Анима Мунди : Кучето е расно и имало сопственик

Кучето кое нападна дваесетина луѓе , меѓу кои и деца во Аеродром е заловено , соопштуваат од Град Скопје .
Од здружението Анима Мунди тврдат дека кучето е расно и има или имало сопственик . Апелираат да се почитува законот и обврската за регистрирање и чипирање на сите кучиња за да не дојде до слични инциденти како синоќешниот . Со Радица Пешевска од Анима Мунди разговараше Игор Стефановски . 

Излезноста во повеќето земји на ЕУ сепак е поголема од пред пет години

Според податоците што на социјалните мрежи ги објави организацијата  Europe Elects во поголемиот борј европски држави излезноста е поголема отколку на изборите во 2014.

За 14 држави за кои се објавени податоците, само три држави има помала излезнот отколку пред пет години , како што е Италија со незначително помал број , како и во Португалија и Бугарија.

Во Шпанија , пак до 12 часот излезноста е за 10,15 проценти поголема отколку пред пет години. Зголемена е излезноста во Унгарија (9,01%) , Романија (7,22%) и во ПОлска каде до 12 часот гласале 7,08% повеќе отколку во 2014.

Расте излезноста во Данска , Франција , Естонија и во Хрватска.

СДСМ: Мицкоски да одговори кога ќе понесе одговорност за поразот на изборите и за неуспехот да ја спречи интеграцијата на државата

Нашата земја влегува во НАТО и чекори кон ЕУ, на огромна жал и неуспех на антизападниот Христијан Мицкоски ,се наведува во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо да станува промотор на мерките на СДСМ, Мицкоски треба да излезе пред јавноста и да одговори на следните прашања:

Кога ќе понесе одговорност за личниот неуспех и за неуспехот на неговата агенда поддржана од Будимпешта, да го спречи зачленувањето на земјата во НАТО?

Кога ќе понесе одговорност за тоа што Никола Груевски се уште му е ментор и водич во политиката?

Кога ќе понесе одговорност за тоа што неговите пратеници обвинети за криминал се уште не поднеле оставки?

Конечно, кога ќе понесе одговорност за поразот за претседателските избори и на локалните избори во Охрид и Ново Село?

Огромна е разликата помеѓу одговорното работење на СДСМ и одлуката да се влезе во промени за подобрување на служењето на граѓаните и безидејноста и неодговорноста на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кои се уште се длабоко загазени во нивното криминално и режимско однесување. Затоа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ги загубија и претседателските и локалните избори и затоа не успеаја да го спречат напредокот и реформите што носат добро за сите граѓани.

Канал 5 во Софија: Бугарија гласа за 17 пратеници во Европскиот Парламент

Канал 5 одблизу го следи гласањето во најблиската европска метропола, Софија.

Таму е Александар Видиновски  со информациите за одзивот, дали Бугарите се заинтересирани за изборите.

притисни ентер