положба за вршење проверки преку затворените бази на матичната евиденција, за лица за кои се изготвени фалсификувани документи. Исто така, уапсено е и едно лице вработено во Министерството за образование, за кое се сомневаат дека искористувајќи ја службената положба со овие фалсификувани документи, за одредена сума пари вработувал лица во државни институции.

Осомничените со кривична пријава ќе бидат изведени до надлежното Јавно обвинителство за организиран криминал.

ДИК : Силјановска Давкова со 37,80 % , Пендаровски 18,66 % од гласовите

Според податоците на Државната изборна комисија , на 59,61 % обработени податоци , во водство е Гордана Силјановска Давкова со 37,80%

На второ место е Стево Пендаровски со 18,66 проценти од гласовите.

Бујар Османи освоил 15,63 % , Максим Димитриевски 8,09% , Арбен Таравари 11,39 % , Билјана Ванковска 4,49 % и Стевчо Јакимовски 0,96%.

Стево Пендаровски

97.592 | 18,66%

Гордана Сиљановска Давкова

197.741 | 37,80%

Стевчо Јакимовски

4.997 | 0,96%

Бујар Османи

81.748 | 15,63%

Билјана Ванковска Цветковска

23.472 | 4,49%

Арбен Таравари

59.591 | 11,39%

Максим Димитриевски

42.296 | 8,09%

притисни ентер