Алаѓозовски: Се испитува квалитетот на бетонот и арматурата на спомениците од Скопје 2014 за да се види дали може безбедно да се дислоцираат

Градот Скопје и Општина Центар имаат надлежности за евентуални отстранувања на спомениците од проектот Скопје 2014, но тоа отстранување треба да биде прецизно изведено согласно законот и процедурите, истакна денеска министертот за култура Роберт Алаѓозовски одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието на РМ и додаде дека сепак се испитува квалитетот на бетонот и арматурата за да се види дали може безбедно да се дислоцираат.

- Многу е битно ова отстранување да  биде законски за да не се соочиме со ситуација таа процедура да биде оспорена од страна на авторите, иницијаторите или донаторите за да не се генерира дополнителна штета врз буџетот на РМ. Одлуката за што понатаму не смее да биде дополнителен товар на буџетот на граѓаните и не смее да дозволиме нови непродуктивни трошоци или финансиски тешкотии, имајќи ги во предвид и економската состојба во која се наоѓаме, истакна Алаѓозовски.

Според него, покренувањето на сценариото за отстранување на спомениците ги доведува во прашање и безбедносните аспекти и можноста на таква интервенција.

-Во ситуација кога цел град се гуши во прекумерно загадување, не би било паметно, особено што ќе се ослободат штетни честички, рече министерот.
Одговарајќи на второто прашање Алаѓозовски рече дека утврдиле дека за споменикот за Ќосето надлежни се општините Центар и Град Скопје кои доколку донесат решенија за отстранување тоа би требало да се спроведе на советите на општините.
-Секоја идна позитивна акција од градот Скопје или општинатата Центар треба да ја земе во предвид и забелешката на СЈО која вели дека евентуалното отстранување да се направи на таков начин што нема да претставува оштетување, затоа што споменикот на Ќосето меѓу другото претставува материјален доказ во евентуална постапка за утврдување на кривична одговорност, истакна министерот Алаѓозовски.

Информираше и дека штом ќе имаат доволно докази за криминал дека ќе поднесат и тужби за лоцирање на индивидуалната одговорност за одредени функционери или институции, кои сториле и одобрувале злоупотреба на службената должност зад, како што рече, параванот на наводен патриотизам и национализам.

Во однос на прашањето за ревитализација на старото градско јадро во Скопје со меѓународен конкурс, Алаѓозовски одговори дека тоа е единствена мерка во делот за култура во програмата  „Живот за Македонија“ која ја одложиле и не ја направиле во првите шест месеци.
-Препорака на работната група за „Скопје 2014“ е пред да распише меѓународен конкурс, мора да се утврди колкав е обемот, што ќе биде судбината на дел од објектите, и откако ќе биде постапено по нив во рамки на остатотокот од тој проект ќе може да се распише конкурсот, истакна министерот.
Алаѓозовски кажа дека со Град Скопје размислуваат во 2024 или 2027 да го кандидираат Скопје за европска престолнина на културата и тоа би било голема рамка за ревитализација на центарот на Скопје.

- Ако Скопје 2014 беше антипроект на претходна власт, тогаш со Скопје - европска престолнина на културата може да го надминеме тоа негативно наследство, рече Алаѓзозовски. 

Седуммина полицајци повредени во насилните протести пред Собранието

Седуммина полицајци се повредени и тројца цивили се приведени во насилните протести пред Собранието на Македонија, јави МИА повикувајќи се на полициски и болнички извори.  

Екипа на Итната медицинска помош интервенираше вечерва поради повредени лица во насилните протести што се одржаа пред Собранието. Возилото е се уште на местото на протестите, но засега нема информации за број на повредени граѓани.

Медицинскиот тим интервенирал по барање на полицијата.

Македонската полиција со солзавец растера насилни демонстранти пред Собранието кои протестираа незадоволни од Договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и стратегиско партнерство потпишан денеска во Псарадес.

Демонстрантите фрлаа кон полицијата шок-бомби, пиротехнички средства и камења. Полицијата возврати откако дел од нив ја турнаа заштитната ограда и се обидоа да влезат во Парламентот.

Протестот беше организиран преку социјални мрежи. /МИА

Утре променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи

Времето утре променливо облачно на повеќе места ќе дува засилен северен ветер. Попладне ќе има нестабилност со локален пороен дожд и грмежи. УВ индексот ќе изнесува 7. Минималната температура од 11 до 18 а дневната највисока температура на воздухот

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со повремено засилен северен ветер. Температурата од 16 до 31 степен.

Во вторник се очекуваат повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни со грмежи, особено попладнето. Во среда како и во следните два дена ќе биде  сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за појава на краткотраен дожд. Дневните температури ќе бидат во пораст, освен во вторник кога  ќе опаднат за неколку степени. /УХМР

Протест пред Собранието против Договорот со Грција

Пред Собранието на Македонија се одржува протест против Договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и стратегиско партнерство. Протестот е организиран преку социјални мрежи.

Насобраните граѓани го блокираа булеварот „11 Октомври“ пред собраниската зграда, пред која е поставен полициски кордон.

Дел од учесниците во протестите фрлаат камења и факли кон полицискиот кордон. 

Тие укажуваат дека граѓаните се тие кои одлучуваат за својата и иднинатата на државата. 

Учесниците во протестот извикуваат пароли „Македонија, не го даваме името“ и пејат патриотски песни.

Шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас денеска во Псарадес ги ставија своите потписи на договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и стратегиско партнерство, во присуство на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас.

На церемонијата присуствуваа високи претставници на ЕУ, на ОН и бројни новинари. Двајцата премиери меѓусебно се нарекоа пријатели, оценувајќи го потпишувањето на договорот како историски ден. /МИА

притисни ентер