Филип Петровски ќе се кандидира за претседател на ВМРО ДПМНЕ

Филип Петровски ќе се кандидира за претседател на ВМРО ДПМНЕ на вонредниот конгрес на партијата на 23-ти декември. Одлуката ја соопшти во вечерашната дебата ,, Само вистина,, со историчарот и публицист Стефан Влахов Мицов.
Петровски рече дека се одлучил на овој чекор по опсежна анализа и консултација со семејството, партиското членство меѓу кое и од дијаспората од каде како што рече ужива подршка. Рече дека се соочува со притисоци поради ова од како што рече ,, палатата,, алудирајќи на партиското седиште на ВМРО ДПМНЕ. Рече дека многу сериозно и со огромно внимание од ,,палатата,, биле примени најавите за негова кандидатура. Апелира ни под разно, како што рече, никој да не се обраќа кон делегатите како да гласаат ние сме демократска партија, и секој има свое лично право да гласа по лично убедување. Во спротивно рече Петровски  можеме да се исправиме пред конгрес кој ќе  разедини, по што ВМРО ДПМНЕ нема да може да се извлече од кризата која е и од идеолошка природа и ќе се соочи со поголем губиток од губитокот на последните локални избори.

Историчарот и публицист Стефан Влахов Мицов посочи дека не очекува претстојниот конгрес да биде демократски и дека кандидатот за претседател па и победник би бил некој многу близок до Груевски, по што предвидува разединување на партијата.

Последните протести  поврзани со приведувањата за 27-ми април Влахов Мицов ги нарече циркузантски бидејќи намерно не биле добро осмислени и организирани. Петровски смета дека поради тоа што Никола Груевски побарал одговорност за тие што влегле во собрание , му се вратило потоа тоа на изборите. Петровски вели имал дојава дека било планирано и тој да биде уапсен за 27-ми април за кога како што вели, имало обид за асиметричен државен удар. 

Заврши кампањата, од полноќ изборен молк

Заврши кампњата пред првиот круг од претседтаелските избори, а од полноќ почнува изборниот молк пред гласањето во недела..

Последниот митинг Гордана Сиљановска Давкова  го одржа во Штип, а Стево Пендаровски во Охрид.. И на последните митинзи во фокусот на кандидатите беше Преспанскиот договор и Евроатланските интеграции.

На вечерашните митинзи своите последни пораки пред гласањето ги упатија и  партиските лидери Зоран Заев и Христијан Мицкоски.

Вучиќ: Се може, ултиматуми и насилство не

Пред околу 100.000 луѓе, попладнево во Белград се одржа завршниот митинг од кампањата „Иднината на Србија“, што го организираше српскиот претседател Александар Вучиќ.

Порача дека е подготвен на дијалог со опозицијата, но нема да прифати ултиматуми.

Српската опозиција со протестите „1 од 5 милиони“ од јануари бара оставка од Вучиќ, а на минатонеделниот протест биле собрани околу 30.000 граѓани кои бараат слободни медиуми, дијалог и слободни избори.

На школски едреник на црногорската морнарица, најдени 50 килограми кокаин

На бродот , за кој Хрватска вели дека е нивен и останал во Црна Гора по ремонтот во 1990 , денеска се најдени 50  килограми кокаин.

На школскиот едреник ,,Јадран” , со кој плови црногорската морнарица , полицијата најде кокаин. Според оперативните сознанија , полицијата открила дека криминална група има намера да се вози со овој брод.

По извршениот претрес на бродот биле најдени над 50 килограми кокаин. Како можен виновник е еден од подофицерите на бродот , дел од екипажот, кој според црногорските медиуми, ќе биде уапсен.

притисни ентер