Објавена божикната пиеса „Новиот цар“ од Томислав Османли

„Либи“, дел од книгоиздателството „Арс ламина“, ја објави книгата со драмскиот текст „Новиот цар“ од писателот Томислав Османли.


Како што вели авторот, книгата со божикниот драмски текст за деца го носи поднасловот „Приказна за раѓањето на Царот на царевите“ и претставува инсценација на повеста за раѓањето на Исус раскажана низ 12 сцени, со почетна игра, пролог и епилог. Почетната игра ги претставува традиционалните коледарски песни што се пејат не само во Скопје, ами и низ Македонија.
- Оваа книга проследена со повеќе шарматни илустрации и со постојано присутната сјајна Витлеемска ѕвезда се отвора со најавата „Кога се раѓаат големите цареви, на небото се појавува сјајна Ѕвеѕда“. Така, Витлеемската ѕвезда која го најавува раѓањето на малиот Христос е еден вид постојано присутен лик на дејствието на оваа топло раскажана детска пиеса која почнува со раскажувањето на ангелот Гавриил. Шармот на пиесата го чини радосниот и разигран начин на претставување на религиозната приказна на Рождеството, блиска до сензибилитетот на најмладата публика, наведува Османли.
Според жанрот, пиесата „Новиот цар“ е божиќна мистерија, една од оние предлошки што низ театарските професионални, но и аматерски и училишни сцени, како на земјите од соседството, посебно низ оние на Европа и на прекуокеанскиот свет, се играат пред публиката од стари и млади гледачи и ја одбележуваат атмосферата на божиќните празници. Со појавата на оваа божиќна пиеса, и кај нас се надополнува токму таа празнина на божикниот жанр и празничен контекст.
„Новиот цар“ беше напишан, прв пат објавен и поставен на сцена во 2000 година и е првиот македонски драмски текст не само по повод стапувањето на вориот милениум од раѓањето на Христос, туку воопшто и драмски текст на религиозна тема.

Хјундаи во наредните три години ќе инвестира 47 милијарди евра, пред сѐ за електрични возила

Компанијата Хјундаи денеска објави дека ќе инвестира 68 трилиони вони (околу 47 милијарди евра) во текот на три години во Јужна Кореја, главно за да го зголеми производството на електрични возила (ЕВ) и да вработи 80.000 нови работници во секторот.

Јужнокорејската компанија наведува дека повеќе од половина од таа инвестиција ќе биде наменета за електрични возила, односно за нова истражувачка и развојна инфраструктура, како и производствени линии, пренесе Ројтерс.

Агенцијата забележува дека зголемувањето на инвестициите се случува во време кога другите етаблирани производители на автомобили го намалуваат производството.

Главниот оперативен директор на Hyundai, Хозе Муњоз, на саемот за автомобили во Њујорк најави дека бројот на електрични возила ќе се удвои.

„Многу сме посветени на пазарот на Соединетите Американски Држави“, истакна тој.

Hyundai во ноември објави дека инвестира 11,6 милијарди евра во нови посебни капацитети за производство на електрични возила и батерии во Грузија, што е најголема инвестиција надвор од Јужна Кореја.

Додека јужнокорејската компанија ги зголемува инвестициите во електрични возила, конкурентските производители на автомобили планираат да го намалат производството на ЕВ и да го префрлат капиталот главно на хибридни модели.

Руски воен авион се урна во близина на Крим

Руски воен авион денеска се урна во морето во близина на кримското пристаниште Севастопол, изјави гувернерот на регионот назначен од Русија.

„Пилотот безбедно се катапултирал и бил спасен. Цивилни објекти не се оштетени“, изјави гувернерот на Севастопол, Михаил Развозаев, пренесува Ројтерс.

Претходно руските канали Телеграм објавија дека руски борбен авион Су-35 се урнал во близина на Севастопол.

Не е јасно како дошло до инцидентот.

Таравари на панел дискусијата за интеграција на лицата со попреченост

Претседателот на Алијансата за Албанците и кандидат за претседател од коалицијата ВРЕДИ, Арбен Таравари, заедно со претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, учествуваа на важна панел дискусија .

Претседателот на Алијансата за Албанците и кандидат за претседател од коалицијата ВРЕДИ, Арбен Таравари, заедно со претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, учествуваа на важна панел дискусија за интеграцијата на лицата со попреченост во општеството.

На панел дискусијата се разговараше за потребите и барањата на оваа значајна категорија.

Темата за интеграција на лицата со попреченост во општеството е многу важно прашање за кое е важно да се има широка свест и соработка на општествено и политичко ниво, а учеството на Таравари на овој панел ја покажува неговата посветеност да се справи со проблемите со кои се соочуваат оваа категорија лица и да се промовира поинклузивно и еднакво општество за сите.

Покрај дискусијата за потребите и барањата на лицата со попреченост, важно е оваа дискусија да води кон конкретни акции и политики ориентирани кон нивна поддршка, се наведува во соопштението.

притисни ентер